„Секој час и секој миг треба да го чуваме нашето срце од помислите кои го замаглуваат нашето огледало, во кое треба да се изобрази и светлоисцрта Самиот Исус Христос, Кој е мудрост и сила на Бог Отецот. Непрестајно да го бараме небесното Царство во него. Доколку го исчистиме окото на умот, ние на таинствен начин ќе го најдеме во себе и зрното, и бисерот, и квасецот и сѐ останато. Нашиот Господ Исус Христос рекол: „Божјото Царство е внатре во вас“, мислејќи на Бог Кој живее во срцето.
Трезвеноумието ја чисти совеста до првиот одблесок. Кога, пак, ќе биде исчистена, совеста ја истерува темнината од внатрешноста. Бидејќи е исчистена, совеста останува во постојаното и вистинско трезвеноумие и повторно го открива она што било заборавено и скриено. Со помош на трезвеноумието совеста се обучува во невидливата борба и словесното спротивставуање, односно за фрлање на копјата во битките, успешното стрелање со добрите помисли, спречувањето на нивните стрели да го погодат умот, криејќи го во закрилата на Христос; посакувајќи ја Светлината, а не погубната темнина. Оној што вкусил од ова знае за што зборувам. Тој вкус ја раздразнува гладта на душата и таа некогаш не се наситува од него.“ - Преподобен Филотеј Синајски