По повод претстојниот патронен празник на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на свештенослужители од Скопската епархија отслужи Молебен кон светите браќа. На богослужбата присуствуваа Ректорот на Универзитетот д-р Велимир Стојковски, Претседателот на МАНУ академик Таки Фити, декани, продекани, Амбасадорот на Руската Федерација во Р. Македонија г. Олег Шчербак и други гости.
Учители свети, вашиот спомен светло празнувајќи го, од сè срце ве молиме: народите што ги збогативте со ризницата на Евангелието, утврдете ги врз каменот на Христовото исповедање, и нашиот живот во мир запазете го.