Старец Пајсиј:
„Во Црквата не треба да создаваме проблеми, ниту да ги преувеличуваме малите човечки престапи што се случуваат, за да не создадеме поголемо зло, па лукавиот да се радува.
Оној што заради незначителен престап, многу се потресува и гневно и грубо се однесува, наводно за да поправи нешто, личи на лесноумен клисар, кој гледајќи како капе една свеќа, грубо и со залет се стрчува за да ја исправи, а патем ги турка луѓето и ги урива шанданите создавајќи голем неред за време на богослужбата.
За жал, во наше време имаме многу такви што ја потресуваат Мајката Црква. Оние што се образувани се фатија за догмата со својот ум, а не за Духот на Светите Отци.Неуките пак, се фатија за догмата, но со заби, и затоа кога разговараат за црковните теми крцкаат со забите, така што прават поголема штета, отколку непријателите на Православието.
Оние пак, што ја оправдуваат својата злоба со божемно поправање на другите, а не на самите себеси, или со тоа што на светот му ги објавуваат црковните состојби, и нешта што не е во ред да ги обзнануваат, барајќи оправдување во она “Кажи и' на Црквата“ (Мт. 17,18) најпрво нека си ја уредат својата мала Црква - своето семејство или братство. Тогаш нека ја срамотат и Мајката Црква. Добрите деца никогаш не ја обвинуваат својата мајка.За жал, многумина од оние што се плиткоумни им даваат неисрпен воен материјал на еретиците, така што цели православни градови и села ги заземаат јеховините сведоци и го шират своето мисионерско дело. “ - Старец Пајсиј
Избор од фб на