Мора да ја ползуваме, колку што можеме духовната арена со сите можности и предуслови што ни ги дава за уште повеќе да Му се приближиме на Христа Распнатиот, да ја добиеме Неговата помош и духовно преобразени, да се радуваме на Неговото свето Воскресение, бидејќи подуховно ќе го проживееме Великиот пост.Ви посакувам на сите добри сили за време на Великиот пост за да се искачите на Голгота и да Му се доближите на
Св. Пајсиј Светогорец: На поприштето на Великиот пост
Свети Јован Златоуст: Докажи ми преку своите дела
Значи, да не постиш само со стомакот, туку и со очите и слухот, и рацете и нозете, и сите делови на телото.
Рацете нека постат воздржувајќи се од секоја алчност и кражба.
Нозете нека постат така што нема да одат по патиштата на гревот.
Очите нека постат така што нема страсно да гледаат во убавите лица ниту да гледаат со завист на богатството на другите луѓе.
Свети Ефрем Сирин: Совети за покајание
Благиот Бог ни дарува просветување со познание. А ние, пак, го отфрламе од ден во ден. Да ја бевме исполниле волјата Божја, ќе бевме блажени во моментот на наградувањето заедно со сите оние кои ја твореле Неговата волја. Меѓутоа бидејќи не ја исполнувавме, таму нема да имаме никакво оправдување. Ние имено, сите грешиме свесно. Сите ние ги чувствуваме Божјата промисла и даровите со кои нѐ обдарил благиот Бог. Неговата благодат во секое време ги посетува нашите срца.
Подвижнички поуки од свети Ефрем Сирин -Поуки за покајанието
Луѓето што постапуваат телесно апостолот ги нарекол душевни, а оние што постапуваат противприродно ги нарекол телесни. Духовни се оние што и самата природа ја преобразуваат во дух. Бог ги знае и природата и силите на секого од нас. Он го сее Своето слово во нив и бара дела според нивната мерка;
Свети Јован Лествичник: Молитва
Нека твојата молитва биде сосема едноставна.
Како митарот, така и блудниот син,
се помирија со Бога со само една реченица.
Свети Јован Кронштатски: Без самоприсилување на добро нема да се спасиш
Се вели: ако немаш волја, тогаш немој ни да се молиш; тоа е лукаво, телесно мудрување.
Не само што ќе престанеш да се молиш, туку и целосно ќе се оттргнеш од молитва,
а телото токму тоа го сака .
Царството Небеско на сила се зема, Матеј (21:12).
Исак Сирин: „Смирението и без подвиг повеќето прегрешенија ќе направи да бидат простени
Сите Свети Отци го почитуваат смирението како основа на секоја добродетел. При присуство на смирение во душата лесно се развиваат сите други добродетели. Но кога нема смирение, тогаш добродетелта престанува да биде добродетел, а светоста преминува во прелест; тогаш делата на милосрдието, подвигот на постот, умртвувањето на телото и тн., сето тоа се врши поради суета и сл.
Преподобен Варсонуфиј Оптински: КАКО ДА СЕ БОРИМЕ
Кога ќе ви се нафрлат некакви фантазии, не спротивставувајте ѝм се сами, туку фрлете со камен по нив. А каменот е Христовото Име, Исусовата молитва...Да се истераат помислите не во ваша моќ, туку да не се прифатат: ги изгонува Исусовото Име. Кога понекогаш молитвата не е со внимание, кога е расеана, не треба да се паѓа со духот.
Св. Пeтар Дамаскин: За oпштитe и пoсeбнитe Бoжји дарoви
“Oпштитe дарoви сe чeтиритe стихии и сè штo бидува oд нив, какo и ситe чудни и страшни дeла Бoжји, излoжeни вo бoжeствeнoтo писмo. А пoсeбнитe сe oниe штo Бoг му ги дал на сeкoј чoвeк пoeдинeчнo: билo бoгатствoтo заради милoсрдиe, билo сирoмаштијата заради трпeниe сo благoдарнoст; билo власта заради правoсудствo и утврдувањe на дoбрoдeтeлитe или пoтчинeтoста и рoбувањeтo заради брзoтo спасeниe на душата; билo здравјeтo заради пoмoш на
Свети Серафим Саровски: ЗА ЦЕЛТА НА ЧОВЕЧКИОТ ЖИВОТ НА ЗЕМЈАТА
И покрај болките, несреќите и разнообразните потреби се неделиви од нашиот земен живот, сепак Господ не сака ние да бидеме само во таги и несреќи... Господ Исус Самиот ни дава заповед да се сакаме еден со друг и взаемно утешувајќи се преку таа љубов, да го олесниме несреќниот и тесен пат на нашето патување кон Небесната Татковина". По овој прекрасен благодатен настан Свети Серафим го испратил Мотовилов со мир.
Старец Силуан: Големо богатство е да се научиме на Христовото смирение
Оној што како мене ќе ја изгуби благодатта, треба храбро да се бори против ѓаволот. Знај дека за сè си самиот виновен: падна во гордост и славољубие и Господ милостиво ти дарува да познаеш што значи да бидеш во Духот Свет, а што во борба со демоните. На тој начин душата преку искуство гледа какво зло донесува гордоста. Тогаш таа бега од славољубие и од човечки пофалби и од помисли. Тогаш душата започнува да
Св. Григориј Богослов: За бракот
Ете ги плодовите на бракот! А животот без љубов е нецелосен, суров, безначаен, бездомен и обично скита по пусти места; не спасува од страданија, нема на кого да ја потпре изнемоштената старост, не прави родителите да оживеат во своите деца, не го поткрепува животот со пријатни врски. Неврзаните со брачни врски не наоѓаат утеха ниту во народните собири, ниту на прославите, туку се мрачни и туѓи на светот; иако родени за живот,
Преп. Пајсиј Светогорец: За Божествената промисла
Значи, каде и во какви околности гледаш дека Бог бил Неправеден, немилосрден и суров? Не треба да ги испитуваш Божјите судови, зашто само тие се секогаш правилни и познати Му се само Нему. Додека, пак, ние судиме неправилно и Божјите судови ни се чинат несправедливи. Треба да знаеш, дека многу нешта се случуваат по Божја волја и од причини кои не ни се познати. Ете зошто треба да кажеме: Праведен си Ти, Господи, и праведни се Твоите пресуди (Псал. 118,137).
Свети Григориј Богослов: Поука
" Поитај , додека имаш време ,
и посети Го Христа
во болеста ,
дај Му храна на Христа ,
облечи ја Неговата голотија ,
Свети Максим Исповедник: Поука
" Речиси секој грев
се случува заради нашето
самоугодување ,
а потоа се искоренува со страдање или тага ,
волно или неволно ,
под дејство на покајание
или некоја друга несреќа ,
Преподобeн Серафим Саровски - Поука
Благодатно дело е да се хранат гулабите и другите птици.
Тоа е многу корисно и многу важно - да се хранат гулаби.
Гулабите се молат за умрените луѓе: кога тие колваат леб или зрно - тоа се метании за упокоениот,
доаѓа до очистување на гревовите, затоа, колку повеќе гулаби, толку повеќе метании.
Старец Пајсиј Светогорец: Поука (09.02.2019)
Оние кои ќе им пријдат на страдалниците природно
Му се приближуваат на Бог,
зашто Бог е секогаш
покрај своите чеда
кои страдаат.
Преподобен Дионисиј Олимпски
Заминал на планината Олимп и со голема ревност го продолжил подвигот. Најпрво се населил во една пештера, која е зачувана и денес. Но многуте тешкотии, гонења, клевети го принудиле да го напушти саканиот Олимп и да отиде на југ на планината Пилио, каде што изградил манастир на Света Троица (Сурвија). Подоцна се вратил на Олимп и во 1542 го изградил првиот манастир, исто така во чест на Света Троица, кој и до денес е зачуван.
Свети Макариј и черепот
Ава Макариј раскажувал:
Еднаш минувајќи низ пустината, најдов череп од некој мртовец, фрлен на земјата. Кога го удрив со палмино стапче тој нешто ми проговори. Го запрашав: "Кој си ти?" Черепот ми одговори: "Бев главен жрец на идолите и на паганите што живееја на ова место. А ти си Макариј - духоносецот? Ти, сожалувајќи се над настраданите во маки, кога ќе почнеш да се молиш за нив тие чувствуваат некаква радост!" Го прашав: "Каква е таа радост и какви се тие маки? "
Старец Силуан - Да се молиш за луѓето значи крвта своја да ја проливаш
Еднаш некој јеромонах му кажал на старецот: „Кога така би постапиле само непријателите од тоа ќе имаат полза и злото ќе слави“. Старецот се воздржал од одговор бидејќи неговиот собеседник не можел да ги разбере неговите зборови, но подоцна на друг му кажа: „Зарем Христовиот дух може некому да му посакува зло? Зарем Бог на тоа нè повикува?“