
Мора да ја ползуваме, колку што можеме духовната арена со сите можности и предуслови што ни ги дава за уште повеќе да Му се приближиме на Христа Распнатиот, да ја добиеме Неговата помош и духовно преобразени, да се радуваме на Неговото свето Воскресение, бидејќи подуховно ќе го проживееме Великиот пост.Ви посакувам на сите добри сили за време на Великиот пост за да се искачите на Голгота и да Му се доближите на


Потребно е ние секогаш да мислиме добро и да не се соблазнуваме лесно со недостатоците на другите луѓе, туку да гледаме на постапките на другите со снисходливост и љубов. Кога се умножуваат добрите помисли, тогаш душата на човекот се очистува и тој се однесува со почит и се смирува. Животот на таквиот човек станува рај. Во спротивен случај, човекот во сè се сомнева и неговиот живот се претвора во адско мачење. Тој самиот својот живот си го прави ад.
Колку само се лажат оние кои бараат среќа надвор од себе – во туѓи земји и патувања, во богатство и слава, во големи владеења и насладувања, во задоволства и празни работи, на кои горчлив им е крајот! Да се изнесува градината на среќата надвор од нашето срце- тоа е исто како да градиш дом на место кое постојано го тресат земјотреси. Среќата се наоѓа во нас самите, и блажен е оној кој го разбрал тоа... Среќа – тоа е чисто срце,
Крштението е благодат на повторното раѓање на човекот со негово учество во смртта и Воскресението на Господа, тајна на создавањето на новото битие во Христа. Миропомазанието е благодат на полнотата на животот во Христа со печатот на Духот Свет, тајна на дејствувањето и активноста на битието во Христа. Тоа е дар на восовршување и светост, кој му се дава на оној што се крштева во Светиот Дух и во богатството на даровите на Светиот Дух:
Ако те снајде некоја неволја, тогаш размислувај: “Господ го гледа моето срце, и ако Му е угодно, тогаш ќе ми биде добро и мене, и на другите.”
Внатрешната чистота на душата на вистинскиот човек ја разубавува и телесната, и неговиот изглед е блажен од Божествената сладост на љубовта Божја. Покрај тоа што духовно разубавува, внатрешната убавина на душата и надворешно го осветува човекот, Божествената благодат го издава.
Кога патувам патувај со мене, кога странствувам придружувај ме, кога спијам закрилувај ме, кога сум болен исцели ме. А кога мојата душа ќе излегува од телото, Ти дојди при мене, милостива Владичице, стивни го моето страдање, олесни ги моите маки. Со Твоја помош Богоневесто дај ми да се избавам од вечниот пламен да се насладувам со рајската утеха во Света Троица и да го добијам Царството небесно.
Нам ни е многу важно за правилно поимање појаснувањето на прашањето - во каква мера може свети Григориј Палама да биде разгледуван како традиционален црковен богослов, во кои теченија на аскетската и богословска мисла на Православната Црква тој припаѓа и што ново е внесено со него во ризницата на црковното богословење. За жал, во ова прашање полемичкиот или, напротив, апологетскиот пристап кон предметот силно
Свети Григориј Палама на кого му должиме за појавата на молитвата „Господи, Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот’’, или поточно нејзино непрестајно повторување (до 12 илјади пати на ден), е роден во 1296 година во Константинопол во семејство на сенатор. Се здоби со брилијантно класично образование, студираше граматика, реторика, физика и логика. Особено го љубеше грчкиот филозоф Аристотел. На 17 години младиот го восхити византискиот двор, 
АВА Антониј рекол: „Ги видов сите замки на ѓаволот распрострени по целата земја, па воздивнав и реков: 'Кој може да ги избегне?' И слушнав глас, кој ми рече: 'Смирението'."
Значи, да не постиш само со стомакот, туку и со очите и слухот, и рацете и нозете, и сите делови на телото.
Благиот Бог ни дарува просветување со познание. А ние, пак, го отфрламе од ден во ден. Да ја бевме исполниле волјата Божја, ќе бевме блажени во моментот на наградувањето заедно со сите оние кои ја твореле Неговата волја. Меѓутоа бидејќи не ја исполнувавме, таму нема да имаме никакво оправдување. Ние имено, сите грешиме свесно. Сите ние ги чувствуваме Божјата промисла и даровите со кои нѐ обдарил благиот Бог. Неговата благодат во секое време ги посетува нашите срца.
уѓето што постапуваат телесно апостолот ги нарекол душевни, а оние што постапуваат противприродно ги нарекол телесни. Духовни се оние што и самата природа ја преобразуваат во дух. Бог ги знае и природата и силите на секого од нас. Он го сее Своето слово во нив и бара дела според нивната мерка;
Нека твојата молитва биде сосема едноставна.
Се вели: ако немаш волја, тогаш немој ни да се молиш; тоа е лукаво, телесно мудрување.

“Oпштитe дарoви сe чeтиритe стихии и сè штo бидува oд нив, какo и ситe чудни и страшни дeла Бoжји, излoжeни вo бoжeствeнoтo писмo. А пoсeбнитe сe oниe штo Бoг му ги дал на сeкoј чoвeк пoeдинeчнo: билo бoгатствoтo заради милoсрдиe, билo сирoмаштијата заради трпeниe сo благoдарнoст; билo власта заради правoсудствo и утврдувањe на дoбрoдeтeлитe или пoтчинeтoста и рoбувањeтo заради брзoтo спасeниe на душата; билo здравјeтo заради пoмoш на
























