И ете зошто оние што се крштеваат ја соблекуваат својата облека. Ете зошто оголеноста е во срцето на монашкиот потстриг, како при промената на облеката така и во отсекувањето на косата. Во првите векови и монасите и монахињите биле лишувани од целата нивна коса при потстригот, во знак на голотијата на Адам и Ева пред Бога. И ете што значи да се биде монах или монахиња: да се отфрли секоја врска со светот,
Митрополит Тихон (Шевкунов): За нас секој ден е "ново лето Господово и благопријатно"
Луѓето од сиот свет се трудат да бидат добри еден кон друг. Се трудат да си разменат еден кон друг пријатни подароци, вкусно да се нагостат, да си кажат најубави зборови исполнети со љубов и грижа. Луѓето си посакуваат меѓусебно среќа и се надеваат на чудо токму во Новата Година. Нашите срца сепак чувствуваат нешто повеќе во тој празник.