Како да се спасиме од нечистите демони?
Овој род се истерува само со молитва и пост. Ако овој род се изгонува со молитвата и постот на некој друг, тогаш уште понемоќен е овој род да влезе во човек што самиот се моли и пости. Ете ти ограда! Има многу бесови, и сиот воздух е исполнет со нив. А сепак, тие не можат ништо да му направат на човекот што е ограден со молитва и пост.
Постот е сестрано воздржание, а молитвата – сестрано богоопштење. Првото нѐ оградува однадвор, а второто – одвнатре го насочува огненото сеоружје кон непријателот.
Демоните оддалеку ги забележуваат испосниците и молитвениците, и бегаат далеку од нив за да не здобијат болен удар. Меѓутоа, дали треба да мислиме дека ѓаволот мора да биде онаму каде што нема пост и молитва? Да, може и така да се размислува. Демоните се вселуваат во човека, и го кријат нивното присуство. Тие потајно го учат својот домаќин на секакво зло, одвраќајќи го од секое добро. Притоа, тој е убеден дека сѐ што прави сам прави иако, всушност, ја исполнува волјата на својот непријател.
Но, ти насочи се кон молитвата и постот, и непријателот веднаш ќе побегне. Потоа отстрана ќе очекува можност за повторно да се врати. И навистина се враќа, ако ги оставиме молитвата и постот.
Св. Теофан Затворник
Преземено од фб профил на