логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Дека демоните дури и да го лекуваат телото, го лекуваат за да ја умртват душата. Примери на болни коишто не викале бајачи и гатачи

           Биди убеден и верувај, брате, дека само Бог е вистинскиот Лекар на душите и телата, а маѓепсниците и демоните не лекуваат вистински, туку навидум. Да претпоставиме дека по Божјо допуштение го лекуваат телото, но знај дека го лекуваат со цел да ти ја умртват душата. Како? Со тоа што ќе те одделат од верата во Христа привлекувајќи те да им веруваш и да им служиш. Следствено, каква полза ќе добиеш, брате, дури и при услов да ти се излекува телото кое денес е живо, а утре – мртво, за времето во коешто се умртвува твојата бесмртна душа? Каква печалба ќе спечалиш, ако тука добиеш малку здравје, а таму си измачуван вечно? Таквото здравје е погубно! Таквиот живот е погубен! Десет илјади пати попретпочитана од таквиот живот и здравје е смртта, како што кажува Златоустиот Јован: „Дури и ако дејствително лекуваат, подобро е да умреш отколку да се соединиш кон Божјите непријатели и на тој начин да се излекуваш. Зашто каква полза има да се излекува телото, откако душата погинала. И, каква печалба ќе имаат оние коишто ќе бидат испратени во неизгасливиот оган, ако тука добијат некакво излекување?“ И, повторно вели: „Иако излекувал, демонот повеќе наштетил отколку што помогнал, зашто му помогнал на телото кое бездруго целосно ќе умре малку подоцна и ќе изгние, а ја повредил бесмртната душа“.

           Ѓаволот, браќа, е најлукав. Ќе ви даде малку здравје, само да ве лиши од рајот, ќе ви го продолжи малку животот за да ве мачи вечно. „Не гледаш ли“ вели светиот Златоуст, „дека хромиот беше 38 години на одар и полумртов, а храбро ја трпеше болеста, очекувајќи ја Божјата помош, без да побара да му баат или да му дадат амајлии. А ти, христијанину, откако си боледувал малку дни, зошто си толку нетрпелив и трчаш при бајачи и гатачи? Не гледаш ли дека Лазар преку целиот свој живот лежеше пред вратата на богатиот со толку многу рани, така што заради големата немоќ не можеше да ги изгони дури ни кучињата кои му ги лижеа раните; и, при сето тоа претпочиташе да умре во таква немоќ, отколку да побара амајлии и баења? А ти каква прошка ќе добиеш штом за мала температура трчаш при пијани и зли старици? Зар не го гледаш оној храбар Јов којшто подоцна откако ги загуби децата и имотот, толку многу рани имаше, та отсекаде му излегуваа црви и леб не можеше да јаде од смрдеата? И, при сето тоа, можеше да се избави со тоа што ќе похули и умре, како што му велеше жена му: ‘Кажи некој збор против Бога и умри’. Но, тој истрпи мажествено и ниту еден хулен збор не изрече од својата уста, а ти зошто имаш толку големо нетрпение и за една сосем мала рана го презираш Христа Бога, и верата, и светителите, та трчаш при непријателите на Бога – бајачите, гатачите, демоните, за да се излекуваш? И, каква прошка ќе добиеш за тоа“, прашува свети Јован Златоуст: „Навистина, каква прошка ќе добиеме ние, откако оние поднесоа такви нешта покажувајќи мажественост, а ние трчаме при бајачите и гатачите и ги каниме во нашите куќи“.

 
Дека маѓесниците и бајачите дури и да Го произнесуваат името на Бога, треба да бидат прогонувани

           Но, ти велиш дека онаа старица е христијанка, и оној бајач е христијанин; кога баат и дават амајлии не произнесуваат и не пишуваат други имиња освен името на Бога, на Христа, на Богородица, на светителите, та следствено, какво зло вршат тие? На тоа ти одговара божествениот Златоуст и ти вели дека особено треба да ги мразиш онаа старица и оној зол бајач, бидејќи за подигрување и бесчестие го употребуваат името на Бога, и бидејќи христијани постапуваат како незнабошци; зашто и демоните, иако Го произнесуваат името на Бога, пак си се демони. „Некои, сакајќи да се заштитат велат дека жената која бае такви нешта е христијанка и не изговара ништо друго освен Името на Бога; токму затоа, навистина, особено ја мразам и се одвраќам од неа, бидејќи се послужила со името на Бога за подигрување, и велејќи дека е христијанка покажува дека е едно со незнабожците, зашто и демоните го изговараа името Божјо, и Му велеа вака на Христа: „Те знам Кој си Ти, Светец Божји, па, сепак, Он ги натера да замолкнат и ги протера“ (Марко 1,24).

 
Дека ѓаволот треба да се плаши од христијаните, а не христијаните од ѓаволот. Во зависност од христијаните, ѓаволот станува голем или мал

           Разбојничкото началство коешто сега го има ѓаволот, и измамата што ја употребува, никако не може да ги спроведе без нашата лична волја и согласност и по допуштение на Бога. Зашто ѓаволот го напаѓа човекот и војува против него со злите помисли, но во волјата на човекот се покажува дали ќе ги прими или ќе ги отфрли помислите. Оттука, свети Јован Дамаскин вели:

Демоните се договорени да го напаѓаат човекот, а не можат да извршат насилство врз никого, оти од нас зависи дали ќе го примиме нападот или ќе го отфрлиме. Впрочем, зошто христијани се плашите од ѓаволот кој со ништо не може да ви наштети?

Поскоро ѓаволот треба да се плаши од вас, а не вие од ѓаволот, зашто сте облечени во сеоружие од Бога. Вие како меч го имате знакот на чесниот крст со којшто и од далеку ги заплашувате сите демони, како двоостар меч го носите и името на нашиот Господ Исус Христос од коешто се плашат и треперат демоните; ако сакате да ги пазите заповедите на Господа и да бидете пријатели и вистински воини на Небесниот цар, имајте ги за непотребни и ништожни магиите и коварствата на ѓаволот, а последниов удирајте го со раката како животно, како едно мало врапче, како скорпија и мравка (Лука 10,19). Само ако посакате, ѓаволот толку многу се смалува и унижува што станува како бебенце. И, ако вие сакате, тој станува толку голем што ’ржи како страшен лав и бара да ве голтне. Затоа и свети Јован Златоуст за него кажал многу правилно: „Ако ние сакаме, голем е, ако, пак, посакаме, станува мал. Ако се пазиме и ако бидеме со нашиот Цар, ѓаволот паѓа и не е подобар од мало дете во битката против нас. Ако Го напуштиме Царот, ѓаволот се дуе и ’ржи, крцка со забите оти нè уловил, оти нè лишил од големиот сојуз со Царот“.

Извор: Бигорски манастир

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная