логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 makarij.optinski].jpgКако таква, не треба да се плашиме од смртта, туку од смртта која настанува без покајание

Слушам дека си вознемирена на прашањето дали смртта се приближува? Сфаќам дека ја отфрлуваш  малодушноста и потполно се предаваш на Божјата волја. Знаеш дека на секого од нас му е назначена смртта од Бога – кој кога треба да умре. Ние не умираме ни пред ни потоа од она што е предвидено за нас. Но, на никого не му е познато кога ќе се случи тој премин од еден во друг живот.
И ние, како и нашата мајка Црква, треба да молиме од Господа „останатото време од нашиот живот да го поминеме во мир и покајание, крајот на нашиот живот биде христијански, безболен, непосрамен, мирен и да дадеме добар одговор на страшниот Христов суд“. Додека за продолжетокот на овдешниот живот не е наше да утврдуваме. Колку и од нас да се живи, сите треба да одиме во домот на нашето вечно живеалиште, затоа што овде сме само гости, а не домаќини; нашата вистинска земја е таму. Тогаш, што може нас да нѐ прелаже во овој живот? По цел свет гледаме неред, буна и Бог знае што нѐ очекува. Блажен е оној кој со покајание и со надеж во идниот живот заминува од овој свет.
Пишуваш дека чувствуваш страв при помислата на смртта. Стравот од смртта е природен, но не смееме да паничиме, туку треба да се охрабруваме со вера и надеж во добрината Божја и во заслугите на Спасителот наш Господ Исус Христос. Познато е дека секој од нас треба да умре, но кога, познато му е само на Единиот Бог. Он го утврдува тоа – кога и кој да умре. Ако некој умре, колку и години да има, во младоста, староста или во средовечноста, така му било утврдено. Затоа треба да биде спокоен, треба само да ја смирува својата совест со надеж и покајание. Колку и да живееш, сеедно е, треба да умреш. Ако некој умре во младоста, се претпоставува дека на Бога така Му било угодно: злобата да не го измени неговиот ум, или пак, нож да не ја превари душата негова (Прем. 4, 11-12), вели Светото Писмо.

• За оние коишто веруваат, смртта не е вечно раздвојување,

туку привремено заминување Судовите Божји не можеме да ги искажеме. На секого му е поставена граница која не можеме да ја преминеме, додека вечноста нема крај... За нас, верните христијани, смртта не е вечно разделување, туку привремено заминување. Туку, живееме ли – за Господа живееме, умираме ли – за Господа умираме; според тоа – живееме ли, умираме ли –  осподови сме (Рим. 14, 8) – вели апостолот, а пред Бога сите сме живи, затоа што душата е бесмртна и вечна. Ваквото расудување нека ви пружи вам утеха во жалостите поради смртта на вашата мајка. Вие и сега се наоѓате во молитвено општење со неа кога го исполнувате вашиот долг – принесувате молитви за упокојување на нејзината душа и на богослужбите правите помен и доброчинство кон оние кои имаат потреба. Нејзината душа има голема полза од сето тоа, а вие наоѓате утеха.

• Смртта е преселување од овој свет во вечноста

Немој да си ја претставуаш себеси смртта од лошата страна, туку верувај дека таа служи како преселување од времениот кон вечниот живот, а времето Господ го држи во своја власт. Ти се плашиш од смртта, но, кој од нас е бесмртен? Смртта не е уништување на нашето битие, туку премин од сегашниот, краткотраен и лош, кон подобар живот. Господ вели: кој верува во Мене и да умре ќе живее (Јн. 11, 25), зашто Он не е Бог на мртвите, туку Бог на живите; зашто во Него сите се живи (Лк. 20, 38).

• На сеќавањето за смртта туѓ му е малодушниот страв

Навистина тажно е да читам за твоите постојани болести... Со тоа, си станала така малодушна и се плашиш од смртта. Милостив е Господ, ќе поживееш ти со нас, не плаши се. Вистинското сеќавање за смртта е туѓо за таквиот малодушен страв каков што гледам кај тебе, напротив тоа потсетува на мудрост и добар живот.
Од срце жалам што и понатаму си болна, а уште повеќе што си малодушна – што се плашиш од смртта. Дај Боже, уште многу години да бидеш здрава, но ако биде Неговата волја некој од нас да повика од овој кон идниот живот, само нека ни подари христијански крај, непосрамен, мирен, со причестување на Пречистите Тајни Христови. Како може да се спореди овдешниот живот со оној вечниот, блажен, којшто нема крај? Отпуштајќи го одовде блаженото упокоение на таткото и мајката, кај нас се во умиление помешани со тага и радост поради надежта во идниот живот. Расудувајќи така, ќе бидете спокојни и во иднина нема да паѓате со духот. Кога ќе се појави помислата дека сме грешни – треба да ја положиме надежта на милостивиот наш Искупител, Господ Исус Христос, Кој пострада и ја проли Својата пречесна крв за грешниците и Застапник е пред Отецот Небесн, полн со љубов, кој не ја сака смртта на грешникот, туку го очекува неговото обраќање.

• Оние кои умреле млади избегнале многу неволји – таква е волјата Божја

Твоето дете Господ го зема крај Себе... затоа што Негова волја било да ја пресели во вечното блаженство во татква невина возраст. Ние не знаеме, а на Бога е познато она што уште не сме го направиле. Он знае каква ќе била таа кога ќе пораснела – или несреќна или било што друго. Затоа ја зел крај Себе. Затоа твојата молитва не била примена и исполнета, затоа што на премудрата Промисла Божја нејзе ѝ било заповедано сега да оди одовде. Зборовите од Светото Писмо кои ги наведе: колку повеќе вашиот Отец небесен ќе им даде добра на оние што Му бараат? (Мат. 7,11), воопшто не се однесуваат на тебе. „Даде добра“ (блага) - па зарем ти бараше добра (блага)? Бараше живот за ќерката, но дали можеше да знаеш, дали можеше да ти послужи тој на крајот за утеха или ќе ти донесеше мака? А на Бога, сето тоа е познато и Он, конечно ти даде „добра“, така што твојата ќерка ја прими во вечното блаженство. Верувај несомнено во тоа и благодари Му на Господ Кој сѐ прави за твоја корист.
Жалоста која ве посети вам со преставувањето на вашта сакана ќерка, примете ја како пратена порака од рацете на Божји. Таа не само што изгуби нешто поради нејзиното упокојување во младите години, туку и избегна многу изопачености и неволји од овој свет. И сето тоа е дел на промислата Божја. Нему Му е познато сѐ она што би можело нам да ни се случи, а ние не знаеме и ништо не разбираме, и се ожалостуваме не сфаќајќи ја Божјата промисла за нас. Молете се на Бога за упокојувањето на нејзината душа. Вам ќе ви биде тоа за утеха а нејзе угодно/за спасение...
За родителите и ближните тешко е да се лишат од својата надеж и утеха, и тоа во најубавите години, Бог подобро го предвидува тоа, злобата да не го измени неговиот разум и подмолноста – да не ја заведе неговата душа. (Мудр. 4, 11), со тоа, му било угодно недопрен и неповреден да го пресели во вечноста, заради наследување на
вечните и вистински добра.
Од твоето писмо гледам дека си паднала со духот и затоа тагуваш, смртта (на синот) тешко го погодила твоето срце. Мене ми е многу жал поради ова, со тоа што ти си добар христијанин, кој верува во Бога и Неговата сепремудра Промисла, но твојата вера
во овој случај подзастанува и затоа подложен си на униние. Како да не веруваме во Неговата благост, кога на секој чекор ја гледаме Ноговата татковска Промисла? Кој повеќе го сака твојот син, ти или Он? Ние цврсто веруваме, во што ниту ти не се сомневаш, дека Он го има примено во вечното блаженство, а дека е останат жив. Кој
знае на какви искушенија, соблазни и гревови ќе беше подложен како и на безбожност. И дали ти ќе можеше да го избавиш од сето тоа? Особено не ќе имаше ниту сила ниту разум да го припремиш за Царството Небесно.

• Тешко грешат оние кои се предаваат на силна жалост поради умрените

Апостолот Павле во Посланието до Солунјаните вели: Браќа, не сакам да не знаете за умрените, за да не жалите како и другите, што немаат надеж (1.Сол. 4,13). Погледнете кому му е својствено да жалости? Оние кои немаат вера и надеж во идниот живот, тие засекогаш се раздвојуваат од своите ближни, ним не им свети светлината на надежта од оддалечената вечност. Но, ние кои веруваме, имаме надеж: оваа смрт е само премин кон вечниот живот, од неволја и болести - кон спокој. Зошто да се препуштате на таква жалост која го јаде вашето срце и ви ги уништува плодовите на верата и надежта?
Колку и да трае овдешниот живот – тоа не е ништо во споредба со идниот, којшто нема крај. Затоа таа (ќерката) не умре, туку премина во другиот, совршен живот. Ве советувам да не се предавате на неприкладна жалост поради неа, како оние кои немаат надеж во идниот живот. За нив, неверните, оној кој умира – умира
засекогаш и затоа нивната тага е неутешна. За нив во оддалечената вечност не свети светлината на надежта. Додека ние, кои веруваме, имаме надеж во воскресението од мртвите и животот во идниот век.
Низ она што се случува во вашиот живот, се забележува одрекување поради вашата слабост, а пред сѐ иако тоа било одамна, вашата тага е силна поради умрената ќерка. Вие во тој случај, сте немале покорност кон волјата Божја – кога Нему Му било угодно да ја земе вашата ќерка поради нејзиното вечно насладување во Царството Небесно. Многу сте тагувале и грешеле поради тоа, дали можевте да знаете што сѐ ја очекуваше во животот? Затоа што не е реткост да видиме родители кои многу тагуваат поради своите деца, гледајќи ги како водат несреќен живот, па дури им велат: „подобро ќе беше да не се родеше“.

• Утеха за оние кои тагуваат поради умрените

…Таа се одвоила од нас во својата вечна населба, кон која и ние мораме да се стремиме, само заминувањето наше, уште не ни е одредено; нам не ни е познато, но познато му е на нашиот Единствен Творец. Времето на живеење овде нам ни е дадено за да се погрижиме и го употребиме за корист на нашата душа и душата
на ближните. Доколку се предадеш на непотребна жалост, можеш сосема да се растроиш и да го изгубиш здравјето. Така можеш многу да согрешиш пред Бога. Мисли на тоа, дека границата на сечиј живот е одредена од Самиот Бог, и тоа нека те охрабрува – поинаку и не може да биде. Господ ја зел неа токму сега, во непорочност и чистота, од колку ли соблазни таа се избавила, колку замки на
ѓаволот, светот и телото? Колку неволји кои ја чекале на животниот пат ги избегнала, неволји кои тешко можела да ги поднесе, а може и тешко да згрешела. Но сега сето тоа е далеку од неа и таа ќе се насладува во вечните блаженства. Дури и долго да поживеала, сепак смртта не би ја заобиколила. Светото Писмо нас нѐ теши, да не се грижиме за мртвите, зашто тоа е својство на оние кои немаат надеж, односно за оние кои не веруваат. За нив, навистина нема утеха... за нив оној којшто умира, тој е вечно мртов, а ние кои веруваме убедени сме во дејството. Со промислата Божја треба да бидеме цврсто уверени дека, нејзиното преселување во вечноста токму сега е Божја волја и дека тоа е за нејзина голема корист. Ако заминала во младоста, оти чесната старост не е во долговечноста, ниту се избројува со бројот на годините. Мудроста – тоа се белите човечки коси, а непорочниот живот – возраст на староста (Сол. 4,8-9) ...Кој достигнува  совршенство во кратко време, тој живее долго; зашто неговата душа Му била угодна на Господа, затоа и побрзал да го избави од безбожноста околу него (Сол. 4,13-14).
...Тоа што вие останавте без неа, се предавате на тагување, тоа не е по духовниот разум, туку дејство на телото и крвта, не е ли сеедно – умрела за да поживее многу години, но колку бури, неволји и пресврти доживеала? Оние коишто плачеле во таа смисла не ја жалеле, туку во својата мечта си претставувале слик а на нејзиниот среќен живот, но тоа, доста ретко се случува.

Превод: Маја Цаневска, дипл. книжевник

 

Извор: https://drive.google.com/file/d/1UfYxeYD4gnE2lkrJ-J7iLQh4DE0m4PPz/view

 

Друго:

Св.Макариј Оптински - За утеха во жалоста ...

Сонот и телесните искушенија

ЏОРДАНВИЛ (Њујорк) - ПАРЧЕ РАЈ НА ЗЕМЈАТА (3)

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3227
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7720
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

28/12/2024 - сабота

Божикен пост (пост на масло)

+Светиот свештеномаченик Елевтериј; Свети Стефан Исповедник Сурожски; Преподобен Павле во Латра; Преподобен Пард Отшелник;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная