Свети Јован Кронштатски: Се е на Бога, ништо не е наше

Бог точно знае Што тие потребно, Кога ти е потребно,Кој тие потребен. Тој ги знае битките кои стојат пред тебе,соновите кои ке ги достигнеш. Од таа причина неможеме да молиме да се од нас одстрани секоја непријатна животна ситуација во која сме.


“Ние Ја молиме Себлагата и Пренепорочна Мајка Божја, а Таа се моли за нас. Ние ја прославуваме Неа - Повозвишена од секоја слава, а Таа за нас самите подготвува вечна слава.
Кај подножјето на крстот обновете ја вашата вера во чудесниот и пречудесниот домострој на нашето спасение, оживејте ја надежта во вашето сопствено спасение, со силата на домостројот кој сте го примиле и кој се одвива преку она што од вас се бара; утврдете се во одлуката да одите во ...

Тоа е оној кој успеал да ја пронајде горчината сокриена во сладоста на светот и кој ја затворил својата уста за да не пие од таа чаша. Тоа е оној кој секогаш се занимава со спасението на својата душа и не го напушта тој пат сѐ додека не се ослободи од овој свет.Тоа е оној кој ја затвора вратата на своите сетила..
Кога човек ја има Љубовта – Христос, дури и да е нем, ќе најде заеднички јазик со милијарди различни луѓе, од секоја возраст, макар и секоја од нив да си има свој засебен јазик на комуницирање. Стави еден до друг двајца луѓе кои не се сакаат и кажи им да седат молчејќи, и стави и други двајца кои имаат меѓусебна љубов и кажи им да седат и молчат. Како ќе се чувствуваат едните, а како другите? И првите молчат и вторите исто така.

Има ли подобро осигурување од надежта во Бога? Кога човек се надева во Бога постојано добива најдобро гориво и неговото духовно возило никогаш не застанува, постојано се движи. Биди внимателен колку што можеш, моли се и надевај се во Бога, и Он ќе ви помогне во секоја прилика. Поедностави го својот живот со целосна надеж во Бога, и ќе се ослободиш од теснотијата и несигурноста.
Секое духовно делување, бидејќи дар Божји во нас, неизоставно бара наше самоприсилување: зашто присилата е дејствително пројавување и сведоштво на нашата добра волја. Присилата е особено нужна тогаш кога поради паднатата природа или поради злото делување на бесовите, во нас се пројавува некаков гревовен стремеж или немир.
И кога таа љубов постои во душата, тогаш таа на сè се радува. А кога љубовта се губи, тогаш човекот не наоѓа спокој, и се возмутува, и ги обвинува другите за тоа што тие, божем, го навредиле, и не разбира дека самиот е виновен. Тој ја загуби љубовта спрема Бога и го осуди или го намрази братот. Благодатта доаѓа од љубовта спрема братот, и со љубовта спрема братот се чува. Но, ако не го љубиме братот, тогаш благодатта Божја нема да дојде во душата.
Бог вели: Ти понудив оган и вода, живот и смрт, пружи ја твојата рака на тоа што сакаш (Кн. Мудрост Сир. 15:16-17). Демонот вели дека пружањето на рацете не е во твоја власт, туку дека зависи од некоја потреба и сила. Тебе ти се чини дека тоа што тој го кажува заслужува повеќе доверба, но не размислуваш за растојанието кое ги дели советниците, за тоа дека еден е Бог, а другиот е демон.
Освен кај кружната умна молитва, кај сите други молитви постои можност да се престорат во прелест (со текот на времето). Тогаш ќе ја загубиш едноставноста и ќе почнеш да мислиш дека си многу значаен и незаменлив. При умната молитва, пак, не предизвикува несигурност, ниту е придружена од прелест, бидејќи внатре во срцето, нерасеано Го повикуваш Името Христово чистејќи нè од темнината и водејќи нè кон светлината.
Потребно е ние секогаш да мислиме добро и да не се соблазнуваме лесно со недостатоците на другите луѓе, туку да гледаме на постапките на другите со снисходливост и љубов. Кога се умножуваат добрите помисли, тогаш душата на човекот се очистува и тој се однесува со почит и се смирува. Животот на таквиот човек станува рај. Во спротивен случај, човекот во сè се сомнева и неговиот живот се претвора во адско мачење. Тој самиот својот живот си го прави ад.
Колку само се лажат оние кои бараат среќа надвор од себе – во туѓи земји и патувања, во богатство и слава, во големи владеења и насладувања, во задоволства и празни работи, на кои горчлив им е крајот! Да се изнесува градината на среќата надвор од нашето срце- тоа е исто како да градиш дом на место кое постојано го тресат земјотреси. Среќата се наоѓа во нас самите, и блажен е оној кој го разбрал тоа... Среќа – тоа е чисто срце,
Крштението е благодат на повторното раѓање на човекот со негово учество во смртта и Воскресението на Господа, тајна на создавањето на новото битие во Христа. Миропомазанието е благодат на полнотата на животот во Христа со печатот на Духот Свет, тајна на дејствувањето и активноста на битието во Христа. Тоа е дар на восовршување и светост, кој му се дава на оној што се крштева во Светиот Дух и во богатството на даровите на Светиот Дух:
Ако те снајде некоја неволја, тогаш размислувај: “Господ го гледа моето срце, и ако Му е угодно, тогаш ќе ми биде добро и мене, и на другите.”
























