Светиот Никола ја одбива просфората на жената која живеела во грев
Еден ден во Црквата на Пророк Елисеј дојде една несреќна девојка и со солзи исповедаше дека девет години живеела со некој, кој секогаш го одложувал законскиот брак. Тој и кажа дека многу ќе се моли за овој случај. „Но потруди се по секоја цена да го донесеш во црква за да се сретнам со него“,и рече. Кога оваа жена си отиде дома, таа го наговори нејзиниот „сопруг“, правдајќи се со него, и конечно успеа да го донесе во црква. Само што го виде отецот (кој имаше достоинствен изглед), веднаш, како да беа тргнати настрана невидливите препреки на демонот, трогнат од грижа на совеста, тој му рече на отецот, „Јас сакам да се венчам“. По десет денови беше венчавката, а после тоа тие уживаа огромна духовна радост затоа што нивната совест беше смирена. Над нивниот кревет ја закачија сликата од отецот. Како што самите тие обично раскажуваа, поради нивниот поранешен грев тој им дал правило да јадат само сухојадение[1] во средите и петоците, и во текот на постите, и да даваат милостина колку што можат повеќе. Сите овие работи тие ги извршуваа со огромна радост, и го нарекуваа „нашиот отец“. Редовно го канеа него и неговото братство во нивниот дом на вечера.
При оваа прилика ќе го напишеме и следниов настан. Имаше денови кога црквата беше полна со пријатели и непознати. Во еден од тие денови, таму се појави една непозната жена за да му даде просфора. Ја погледна многу внимателно и и рече, „Јас не можам да ја земам“.
„Зошто?“ го праша жената.
„Затоа што живееш во грев!“
Тогаш жената ја сфати тежината на нејзиниот грев. Таа му ја понуди просфората без ниту најмал самопрекор. Жената почна да плаче.
„Што можам да сторам за тебе? И јас, исто така, плачам со тебе, но не можам да ја земам“.
Една личност којашто ја познавав исто така живееше во грев. И таа имаше чуено за она што се случи со отецот, го зеде нејзиниот пријател и отидоа во црква. Кога дојдоа за да му целиваат рака, тој му ја пружи раката на нејзиниот придружник, но не и нејзе, туку си ја повлече назад, на еден многу очигледен начин. Таа со солзи дојде кај мене и ми го раскажа ова: таа живеела во грев многу тајно и никој не знаел за ова. Наспроти ова, отецот ги осуди; тој ги укори без многу зборови, туку само со благодатта на Светиот Дух, којашто тој ја имаше во изобилие.
Извор:
https://crkvaveles.wordpress.com/2012/07/06/popravanje-na-greshnite-planas/