логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Josif.Isihast.skit

Старец Јосиф Спилеот

Послушанието во себе содржи се. Христос во секој миг ќе ти плете венци. Но, за да се развива внатрешниот човек, за да се смират страстите и за да се расцвета плодот на твоите добри дела, потребно е сѐ да прати постојана и непрестајна умна молитва. Кога работиш, со усните или со умот непрестајно кажувај ја молитвата. Кога непрестајно ќе ја изговараш со усните, умот ќе се навикне да ја изговара со внатрешното слово. Потоа, пак, умот ќе ја спушти во срцето, а тоа што понатаму се случува е напор и дело на трезвеноумието: тоа значи дека умот со присилба се задржува таму чист и без облик, внимавајќи единствено на кружното движење на молитвата внатре во срцето преку вдишувањето и издишувањето. Бидејќи умот не успева да вообличи ниту една помисла на расеаност, со текот на времето се очистува со благодатта на молитвата. Повеќе не наоѓа задоволство во злите сеќавања и не сака да остане потполно беспослен. Напротив, целиот е разгорен од сеќавањето на Божественото Име и од љубовта кон Спасителот Христос.

 

Друго:

3.angeli.so.truba

Старец Јосиф Исихаст
Posted on August 29, 2017    

Монаштвото познава неколкумина преподобни личности, монаси, кои во свое време оставиле неизбришлив печат во историја на  Православната Црква. Една од тие духовни вождови на монаштвото, со право можеме да кажеме дека е И преподобниот старец Јосиф Исихаст од Света Гора. Тој е препородителот И патеводителот на денешното монаштво на  Света Гора И Грција, и Америка, а ќе се осмелиме да кажеме во Македонија и Балканот па овде во  Австралија. Тој со своето мало монашко братство: Старец Ефрем Филотејски, старец Харалампиј Дионисијатски, Старец Јосиф Ватопедски, Старец Арсениј Спилеот Исихаст, а негов ученик е и Старец Ефрем Катунакиотски  го подига духовниот живот во манастирите на Света Гора: Филотеј, Дионисијат, Ватопед, Каракалу, Ксиропотаму, Костамониту И во многуте нивни метоси, а нивното дуовно искуство има влијанија И во сите други манастири, скитови и ќелии на Света Гора и надвор од неа. Денес негови посредни и непосредни ученици, по Божја промисла , Бог ги распространил насекаде во светот и  неговите духовни четива се преведени на многу светски јазици.

Старец Јосиф Исихаст или Спилеот е роден 1898 година во селото Левкис на островот Парос во Грција. Бил избран уште од утробата на мајка си за службата Божја. Тој од мали години го загубил татко му и за неговото воспитание се грижела неговата , особено, побожна мајка. Бидејќи неговото семејство било многу сиромашно младиот Франциско, како што се викал пред да се замонаши , морал уште од најрани години да работи за да го обезбеди неопходното за опстанокот на семејството.

На свои 18 години сам заминува за Пиреја каде што живее и работи. Го завршува воениот рок во морнарицата а потоа продолжува да работи. Тој бил многу силен , храбар и снаодлив младич и работејќи како трговец бргу се збогатува . На дваесет и три годишна возраст почнува да чита светоотечки книги. Читајки ги подвизите на светите Отци и поминувајќи го се повеќе времето во молитва и подвизи пополека се оддалечувал од светот и светскиот метеж и врева.  Неговото срце  тежнеело не кон пропадливото и лажно земно богатство туку кон нетрулежното, вечно и непроценливо богатство на дарот на благодатта на Светиот Дух во Црквата. Се откажува од се што имал, го раздал на сиромаси и се упатил кон небоземната држава на Царицата Небесна, Мајката Божја, на Света Гора Атонска.

Кога пошол таму најпрво прошетал надолж и попреку по Света Гора барајки  старец и место за подвиг. Како пчелата што лета од цвет на цвет и го собира најубавиот нектар така И тој одел од Старец до Старец и се напојувал од небесниот нектар на благодатта Божја собирајки го нивното духовничко искуство за свое лично надградување, растење и заеднчарење во Бога. На празникот на Преображение се искачил на врвот на Света Гора , каде има мала црквичка посветена на светото Христово Преображение и таму го сретнал отец Арсениј кој понатаму ќе му стане неразделен пријател и соподвижник. Од таму заедно со него отишле кај прочуениот стрец Даниил на Катунаќа кој ги советувал да си изберат ( понајдат ) Старец , кој и не мора да е некој познат и нему да му се потчинат во послушание затоа што патот на животот во Христа е предание и  дарот на светиот Дух се предава од Старец на духовното чедо и  без благослов од Стрецот и  беспрекорно потчинување и послушание нема спасение и обожение. Тогаш тие  го пронашле старец Ефрем кој живеел во келијата  “ Благовештение “ и му се педале во послушание. Неговоро ракоделие било правење на дрвени буриња за вино. Тој бил прост, добродушен, мирем, тивок,  незамисливо молчалив и благ старец. На нивното доаѓање за искушеници неговата радост била неискажлива. Старец Ефрем и го замонашува младиот Франциско со монашко име Јосиф во пештерата на св.Атанасиј.

Неуморен во подвигот на  барањето и страданијата за поголемо молитвено тихување  во непрестајното призивање на Името Божјо. Т.е. исусовата молитва Господи Исусе Христе, помилуј ме, со сеноќни бденија и строги пости Старец Јосиф многу рано го стекнува,  дарот на чистото срце и на  непрестајната умносрдечна молитва.

Еден ден наоѓајќи се во особена усрдна молитва и плач, но и душевна тага заради тоа што неможел да го пронајде своето местото за подвиг, доживеал откровение на Божјата милост. Кога во еден миг погледнал на црквичката на Пресвета Богородица во себе почуствувал неискажлива радост и одеднаш здогледал еден светол зрак кој излегол  од црквичката застанувајќи како виножито над него. Тогаш целиот се променил заборавајќИ на себеси. Се исполнил со светлина внатре во срцето и надвор околу него насекаде и нечуствувајќи го своето тело. Тогаш Исусовата молитва почнала да извира од неговото срце без никаков напор. Тоа била благодатта Божја И одтогаш непрестајната Исусова молитва останала засекогаш во неговото срце, но не со толку силно дејство како во првиот момент.

Одпосле, кога веќе на себе го зема и јаремот на светото послушание, имајќи  го веќе опитот и пламенот на молитвата тој не го намалил својот подвиг. Секоја вечер по зајдисонце одел на едно осамено место и седел на дрвено столче и шест часа непрестајно ја изговарал Исусовата молитва заклучувјќи го својот ум во срцето. Времето го мерел со еден будилник кој го поставувал подалеку од себе за да не му прече во молитвата, предходно навивајќИ го за да ѕвони по шест часа. Една ноќ така пребивајќи во молитвата бил осветлен од несоздадената Божествена светлина која толку многу се раширила што го осветлила целото тоа место , слично на Тавор каде св. Ап. Петар му рекол на Господа “ добро ни е да бидеме овде”. И отпосле кога си дошол на себеси, забележал дека будилникот одамна ѕвонел, без да  го слушне . После ова созерцание, благодатта на молитвата кај него се умножила.

Бидејќии нивниот исихастички живот не се совпаѓал со типикот на отците во околината за што имале и отпор и за да не ги соблазнуваат се преселиле во тивкото место “ св.Василиј “. Но  и овде не останале за подолго бидејќи наскоро со смрт на преподобен предвестувајќи си го својот смртен час се упоколи во Господа нивниот Старец Ефрем.

Зимскиот период го поминувале во својата ќелија во пост и молитва, а преку летото Старец Јосиф, сега заедно со својот соподвижник Старец Арсениј, повторно се препуштил на скитнички живот немајќи ништо земно како што вели Господ: не земајте ниту стап ниту обувќи…  туку оделе од од место на место барајќи поуки од светите Старци, подвижници. И кога пешачеле тие беспрекорно се држеле до тихувателниот начин на живеење одејќи на растојание еден на друг запазувајќи го така возљубеното молчание. Јаделе само сув леб. Стрец Јосиф јадел по 75 грама сув леб И тоа  после деветиот Византиски час. Секоја Сабота и Недела оделе на Литургија во манастирите каде го добивале вообичаеното јадење како и сите други. Во овој подвиг поминале 8 години.

Отосле тие одлучиле повторно да се повлечат во “ св.Василиј “ И подолгиот дел од денот да пребиваат во своите ќелии насладувајќи се од кажувањето на Исусовата молитва.

Таму си изградиле и мала Црквичка на посветена на Рождеството на св.Јован Крстител и почнале прават дрвени крстчиња како секојдневно монашко ракоделие. Старец Арсениј го изработувај погрубиот дел оформувајки ѓи, а Стрец Јосиф ги резбал на нив Распетието, од едната страна  И ликот на Богородица од другата.

Таму тие живееле скоро затворенички живот. Стрец Јосиф за прв пат почуствувал телесна борба која вообичаено се случува кај почетниците И во таква тешка борба поминал цели 8 години.

Орлите се собираат каде што е трупот. Боготрагателите, они кои копнеат по возвишени цели, се собираат онаму каде се духовниците, духоносците, кои како огнени столбови и немирисами кринови зрачат и благоухат со својата светост и духовна убавина. Во тоа веме околу нив почнале да се собираат и други монаси и искушеници. Многумина дошле но малкумина се задржале. Бидејќи  неможеле да го издржат нивниот тежок исихастички типик ( правило, устав на живеење ). Старец Јосиф го усвоил правилото никого да не одбива, туку секој со љубов да го прима се додека сака да остане. Старец Јосиф особено се грижел и за немоќните, душевно болните и бесомачните кои само ако имале послушание и заради неговата вештина во борбата со страстите се излекувале.

Барајќи поосамен и тивок живот во Јануари 1938 година се преселиле во некои пештери близу скитот Мала Света Ана. Таму, го заградиле дворното место, од дрва и кал направиле три ќелии кои биле и долги метар и осумдесет и широки метар и педесет во кои освен од непоходните работи немале ништо друго и во една од пештерите направиле црквичка на св.Јован Крстител, во која се служело еднаш или двапати во неделата за да се причестат.

Нивниот типик бил следниот: работеле до пладне, потоа се повлекувале во осама и се молеле на бројаница наместо вечерна служба и по малку читале. Потоа се собирале заедно на јадење и со благослов на Старец Јосиф се повлекувале во своите ќелии за одмор. По одморот следувало молитвено бдение до полноќ, секој во својата ќелија. Ако требало да се служи света Литургија таа се служила по полноќ, а ако, пак, немало Литургија младите монаси или нешто читале или го посетувале Стрецот за исповед и духовен совет или продолжувале со Исусовата молитва. Потоа пак, следувал мал одмор. Кога пак. Отец Харалампиј станал јеромонах, тогаш се служело секој ден Литургија и секој ден се причестувле со животворните и спасителни свети тајни како наш Леб насушен.

За време на великите пости и така тешкиот живот и станал неподнодлив. Младите монаси со голема љубов желба и усрдност се труделе да го следат подвигот на својот Старец, но таа нивна жртва ги донела до крајните сили на изнмоштеност така да Стрец Јосиф во Јуни 1951 година одлучил да се преселат во Новиот Скит ( Неа Скити ).

Таму се населие во некои колиби малку оддалечени од скитот и бидејќи Старец Јосиф од болест неможел да пешачи ниту пак да остане без Литургија и причест и овде изградиле мала црквичка повторно посветена на св.Јован Крстител. и во Неа Скити тие го продолжиле својот строг молитвен типик. Старец Јосиф не попуштал во својот строг подвиг туку настојувал и да го зголеми! Прележал и две тешки болести од кои за првата несакал да се лекува надевајќи се само на Господ и Пресвета Богородица. Се опоравил после една година. Неговото тело постанало една рана но не се откажувал од своето возљубено молитвено правило. Болестите, строгиот и тежок подвиг, суровите услов допринеле неговото здравје драстичжно да се влоши. Во последните четириесет денови  од својот живот речиси вопшто и не јадел, причестувајќи се секој ден и вкусувајќИ по малку лубеница.

Неговата смрт била на преподобен.  Предвреме бил известен од Пречиста Богордица за неговата кончина дека ќе го земе на Нејзиниот празник. И на самиот празник успение на Пресвета Богородица,  за последен пат се причестил со светите тајни изговарајќи ги зборовите  за попатнина кон живот вечен, ги собрал своите ученици за испраќај и последен благослов. Во својата ќелија го оставил само Старец Арсениј И мирно ја предал својата блажена и чиста душа во рацете на Пречистиот, за Кого цел свој живот копнееше и живееше.

Се упокоил на шеесет и една годишна возраст а изгледал како престар.

 

 https://mpcaus.org/%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%B5%D1%86-%D1%98%D0%BE%D1%81%D0%B8%D1%84-%D0%B8%D1%81%D0%B8%D1%85%D0%B0%D1%81%D1%82/

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная