Митрополит Лимасолски Атанасиј: Човекот е љубов по благодат – I дел
Кога човек има макар и малку љубов во себе, макар малку радост и малку мир – ако тоа е од Бога, во Него се создава чувство на полнота. Тогаш не чувствуваш дека нешто ти недостасува. Во исто време сакаш повеќе, но го немаш она чувство на недостиг, чувство дека нешто ти фали. Затоа, кога во човекот дејствува законот на Духот и благодатта на Светиот Дух, тој ги чувствува во себеси сите плодови на Духот, а најмногу љубовта.