логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

   

 

Архиепископ Василиј (Кривошеин):


Аскетското и богословско учење на свети Григориј Палама

Содржина

Глава 1. Аскетско-гносеолошката основа на учењето на свети Григориј Палама
Глава 2. ,,Суштина и Енергија”. Учење на свети Григориј Палама за Бога Триипостасниот во Неговата ,,скриена надсушност” и ,,несоздадените енергии”
Глава 3. Несоздадената Божествена Светлина
Глава 4. Заклучок. Значењето на свети Григориј Палама во православното богословие

 

Глава 4. Заклучок. Значењето на свети Григориј Палама во православното богословие

          Во претходните глави се обидовме да ги изложиме во систематична форма, потврдувајќи ги нашите заклучоци со соодветни цитати, основните аскетски и богословски учења на свети Григориј Палама. Во заклучокот би сакале да кажеме уште неколку зборови за значењето на неговото учење во општиот òд на развојот на богословската мисла на Православниот Исток. Нам ни е многу важно за правилно поимање појаснувањето на прашањето - во каква мера може свети Григориј Палама да биде разгледуван како традиционален црковен богослов, во кои теченија на аскетската и богословска мисла на Православната Црква тој припаѓа и што ново е внесено со него во ризницата на црковното богословење. За жал, во ова прашање полемичкиот или, напротив, апологетскиот пристап кон предметот силно го отежнувал до сега неговото објективно изучување. Соодветно своите конфесионални погледи едни се стремеле да ја докажат потполната традиционалност на свети Григориј Палама, а други, спротивно, во него гледале новатор, кој остро раскинал со сета претходна црковно-богословска традиција и кој ,,измислил” совршено ,,неслушнат” богословски систем. Сепак, тешко дека тие две еднострани, како што ни се чини, мненија може да бидат научно основани на факти. И пред се ни се чини особено неточно историското мнение за совршената неповрзаност на учењето на свети Григориј Палама со претходните аскетски и богословски традиции, и за неговото возникнување од чисто случајни причини (од потребата да се најдат аргументи за одбивање на нападите од страна на Варлаам врз монасите). Да не зборуваме за фактот дека такви примери кои во ништо не се поврзани со минатото ,,творештво”, ние воопшто, скоро и да не сретнуваме во историјата на човечката мисла, можноста за такво ,,чисто новаторство” е особено неверојатна во областа на византиското богословие, кое секогаш било крајно конзервативно, традиционално и обратено кон минатото. А да се ограничи врската на свети Григориј Палама со минатото само за неговата мистика, негирајќи ја неа (врската) со неговата догматика, ни се чини погрешно заради несомнената тесна и нераскинлива врска и взаемна условеност на догматското и аскетското учење на Православната Црква (во поимањето на Бога, светот, човекот, душата и телото, доброто и злото, гревопадот и искупувањето и.т.н). Воопшто, таа врска е толку тесна и нераскинлива, што секој обид вештачки да се изолираат аскетските или догматските елементи на светоотечкото учење не може да се реализира без насилство над нивната содржина. Посебно, ова е особено точно во врска со свети Григориј Палама, чиј органски карактер на светогледот е таков каде се меѓу себе е така сврзано внатрешно, што го прави особено погрешно таквото расчленување. Но и покрај сето тоа има еден факт, дека свети Григориј Палама и неговите следбеници со таква ловливост прибегнувале во своите полемики кон сведоштва од древната патристичка и аскетска книжевност, каде што тие лесно наоѓале многубројни потврди за своето учење, додека во исто време нивните противници покрај сета своја желба да се покажат традицинални биле принудени да се користат претежно со аргументи од апстрактен карактер, -  само тој факт сведочи за тоа дека свети Григориј Палама се чувствувал себе како таков кој се наоѓа во луното на древната црковна традиција и, несомнено, во неа се наоѓал. Всушност, неговото аскетско учење во својата суштина не е нешто различно од древното, развиеното учење од страна на Евагриј Понтиски и преподобниот Макариј Египетски за патиштата на созерцателниот самотен живот, познат во историјата на православното монаштво под името безмолвништво или исихазам. Поточно, учењето на свети Григориј Палама за умствената молитва, нејзините методи и за вишите духовни состојби е многу блиско со учењето на преподобниот Јован Лествичник, Исихиј и Филотеј Синајски, преподобниот Симеон Нов Богослов и преподобниот Григориј Синаит. Како што видовме погоре, зачетоци на учењето за несоздадената Божествена Светлина се сретнуваат уште кај преподобниот Макариј Египетски, блажениот Теодорит и особено кај преподобниот Симеон Нов Богослов. За Таворската Светлина како за пројава на Божеството учел уште свети Григориј Богослов, а во делата на свети Григориј Критски и преподобниот Јован Дамаскин се содржи, главно, сето учење на свети Григориј Палама за несоздадената Светлина во Господовото Преображение. Во учењето за благодатта најблизок му е прподобниот Макариј Египетски.

На крај, учењето за ,,суштината и енергијата на Божеството” се појавува во своите основни форми дури и во терминологијата на свети Василиј Велики, свети Григориј Ниски и преподобниот Јован Дамаскин. Уште поголема внатрешна сличност со ова учење, со мала разлика во начинот на изразување, сретнуваме во делата на Дионисиј Ареопагит, каде тој символички пишува за ,,говорот на Бога”, за Неговиот сон и бодрост и за пребивањето во Својата непостижна ,,тајна надсуштина”. Без оглед на несомнената традиционалност на сите основни аскетски богословски погледи на свети Григориј Палама, ние сепак не можеме да го разгледуваме него како таков кој едноставно го повторува она што веќе било искажано до него, или како компилатор, лишен од секаква оригиналност. Он не бил компилатор уште со тоа што излезен момент на неговото богословување бил неговиот личен духовен опит, а не едноставно изучување на светоотечките книги. Неговото учење не е некој каков бил збир од различни елементи, надворешно соединети меѓу себе, туку образува стројна целина, проникната од единствена основна мисла. Сите традиционални аскетски и богословски проблеми одново се преживеани од него и одново се поставени. Множество нешта кои порано биле недоволно формулирани или развиени, кај свети Григориј Палама добиле понатамошна, посистематична разработка и богословско-философско основање. Така во областа на аскетиката тој го развил и философско-богословски го основал традиционалното црковно учење за значењето на телото во духовниот живот и за методите на ,,уметничка” умствена молитва. Придржувајќи се за древното патристичко гледиште за човекот како за микрокосмос и на врската меѓу двата света, видливиот и невидливиот, свети Григориј Паама го дополнил тоа учење со укажување на взаемниот однос на човечкиот и ангелскиот свет, потцртувајќи го притоа она дека човекот како суштество активно и способно за творење, во поголем степен е создаден по образот Божји отколку ангелите.

Одделните мистички искажувања на неговите претходници за несоздадената Божествена Светлина за првпат кај него добиваат карактер на систематско богословско учење. Учењето за благодатта како Божја сила исто така развиено е од него потемелно, отколку до него, и главно, поставено е во врска со општото учење за Божеството (исто така може да се каже и за несоздадената Светлина). Учењето за Бога во Неговата ,,тајна надсуштина” и ,,пројавена енергија”, иако и не му припаѓа на свети Григориј Палама, сепак за првпат кај него добило своја богословска и философска основа во врска со проблемот на Божествената едноставност. И накратко да се резимира значењето на свети Григориј Палама во развојот на православната мисла, ние можеме да кажеме дека традиционалното аскетско-мистичко учење на Православниот Исток не само што наоѓа во неговите дела свое крајно и систематско изразување, туку и свое богословко-философско оправдание. Со своето учење за несоздадената Светлина и Божествните енергии свети Григориј Палама поставил неразрушлив богословски темел под традиционалното мистичко учење на Православната Црква, бидејќи само врз основа на тоа учење може последователно да се утврди вистинитоста на општењето на човекот со Бога и реалноста на обожението, не паѓајќи притоа во пантеистичко слевање на тварта со Божеството, кое неизбежно возникнува при поистоветување во Бога на суштината и енергијата.

Затоа малку е веројатно дека ќе биде преувеличување да се спореди богословењето и борењето на свети Григориј Палама со богословските подвизи и борбата за Православието на свети Атанасиј Александриски. Тоа споредување ни се чини правилно уште и заради тоа – како што свети Атанасиј Велики го внесува во црковна употреба и покрај протестите на лажните традиционалисти од своето време (ги имаме во предвид Евсевиј Кесариски и други полуаријани) богословскиот термин «хомоусиос» (единосуштен) кој не се употребувал до него во Црквата, го изразил со него исконското (иако не формулирано до него) црковно учење за Втората Ипостас, така и свети Григориј Палама со смело развивање и богословско вточнување на веќе постоечкото учење за несоздадената Светлина и Божјите енергии го изразил и основал вистински-традиционалното учење на Црквата за вистинитоста и автентичноста на откровението во тварниот свет на несоздаденото Божество, за реалноста на мистичкото општење на човекот со Бога и за можноста на човекот благодатно да ја надмине својата тварна ограниченост без пантеистичко слевање и негово проголтување од Божественото Суштество. Во ова дело со богословско основање врз податоците од црковниот мистичкии опит во неговите последни длабочини и предели се состои ненадминливото велико значење на свети Григориј Палама. Заради тоа и Православната Црква така торжествено и со таква љубов ја слави секоја година неговата света памјат, почитувајќи во него не само маж кој благоуха со светоста на својот личен живот, туку и еден од столбовите со своето ,,одгоре исткаено” богословие, славен проповедник на ,,благочестието на великото таинство”.

 

Подготви: С.И.

22ри јануари 2019 лето Господово

 (Крај)

    


Архиепископот Василиј Кривошеин (30.06.1900 – 22.09.1985) е роден во Петербург во семејство на министер за земјоделство. Во 1916 година завршил гимназија и започнал студии на историско-филолошкиот факултет на Петроградскиот универзитет. Подоцна своето образование го продолжил на Московскиот универзитет. Во годините на граѓанската војна заминал на југ за да војува на страната на Белата Армија. После војната заминал во Париз, каде завршил филолошки науки на Сорбона во 1921 година. Во периодот од 1924-1925 година зел учество во Руското христијанско студенско движење. Во ноември 1925 година Всеволод Александрович заминал во поклоничко патување на Света Гора каде и се определил целиот негов понатамошен живот. Истата година бил примен во братството на Пантелејмоновиот манастир како искушеник. Следната година станал расофорен монах со име Валентин, а после пет години примил монаштво со име Василиј.
 
Од 1929 до 1942 година бил манастирски секретар, бидејќи одлично го владеел грчкиот јазик. А во 1937 година бил избран за ,,соборен старец“, т.е. член на манастирскиот собор. Неколку години бил антипросопом (постојан претставник) на манастирот во Кинота на Света Гора, а уште и член на Епистасија (административен орган на Света Гора). Дваесет и две години живеел на Света Гора. Во тој период напишал и публикувал редица дела, посветени на аскетското учење и богословијата на свети Григориј Палама.
 
Во 1947 о. Василиј бил принуден да замине од Света Гора во Англија. Таму се населил во Оксфорд, каде учествувал во подготовката на Богословскиот речник на грчкиот патристички јазик. Во 1951 година, со согласност на игуменот на Пантелејмоновиот манастир бил ракоположен во јероѓакон, а подоцна и во јеромонах при домовиот храм посветен на св. Никола, кој ги опслужувал православните од разни националности. О. Василиј служел како помошник на настојателот – архимандритот Николај (Гибза). Во 1957 година бил возведен во чин архимандрит, а во 1959 гоина бил назначен за настојател на Благовештенскиот храм во Оксфорд. Со декрет на свештениот Синод во 1958 година бил одреден за епископ Волокаломски, втор викар на Патријаршискиот Екзарх во Западна Европа. На 14 јуни 1959 година во Успенскиот храм во Лондон била неговата хиротонија во епископ, која ја извршил Екзархот на Московската Патријаршија во Западна Европа архиепископот Клишијски Николај Еремин и епископот Сергеевски Антониј Блум. Подоцна епископот Василиј носел архипастирско послушание во Париз како помошник на архиепископот Клишијски, сѐ додека не бил назначен за епископ Бриселски и Белгиски.
 
Започнувајќи со 50-тите години тој многу се трудел во изучување на животот и делата на преподобниот Симеон Нов Богослов, чиј резултат е капиталниот труд ,,Преподобниот Симеон Нов Богослов. Живот, духовност, учење“, издадено во Париз 1980 година. Во 1964 година бил удостоен на научен степен доктор на богословски науки од Советот на Ленинградската духовна академија за научно издание во патристичките серии Огласителни слова на преподобниот Симеон Нов Богослов.
 
Се упокојува на 22 септември во Петербург.

Извор:https://azbyka.ru/project/index_tree.shtml

 

 

 Друго:

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7707
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная