И ете зошто оние што се крштеваат ја соблекуваат својата облека. Ете зошто оголеноста е во срцето на монашкиот потстриг, како при промената на облеката така и во отсекувањето на косата. Во првите векови и монасите и монахињите биле лишувани од целата нивна коса при потстригот, во знак на голотијата на Адам и Ева пред Бога. И ете што значи да се биде монах или монахиња: да се отфрли секоја врска со светот,
Поука на денот: Отец Василиј Гондикакис
"Во секој одличен ден, во секој празничен ден, ѓаволот со неговите искушенија создава проблеми кои причинуваат тага. Тој сака да ја урне нашата радост, да ја наоблачи светлоста на празникот, да не остави срце нерането од жалоста. Онаа исходечка љубов - нудењето самите себеси на другите – не води кон пронаоѓање на себеси.