☦️Св Ефрем Сирин
„О, колку си голем, дену на постот!
Блажен е оној кој те живее како што треба. Секој, кој ти се потчинува тебе, на крилја се вознесува на небото.
Но кој, постејќи, го мрази братот свој, таквиот пред Бога е ист, како и оној кој се предава на прејадување; затоа што е исполнет со измама и омраза и ја изгубил љубовта на нашиот Господ.
Кој пости и се гневи, и крие во срцето свое непријателство, тој го мрази Бога, и далеку е спасението од него.
О, колку си прекрасна ти, молитво!
Блажен е оној кој со ревност расне во молитвата; кон него, само ако таквиот е чист од секаква измама, нема да се приближи лукавиот.
Но, обрни внимание на тоа што им кажал Спасителот наш на чистото стадо Свои ученици, кога ги учел да се молат:
Оче наш, Кој си на небесата; Тој нè учел да се молиме: прости ни ги долговите наши, како и ние што им ги простуваме на нашите должници (Мт. 6, 9, 12).
И така, гледај – Господ не му простува на оној, кој не му простува на својот брат.
Гледај колку е прекрасна молитвата, која учениците Христови ја научиле од вистинскиот Пастир за борба со лукавиот.
Така, кој има во срцето лажливост, омраза и осудување, тој најпрвин нека ја очисти душата своја, и после нека дојде, и нека пости и се моли.
Кој непријателски е расположен кон братот, го мрази и се вознесува над него, тој најпрвин нека се помири со братот и да му прости – и тогаш веќе може да се приближува кон Господа.
Кој сака да се застане пред Бога, тој најпрвин треба да му го прости долгот на братот;
само таквиот пост и молитва се угодни на Бога.
Што ќе ни принесат сите молитви, ако не им простиме на нашите должници?
Човеку, ти си син на прав!
Избор од фб профилот на: Миле Вучков