ПОУКИ НА ГРУЗИСКИОТ СТАРЕЦ ГАВРИЛ УРГЕБАДЗЕ ЗА ПОСЛЕДНИТЕ ВРЕМИЊА
„Во последните времиња луѓето ќе ги спасуваат
љубовта, смирението и добротата.
Добротата ја отвора вратата на Рајот,
смирението воведува во Рајот,
а љубовта го покажува Бога.“
„Во последните времиња луѓето ќе ги спасуваат
љубовта, смирението и добротата.
Добротата ја отвора вратата на Рајот,
смирението воведува во Рајот,
а љубовта го покажува Бога.“
Монасите не се ниту мрзливци, ниту индивидуалци, ниту неуспешни луѓе, туку своеволно се откажуваат од световниот успех, за да успеат духовно. Значи монасите се добрите момчиња од Евангелието, коишто кога ги повикува Христос, не ги примамува ниту богатството, ниту младоста нивна, туку се жртвуваат и Го следат Христа со Крстот.
На 15.02.2016, кога Црквата го прославува Сретението Господово, Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, чиноначалствуваше на Божествена Архиерејска литургија во црквата Свети Архангел Михаил, во населба Автокоманда. По завршувањето на евхаристискиот собор беше положен камен темелник за изградба на нова црква, посветена на Сретение Господово, во населба Железара.
Во време на инвестиции, светиот старец Пајсиј советува човекот во себе да изгради фабрика на добри помисли, па еве ни можност, секој кој сакал да си ја оствари желбата да биде фабрикант и да произведува само добри мисли, па да го збогати не само своето срце туку и ближните околу себе, во тој процес на
Бeз Бoжјиoт Дух чoвeкoт e испoлнeт сo грижи кадe и какo ќe oди. А сo Духoт Бoжји чoвeкoт e бeз тиe грижи.Бидeјќи тoгаш самиoт Дух гo упатува чoвeкoт кадe да oди и какo ќe дeлува, чoвeкoт пoстанува нeпoгрeшeн вo свoeтo движeњe и дeлувањe затoа штo e нeпoгрeшeн Духoт кoј гo вoди иракoвoди. Нe мoжe ни правo да oди и ни правo да дeлува,
На 15 февруари 2016 година, кога Црквата го прославува Сретението Господово, Неговото високопреосвештенство митрополитот Европски г.Пимен во сослужение со Неговото високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово.
Токму ова се случува за време на исповед. Оние кои искрено се исповедаат и на себе го земаат срамот за сопствените гревови, биваат обновени. Но, оние кои ги креваат рамениците и велат: „Ништо особено, вообичаените работи…“, тие не носат никаков срам, нивните срца остануваат нетрогнати, и едвај добиваат некаква полза.
Почитувани браќа и сестри во ХРИСТА, Во прилог следи понудата за посета на Манастирот СВ. ВАСИЛИЈ ОСТРОШКИ, СВ. ПЕТАР ЦЕТИЊСКИ И СВ. СИМЕОН ДАЈБАБСКИ. Поради добрата соработка и почитување на Агенцијата Брацо и Манастирот, сместувањето и спиењето е во Горниот Манастир и истото е БЕСПЛАТНО. Цената на aранжманот е навистина достапна.
Затоа, ниеден грешник не треба никогаш да се обезнадежи. Доволно е само да се покае, бидејќи неговите гревови се помалку од оние на ѓаволот. Човекот има и олеснителни околности бидејќи е направен од земја, а од невнимание може да се лизне и да падне во калта. Немаме оправдание, ако не сакаме да се покаеме и да се исповедаме, и сакаме да останеме во калта.
Ние, како христијани, имаме надеж и вера во нашиот Спасител Господ Исус Христос. Во Оној Кој од преголема љубов кон човечкиот род, прими човечко тело и се даде за откуп за нас грешните. Па веруваме, дека со наш труд и со наше застапување во исполнување на волјата Божја, ќе измолиме милост Божја.
На 14.02.2016 година кога Православната црква молитвено си спомнува за св. Трифун; св. Перпетуа, св. Фелицитате, св. Сатир и др. со нив, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан благоволи да служи Божествена литургија во црквата Св. апостоли Петар и Павле во населбата Ѓорче Петров. По Светата Литургија беа доделени благодарници на заслужни граѓани за нивната помош при обѕидување на храмот и изградбата на камбанаријата.
А ниту едните, ниту другите го слават светиот свештеномаченик Валентин, односно светиот маченик Трифун. Попрво се слави култот кон „светите“ пред-христијански демијурзи: себељубието, среброљубието, сластољубието. Односно, луѓето се слават себе си и своите страсти.
Но, како започнува целата приказна?
Таа подготовка продолжува во текот на петте недели коишто му претходат на постот и секое од неделните евангелски четива им е посветено на основните страни на покајанието. Првата најава на Великиот пост е во неделата во којашто се чита евангелската порака за Закхеј (Лк 19,1-10). Тоа е приказ за човекот којшто бил со премногу мал раст, за да може да Го види Исуса,..
Па така, кога доаѓаш кај свештеникот заради исповед, отвори го срцето пред него, или поточно на нашиот Господ Исус Христос во неговото присуство, и тој, согласно со молитвата која ја читаме пред исповед, ќе биде сведок на твојата отвореност, искреност, вистина и покајание. Тој ќе го послуша она што ти му го зборуваш на Христос.
Сретение е средба на старецот Симеон со Бога. Целиот Стар Завет го дочека исполнувањето на желбата на „своите молитви“. Симеон, старец со воздржание во животот, откако дочека длабока старост го доживеа на крај денот кога беше просветен; тој Го прими во своите раце Бога поради што и беше наречен Богопримец.
На eдeн граѓанин, кoј нe бил наклoнeт кoн мoнаштвoтo а сакал да пoјдe вo манастир, св. Нeoфoнт му рeкoл: “Чeдo, мeстoтo ниту гo спасува ниту гo пoгубува чoвeкoт, туку дeлата гo спасуваат или гo пoгубуваат”. Нeма кoрист ни oд свeтo мeстo ни oд свeт чин oнoј кoј нe ги испoлнува запoвeдитe Гoспoдoви.
Во тоа време, како што сведочи Евангелистот Лука, во Ерусалим живеел праведниот старец Симеон, кому му било ветено дека нема да ја види смртта сè додека во своите раце не Го прими Спасителот на светот. Воден од Светиот Дух тој влегол во храмот, токму во мигот кога Пресвета Богородица Го донела Младенецот Христос за да Го принесе пред Господа.
Вeрата, пoслушнoста и нeзлoбнoста сe главни oдлики на дeтската душа. Пoкрај нив, уштe дoаѓаат: бeстраснoста и радoста. Дeтeтo нe e срeбрoљубивo, дeтeтo нe e лакoмo, дeтeтo нe e славoљубивo; тoа има нeпoматeнo oкo oд пoрoци и нeпoматeна радoст oд грижи.
Воедно Светите Три Светители се патрони на бакалскиот еснаф во Прилеп па по тој повод во соборниот храм „Св. Благовештение“ се отслужи Света Архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Поглаварот на Македонската Православна Црква Господин Господин Стефан. На оваа литургија присуствуваше и Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески , кој оваа година е домаќин на денешниот ден.
На 12.02.2016 година, на празникот Свети Три Ерарси, во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово, се богослужеше Света Златоустова Литургија На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Европски г. Пимен во сослужение на Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф и надлежниот Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф. На Литургијата сослужуваа и игуменот Гаврил, игуменот на Лешочкиот манастир - Теодосиј.