„Православен благовесник“ е списание кое е плод на студентите при ПБФ „Св. Климент Охридски“ - Скопје. Исполнето со разновидна, современа и богословска содржина, ја истакнува жедта на студентите за повисоки дострели и стекнувања на нови искуства.
Првиот број е објавен во 1982 година и редовно, по два пати годишно излегува во печат до 1990 година. Во 1998 година е испечатен уште еден број, но идејата за повеќекратно издаваштво не се реализира. Во 2015 година, по иницијатива на Студентскиот парламент на ПБФ, излегува 22-от на ова списание, како продолжение на претходните изданија, а со цел и во иднина активно да се изработува.
Токму во овие Велигденски празници, текстовите од студентите нека ги зацврстат молитвите кои Му ги принесуваме на Бога. Студентскиот парламент ја користи оваа прилика да ви ги честите Велигденските празници со срдечниот поздрав Христос воскресе - навистина воскресе! За многу години!
Извор: Скопска епрхија