Ти прашуваш како треба да се молиш? Господ Исус Христос ни говори на сите нас: молете се како цариникот, угодувај Му на Господа како вдовица кон неправеден судија. Господ повторно нè учи: познај ја својата ништожност, својот неисплатлив долг, признај ја и почувствувај ја својата вина пред Господа, заборави ги сите свои добри дела (добри дела немаме како нешто свое, а ако нешто имаме, тогаш тоа се дела извалкани со разни нечисти примеси – суета, гордост, користољубие и сл.) и како должникот
Митрополит Атанасиј Лимасолски: Ако имаш срце ќе се спасиш (I дел)
Она што е важно е дека преку постот човекот придобива сознание дека му припаѓа на телото на Црквата, дека Црквата е едно тело, една целина од верници и таа како тело пости во тој период и на тој начин. Тоа ни го дава чувството дека припаѓаме на телото на Црквата, потчинувајќи се на таа заповед на Црквата. Сега е период на постот и бидејќи припаѓаме на телото на Црквата,