Малкумина ја знаат тајната на послушанието. Оној што е послушен голем е пред Бога. Тој Го подражава Христа, Кој во Себеси ни го даде образот на послушанието. Послушната душа ја љуби Господ. И' го дава Својот мир. Тогаш сè е добро и таа чувствува љубов спрема сите. Оној што е послушен, сета своја надеж ја полага на Бога, и затоа неговата душа секогаш е во Бога и Господ му ја дава Својата благодат.
Таа благодат ја учи душата на секое добро и ѝ дава сила да пребива во него. Послушниот го гледа злото, но тоа не се допира до неговата душа, бидејќи со него е благодатта на Светиот Дух којашто го чува од секаков грев и тој е мирен и лесно Му се моли на Бога. Душата на послушниот ја љуби Светиот Дух и затоа тој многу брзо ќе Го познае Господа и ќе го добие дарот на срдечната молитва. (старец Силуан Атонски)
Преминпортал (к.т.)