логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 лого

         dvor.svnikola6.jpg               

 Да љубиш, без да бараш


Денес, зборот љубов е исклучително популарен збор. Гледаме дека во името на љубовта се вршат престапи и други работи кои се косат со здравиот разум, и коишто се прикриваат позади идејата дека се прават од љубов. Многу често љубовта се пројавува како најсилна енергија на нашиот егоизам. Затоа не многу ретко се среќаваме со појавата – човек кој мисли дека го сака ближниот, а всушност го мрази, не му остава слобода, не го остава да се усовршува во неговата независност, во неговата личност, а сака да го покори, да ја избрише неговата индивидуалност  поради својата голема љубов. Најтрагичното е што не разбираме дека таа т.н. љубов не е вистинска љубов, туку плод на нашиот болен егоизам. Заради тоа отците како предуслов за вистинска љубов го ставаат смирението, тоа всушност ја претставува идејата човекот да не сака ништо за себеси, да не бара ништо за себеси туку за другиот. Христовата љубов е среќа, и таа е неспоредлива со ништо на светов. Таа е таква состојба, толку богата, голема, непроценлива, и на овој свет нема ништо со што би можеле да ја споредиме. Отците стигнале до таму да зборуваат за Христовата љубов со силни зборови и со големи примери, но и тие не биле доволно силни за да ја претстават реалноста за Христовата љубов. Тоа е само едниот аспект на љубовта  - среќа и усовршување на нашата личност.

Таа е совршенство, бидејќи Бог нашиот Првообраз е вистинска љубов. Бог е љубов. Но љубовта има уште еден аспект – мачеништвото. Мачеништвото за љубовта е поголемо од сите други маченички подвизи. Христовото мачеништво е во Неговата голема и совршена љубов кон светот. Кога Тој се молел во Гетсиманската градина рекол: „Отче, ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша“ (Мат. 26:38) Тој немал во предвид да Не умре и да не биде распнат на Крст за нас, бидејќи заради тоа дојде во светот. Тој дошол во светот имајќи го целото сознание дека доаѓа за да умре за човекот. Суштината на чашата, содржината на таа чаша, за којашто Тој се помоли да го одмине е дека ние луѓето, коишто Христос ги возљуби до крај, сакавме да Го распнеме. Исто како мајка чие дете оди да ја убие. Ако ја убие непријател нејзиното мачеништво ќе беше помало, отколку да ја убие нејзиното дете кое таа го сака и се жртвува за него. Доколку ја навреди некој туѓ човек таа ќе го издржи тоа, но ако тоа и го каже нејзното дете, тогаш таа ќе почуствува поголема болка. Доколку можете претставете си, колкава болка е за Бог да биде распнат од нас, кога Тој бескрајно не љуби. Во суштина таа молитва не го засега Него, туку нас. За нас се молел во тој момент и пролеал крвава пот, за ако било возможно да не Го распнеме.
Ја видовме маченичката димензија на љубовта. Ако проникнеме во неа, тогаш ќе можеме секогаш да ја испитуваме нашата љубов во различните пројави, дури и во нашите природни односи. На пример жената вели: „Јас го сакам својот маж, но едвај го трпам“. Тоа не е љубов. Љубовта означува ти да умреш, за да живее тој. Љубота означува да страдаш за другиот. Ќе ме запрашаш: Отец, кој може да го прави тоа? Треба да знаеме дека да бараш љубов е признак за духовна немоќ, да не кажам духовна болест. Барем да разбереме дека сме бессилни, луѓе во немоќ и заради тоа имаме потреба од љубовта на другите. Колку и да не ни се допаѓа таа дијагноза, тоа исто извира и од нашиот егоизам.
Светителите не се интересирале дали другите ги сакаат. Важно им било само тие да ги сакаат луѓето. Совршенството на човековата личност се состои во тоа ние да ги сакаме ближните без да бараме таа љубов да ни биде возвратена. Христос не ни кажал дека „ако ги сакате другите и тие ќе ве сакаат“; не ни кажал да правиме добро дела за да не сакаат другите и да ни се заблагодаруваат со убави зборови; не ни кажал дека ако веруваме во Него, сите ќе не мислат за добри и ќе не фалат. Или со еден збор кажано:нема да проживееме добро како христијани. Напротив, ни рекол: „Ако верувате во Мене, неизбежно е да ве гонат“. Да верувате во Него означува, да ги сакате луѓето какошто Тој ги возљубил. И покрај тоа тие ќе ве гонат, ќе ве клеветат, ќе ве онеправдуваат, ќе ве убиваат, ќе ве  истребуваат од лицето на земјата. И сето тоа ќе го прават милејќи дека принесуват жртва на Бога. Кога ќе ве убиваат, во истиот момент ќе мислат дека тоа што го прават е Божја волја, дека сте направиле лоши дела и заради тоа волјата на Бога е да бидете истребени од овој свет и во името на Бога ќе сакаат да ве уништат.
Христос ни вели, дека не испраќа како овци помеѓу волци. Еден старец од Света Горе говори: „Што е тоа? Тој не испратил неколку волка помеѓу многу овци – да кажеме 3 волка помеѓу 500 овци. Колку ќе изедат тие три волка? Ќе изедат 10-15, 50 овци а другите ќе се избават. Но, ако испратиш 5 овци помеѓу 500 волци, нема да остане ниту коска од нив! И покрај тоа Христос ни вели: „Еве, Јас ве испраќам како овци помеѓу волци“ (Мат.10:16)“. Тоа не означува дека браќата до нас се волци! Не! Нашиот пат во светот е мачеништво и одејќи по него, човекот се усовршува. Со други зборови, христијанинот не може да опстане на друг начин. Доколку го разбереме тоа, барем ние што сакаме да го слушаме Божјото слово и сакаме да веруваме во Христос, тогаш ќе го промениме начинот на којшто сакаме, и начинот на којшто бараме љубов. Ќе разбереме дека ние треба да сакаме, а не да го бараме тоа од другите. А кога ќе почуствуваме, дека бараме другиот да не сака, да ни служи, да не разбира, тогаш ќе разбереме, дека тоа е духовна болест, дека сме многу болни, многу слаби.
Луѓето во минатото не биле толку дховно болни како ние денес. Ги немале нашите проблеми. А денес што се случува? „Не ме разбира, не го прифаќа моето мислење, не пројавува разбирање! Сè се распаѓа. Зошто? Бидејќи не ме разбират“. „Е, добро, не те разбират. Зошто не покажеш трпение? Да премолчиш? „Јас го сакам, тој не ме сака“. Ако навистина го сакаш, ќе го трпеше. Слаби сме, дури и љубовта ни е слаба. Заради тоа е многу добро да ја разбереме суштината на љубовта – таа ни ја дава точната дијагноза за нашиот духовен свет. Барем кога правиме грешки, да ја сфатиме нашата постапка а не да мислиме дека правилно постапуваме.
Откако ќе влезат во пространството на Божјата љубов, со тоа светителите прават голем маченички подвиг – подвиг на љубов кон целиот свет. Честопати ги гледаме светителите претставени на иконите, ги слушаме расказите од житијата и велиме: „ Колку е убаво и свето сè што прават тие!“, читаме за св. ап. Варнава, св. Неофит и мислиме дека целиот живот им бил толку убав, прекрасен близу до Бога! А во исто време гледаме како доаѓаат кај нас луѓе и ни велат: „Отец, вие сте близу до Бога и се молите дење и ноќе!“, и мислат дека живееме во среќа заради тоамшто сме монаси... Или кога ги читаат житијата на светителите или им раскажувам за нивните подвизи, на пример за старец Пајсиј, тие си мислат, дека животот на тие свети луѓе бил само среќа, радост и мир. Можам да ви кажам само дека тие како старец Пајсиј биле далеку од таква претстава за среќа. Старец Пајсиј носел таква болка во душата, живеел маченички живот, на каков што никој не се осмелувал ни да помисли. Тоа е мачеништво што тој го поднесувал секојдневно, бидејќи имал огромна љубов кон светот. Не можеме да го разбереме тоа ако не го вкусиме. Моментите, коишто за нас одминуваат без да им дадеме посебно внимание, за светителите се многу сериозни и многу трагични. Секое слово, што за нас нема големо значење, за светителите има.
Затоа Света Богородица како човек пострадала повеќе од сите луѓе во светот. Никогаш нема да се роди човек, којшто ќе почувствува поголема тага од Нејзе. Зошто? Многу мајки гледале како умираат нивните деца пред нив. И други мајки го почувствувале тоа мачеништво пред нивните очи – не дека смртта на нивното дете не била трагична. Но никој ниту еден човек не е чувствителен како душата на Богородица, за да вкуси толку голема болка. Затоа гледаме, како Господ така и Богородица, исто и останатите светители кои биле пред се луѓе што трпат голема болка.  Болката се цени во духовниот живот.
Затоа кога ќе дојде часот, кога даваме а не добиваме, се жртвуваме и жртвата не ни е разберена, се грижиме, трчаме и покрај тоа пак не отфрлаат, не презираат – тоа се многу важни моменти, што ни се даваат за наше усовршување. Ние се осветуваме преку болката и преку тој маченички подвиг. Кога ја објаснуваат тајната на Крстот, отците велат дека вертикалата на крстот ја означува нашата љубов кон Бога, а хоризонталата – љубовта кон ближните. Тие две работи го образуваат Крстот. Тоа е мачеништво и не само мачеништво туку и смрт. Ако пак е смрт, еден мртовец не може да има никакви претенции. Не може и не треба да очекува ништо. Затоа како услов за љубов, отците го поставуаат смирението. Смирението означува умртвување на егото, на желбите, на аспирациите, на правата. Се рабира, треба да спомнам уште и дека тоа умртвување има голема разлика со будистичкото и хиндуистичкото умртвување. Во источните системи и философии тоа означува апатија, којашто во суштина е бездејствие, неподвижност на душата кон што било. „Умртвувањето“ во Православната Црква означува умртвување на гревот, на страстите а истовремено воскреснување на Христос, оживотворување на човекот во Христос, обновување на Божјиот човек. Бесстрастието во Православната Црква означува отфрлање на страстите, а не бесчуствителност. Означува отфрлање на гревот, на страстите, означува најголемата страст – страст на љубовта.
Да кажеме неколку зборовите и за телесната љубов, за којашто човекот мисли дека кога ќе се заљуби во жена тие треба да имаат телесна врска пред благословот од Бога, односно пред светата тајна брак. Велат, бидејќи ние се сакаме зошто да немаме таква врска? Не можеме да ја разбереме причината. Бидејќи станува збор за егоизам.

Доколку врската им е плод на реална љубов, тогаш ќе се почитуваат помеѓу себе, ќе се однесуваат со љубов а не само телесно. Ако семејствата и луѓето се чувствуваат среќни помеѓу нив тогаш во ред. Лошо е што откако се соединуват телесно тие телесната наслада ја претвараат во божество и наука; и таа веќе не е наука, ги надминала границите на науката и станала божество.
Човекот треба работите да ги погледне во длабочина, да разбере во што се состои знакот на љубовта. Тоа започнува во моментот кога ќе престанеме да очекуваме нешто од другите, а започнуваме да прифаќаме се, да ги сакаме сите, да се усовршуваме и да го даваме тоа што го имаме. За човек да може да дава, без да бара потребно е во својот живот да направи место за Божјата благодат, Христос, Кој што прв умре за нас без да очекува нешто од нас. Како што вели апостол Павле: „Уште кога бевме во грев, Христос умре за нас. Христос умре за нас во тој момент кога ние се одрековме од Него“. Ако го разбереме тоа, особено младите семејства тогаш ќе се научат да бидат среќни.

Разделбите започнуваат во моментот, во којшто бараме да ни се даде нешто, сакаме нешто да добиеме, очекуваме награда за нашата љубов, за услугите што сме ги направиле. Ако другиот човек е кроток, смирен, добар, се ќе биде во ред. Не треба да дозволиме честицата на гревовниот раздор да навлезе во нашите животи. Бидејќи наместо да започнеме да се поправаме себеси и нашата личност, секој започнува да го поправа другиот, и така сè се менува кон лошо. Човекот кој вистински сака-смирениот човек, треба да престане да го гледа другиот. Смирениот Христијанин треба да се гледа само себиси и своите грешки, без да бара од другиот да се менува.

Автор: Лимасолски митр. Атанасиj

Превод: Преминпортал С.А.


  Извор: двери.бг

31ви декември  2020 лето Господово

Извор

TVITer270

П.П. 2013-03-22 07:32:22

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3118
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7588
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Света девојко Анастасио,ние кои те прославуваме,срцата кон Небесата  ги подигнуваме,со солзи духовни радосно твоето име го повикуваме,моли се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная