логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Необјавени раскази од животот на старецот Јосиф Исихаст - јеромонах Ефрем


16/02/2020
 
Како што веќе се зборуваше во првиот дел, овие случувања не влегоа, ни на еден јазик, во житието на старец Јосиф Исихаст, составено од старецот Ефрем.

За време на Втората Светска Војна, меѓународната добротворна организација  испрати во Грција тони конзерви, за да им помогне на оние што остана без покрив и храна. Тие резерви не беа предвидени за подвижниците - монаси, кои ги вложија сите свои надежи на Бога и на Пресвета Богородица. Но локалните власти одлучија дека сите манастири на Света Гора, исто така, ќе го добијат својот дел, и така секое братство на Катунакија доби околу 40 килограми конзерви.

Кога старецот Никифор слушна за тоа, тој се восхити и веднаш го испрати својот ученик (идниот старец Ефрем Катунакиски) да ја прими пратката, која беше за нив. Отец Ефрем замина по неа, но, кога ја зеде в раце, веднаш почувтвува дека го напуштија силите негови – не физичките, туку духовните. Тој почувствува во душата опустошеност од духовното богатство кое го имаше собрано.

Подоцна тој му раскажувал на старецот Јосиф:

          Само што ја кренав пратката, јас почувствував опустошеност. И сега се чувствувам како биомаса од тело и крв, но без душа, буквално како некаков ѕвер.


  • Старецот му одговорил:

    Дете мое, зарем ти не знаеш дека јас не отидов за таа пратка? Јас слушнав за тоа, но не испратив никој од моите ученици. Јас сакам да се хранам од своите трудови, со пот на лицето резбајќи дрвени крстови, а не надевајќи се на храна која не сум ја заработил. Зарем не разбираш дека таа милостиња беше одредена за страдалните, кои во војната останаа без покрив? Бог те лиши од Својата благодат, затоа што ја зеде таа милостина, не барајќи претходно од Него вразумување во молитва – дали да ја земеш или не.
  • Но јас сум во послушание! – рече отец Ефрем.

  • Се согласувам, - одговори старецот Јосиф, - јас не те осудувам. Немаше избор. Твојот старец не се придржува на такви строги правила. Сепак Господ промислувачки ти даде да почувствуваш намалување на благодатта, за подоцна да можеш да им објаснеш на своите духовни чеда дека таквите дела се погрешни. Бог секогаш е Еден и Ист. Тој не ги менува Своите закони во однос на околностите. Човечките закони зависат од епохата, а Божјите се непоколебливи и вечни. Во Светото Писмо е кажано: „Бог и вчера, и денес, и во вечни векови Е ист“ (сп.: Евр. 13, 8).
    ***


Во таа војна се случи уште нешто слично. Грчка подморница удри германски брод, товарен со болнички кревети и други медицински предмети, и тој толку многу пострада што командата беше приморана да го напушти. Сепак, бродот остана да плови, а брановите го донесоа скоро до Света Гора. Кога отците од скитот на Света Ана го видоа бродот со црвени крстови, многу се израдуваат, знаејќи дека на него има многу корисни залихи. Им раскажаа за тоа на сите отци од скитот, за оние што сакаат да се упатат кон бродот на кајчиња со веслање и да земат што им е потребно.

На старец Јосиф, кој тогаш живееше недалеку од скитот на Света Ана, исто така му беше пренесено, но тој не испрати никој од своите по тие залихи. А останатите отци од скитот заминаа кон бродот и собраа полни кајчиња чисти постелнини, душеци, лекарства, разновидни хирушки инструменти и друго.

Таа ноќ старецот Јосиф имаше страшно видение. Тој виде Ангел Господов, кој одеше по скитот од ќелија до ќелија, а во неговите раце имаше список со наслов: „ОНИЕ КОИ ГО ОГРАБИЈА БРОДОТ“. Ангелот во него ги запишуваше имињата на монасите, кои нешто зеле од бродот. Кога тој дојде до ќелијата на старецот Јосиф, тој го праша со заканувачки глас, но со лесна насмевка:

          Ти исто така зеде залихи од бродот?
          Не – не, мој драг Ангелу! – извика старецот Јосиф.


  • Ангелот љубезно му се насмевнал, знаејќи од почеток дека старецот ништо не зел. На старецот Јосиф му стана јасно дека сите внесени во списокот еднаш ќе треба да дадат одговор пред Бога за тоа.

    Некој ќе каже дека отците ништо од никого не украдоа, но треба да се знае дека монасите се повикани да се стремат кон совршенство, затоа тие се присилуваат да немаат ништо што не го заслужиле. Тоа не значи дека не може да примаат милостиња. Самиот старец Јосиф се согласуваше да прими милостиња, кога не стануваше збор да се земе нешто без дозвола. Во време на нацистичката окупација на Грција, германците решиле да им помогнат на гладните монаси од Света Гора и испратиле кај нив брод, натоварен со пченица. Во тој случај старецот реши да го прими својот дел од пченицата, која им беше многу потребна.

    ***

    Отец Атанасиј (Кампанаос), кога не бил убеден дали да остане со старецот Јосиф, го прашал:

              Дали е волја Божја за мене, да останам овде со вас?
    Старецот му одговорил:

              Ти сакаш да ја знаеш волјата Божја или волјата на Божјиот човек?

  • Отец Атанасиј, опитен во духовните работи, одговорил:

           Сакам да ја знам волјата на човекот Божји.

  • Тој сфатил дека, да се дознае волјата Божја и да не се исполни е духовно опасно. А ако не ја исполни волјата на човекот Божји, неговата духовна одговорност не е толку голема. На отец Атансиј му беше познато колку силно ќе биде напаѓан од ѓаволот, за да го присили да се откаже од волјата Божја, ако ја сознае неа.

 

  • И тогаш старецот Јосиф му рекол:

    Ако веќе сакаш да ја дознаеш волјата на човекот Божји, мој совет за тебе е да се вратиш во својот манастир, затоа што ти си навикнат на помал аскетски начин на живот и овде ти нема да можеш да исполнуваш сѐ. Освен тоа во својот манастир ти ќе можеш да ги применуваш своите медицински знаења во полза на браќата, и доволно е за тебе.

 


  • Еднаш старец Јосиф му се открил на отецот Ефрем Катунакиски:

    Во тоа време кога тој ме прашуваше за волјата Божја, јас имав таква слобода во молитвата што можев да Го прашам Бог за кое било дело и Он ми ја откриваше Својата волја.
    ***

    Еднаш, кога старец Јосиф живееше во Мала Света Ана, отец Ефрем Катунакиски забележал дека тие користат многу вода за да измијат нешто малку важно. Обраќајќи се кај старецот, му рекол:

    Гледајте, старче, да не остане без вода вашата цистерна, зашто дожд нема веќе неколку месеци.
    Кога го слушна тоа старецот Јосиф многу се огорчи и, со израз на длабока разочараност погледна на отец Ефрем Катунакиски, одговарајќи му:

    Јас никогаш дури не ни гледам дали таму има вода или не, - одговорил старецот. – Го оставам тоа на грижата на Чесниот Претеча.

 3.angeli.so.truba

  • Старецот бил незадоволен од таквиот рационален пристап, покажувајќи недостаток на вера во тоа дека Претечата се грижи за нив. Ете каква вера имаше старецот!



    Јеромонах Ефрем,
    скитот на преподобниот Нил Сорски, Алјаска

     

    превод сестринството на манастирот

Извор:

https://www.manastirslepche.mk/novost/neobjaveni-raskazi-od-zivotot-na-starecot-josif-isikast-jeromonah-efrem/

 

Друго:

 

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3227
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7719
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная