Во келијата на Свети Пантелејмон која припаѓа на манастирот Кутлумуш, монахот Јосиф посака да ја замени искршената даска од подот во својата колиба.
Го очисти онаа што беше иструлело, прецизно измери, ја отсече штицата и отиде да ја закова.
Само што ја спушти,примети дека штицата беше поголема. Зеде и го отсече вишокот, се врати и тогаш виде дека штицата беше пократка од тоа што требаше.
Старецот Јосиф беше столар по професија.
Повторно ја измери,прецизно ја исече новата штица по мерките и отиде да ја намести, но таа сега беше подолга од тоа што требаше.
И таа штица ја скрати, па кога се врати да ја намести, виде дека и оваа штица беше пократка.
Тогаш го изгуби трпението и луто извика:
Оди поѓаволите, ѓаволе,што ти е? Што да ти правам, па да се вклопиш? Четири пати те мерев и те стругав! Кој те ѓавол спопадна, па не се вклопуваш?
Монахот во очајание, наместо да ја каже молитвата и да ја повика Божјата помош при својата работа, беше повеќе склон да го спомене ѓаволот, кој само тоа го чекаше.
Тогаш пред него се појави самиот ѓавол и го праша: Ме повика старче, што е, што сакаш? Еве тука сум како да ти помогнам.
Старецот Јосиф преплашен, се прекрсти, ја фрли штицата, па побегна кај својот духовник да се исповеда.
Од таа случка пројдоа повеќе од 30 години и сеуште неможе да се поврати. Му остана стравот и како умот да му скита поради онаа средба со ѓаволот.
Оваа нека биде лекција на сите, и на младите и на старите, да не го спомнуваат ѓаволот ниту во шега.
Зошто ѓаволот може да го наведе човекот да се лути и да се исполни со бес, па да го намами онака во лутина да похули на Бога, и уште како да е тоа малку, да го наведе да им каже на своите блиски, на братот, на детето, па дури и на самиот себеси, оди поѓаволите!
Оваа е многу лоша навика, а многу родители ги испраќаат своите деца поѓаволите.
Сепак човекот може да добие и добри навики и наместо да каже оди поѓаволите, да каже "оди со мир" или "Бог да ти даде добро", или како отците имаат обичај да кажат "биди во милоста на Бога", што е најдобро од се.
Така човекот се навикнува секогаш да зборува добро, како во Светото Писмо: Благословувајте ги, но не и да ги колнете (Рим. 12,14)
Монах Андреј Светогорец
Избод од фб профил на