Дедо Наум:
„Преку православниот духовен живот срцето го чистиме од неговите страсти за човечка власт и слава, за трупање пари и имоти и за исполнување на телесните наслади. Ако не го очистиме срцето од своите страсти, тогаш нашето срце станува како домовите витлеемски во кои Христос не можел да најде место, т.е. Богородица не можела да најде место да Го роди Христос, така што морал да се роди во некоја пештера, во некои јасли надвор од домовите на витлеемските жители.
И таа пештера го симболизира кое било друго место освен нашето срце. На личен план, Рождеството Христово можеме вистински да го славиме само ако со умот го пронајдеме влезот за внатрешноста во нашето срце, влезот за пештерата каде што Христос положен во јасли лежи.“
7ми јануари 2020 лето Господово
Преземено од фб профил на Monika Nikolova