логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 01.jpg

Еордијата во Струга – симбол на единството и мирот

02.jpg

24 април/7 мај 2016 лето Господово,
Еордија во Струга

03.jpg

Светлата Седмица, Седмицата на радоста и светлината од Христовото Воскресение, Седмица која е предобраз на невечерниот ден на Царството Божјо, оваа година, по Божја промисла, заврши со едно големо, несекојдневно, духовно торжество – со свечената Еордија во Струга, посветена на Светиот Великомаченик Георгиј, великиот сведок на Воскресението Христово. Возобновена пред седум години со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Тимотеј, а по заедничка иницијатива и заложби на јерејот Васко Голабовски и на нашиот Старец, Архимандрит Партениј, како и во содејство со богољубивото свештенство при храмот на Св. Георгиј во Струга, еордијата денес прерасна во една огромна духовна и културна манифестација, онаква каква што несомнено ѝ доликува на древната и преубава Струга.

Годинава, нејзиниот блесок беше, можеби, најсјаен. Најпрвин тој благодатен блесок засветли на празничната ктиторска вечерна богослужба со која началствуваше нашиот надлежен Митрополит Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, во сослужение со Митрополитот Тетовско-Гостиварски, г. Јосиф и бројното свештенство од нашата епархија. Литијата, пак, што започна веднаш после вечерната, беше навистина одраз на триумфот на светлината, мирот и љубовта. И сè беше во духот на тој триумф, па дури и првиот редар и најавувач на литијата, кој беше облечен во римска воена облека, онаква како од времето на Св. Георгиј, кој и самиот бил воен трибун во римската војска. Звуците на оркестарот од град Скопје и гласовите на псалтите ја надополнуваа таа сеопшта симфонија на радоста, која низ главните струшки улици беше пречекувана со цвеќиња, насмевки и развеани знаменца од страна на најмладите стружанчиња, облечени во народни носии. И секако, главниот украс на молитвената поворка и овој пат беа чесните мошти на Светиот Великомаченик Георгиј донесени од неговиот манастир во Рајчица. Положени во цветниот и раскошен епитаф, и опкружени од верна гарда од славниот мијачки крај, тие го излеаја својот благослов врз целата Струга. Годинава, пак, со посебен благослов да го носат епитафот со моштите беа удостоени четворицата стружани: Стефчо Рафтоски, Перо Русески, Христијан Ковачески и Мики Кукунешоски. Недогледната река народ што ги следеше благоуханите мошти и чудотворната икона на Победоносецот сведочеше за неговата небесна слава и молитвена сила, зашто тој има посебна слобода пред Бога да измоли благослов за сите оние што со љубов го слават неговиот сечесен спомен.

Свој придонес за благолепието на денешната поворка на единството, мирот и сплотеноста дадоа и нашите пријатели и соработници: Општина Струга, ОУ „Ј. Б. Тито“, СУ „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“, оркестар „Град Скопје“, КУД „Илинден“ од Струга и КУД „Илинден“ од Битола, за што има ја изразуваме нашата длабока благодарност.

06.jpg

05.jpg

07.jpg

 08.jpg

 09.jpg

10.jpg

11.jpg

12.jpg

13.jpg

14.jpg

15.jpg

 16.jpg

 17.jpg

 18.jpg

 19.jpg

 24.jpg

27.jpg

28.jpg

 35.jpg

 38.jpg

 39.jpg

40.jpg

41.jpg

Еордија Струга 2016 - Литија from Bigorski Manastir on Vimeo.

Извор: Бигорски манастир

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

И зeмјата сe затрeсe и карпи паднаа (Мт. 27:51). O какoв страшeн укoр на луѓeтo! И мртвата прирoда Гo пoзнала Oнoј Кoгo луѓeтo нe мoжeлe да Гo пoзнаат. Сeта нeма...

 Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено....

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo...

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Влегуваме во периодот на Големиот пост. Почнуваме со ’тримерот‘. Во Црквата Божја ова не е само период со некој посебен ред и правила, ова е, пред сè, период на посебна...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

20/04/2025 - недела

Воскресение Христово; Свети Георгиј Исповедник; Преподобен Нил Сорски; Светиот маченик Калиопиј; Преподобен Данило Перејаславски;

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април   2025

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април 2025

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 15 април / 2 април 2025

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 15 април / 2 април 2025

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 14 април/1 април 2025

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 14 април/1 април 2025

Пустината се напоисо твоите топли солзипесокта ја претвориво молитви кон Бога непрестајниветрот ја пренесе милоста Божја по твоите молитвидо оние...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная