Во неделата посветена на Светиот апостол Тома, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во селото Тимјаник. На Литургијата сослужуваа повеќе свештенослужители од кавадаречкото епархиско намесништво, а молитвено присуствуваа голем број на верници.
Извор: Повардарска епархија