логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Aleksandar.N.sv.Georgij5

ПРИФАТИ ЈА ОДГОВОРНОСТА ЗА СВОЈОТ ЖИВОТ
(Архимандрит Андреј Конанос)

    Прифати ја својата одговорност во животот! Со други зборови, да сопреме да ја префрламе одговорноста врз другите за тоа како се чувствуваме, да сопреме да велиме:" Виновно е моето дете, маж ми, жена ми!" и да сфатиме, дека за тоа како се чувствуваме зависи од нашето решение и слобода. Ние имаме слобода да чувствуваме радост, да негодуваме,  да плачеме, да мрмориме, да се огорчиме, но и тоа да бидеме среќни. Тоа е она нешто кое Бог го сака, па дури и да има криза и да живееме во време на економски проблеми, тоа не означува, дека Господ сака да полудиме, или да се самоубиеме, или постојано да трчаме по психијатрите. Можеме, која и да е состојбата на земјата во која живееме, да бидеме среќни, блажени, тихи, спокојни. Но, некој ќе каже: "Надвор е тотален хаос!". Надвор е тотален хаос но, тоа како ти ќе реагираш, зависи од твојата душа. Во еден дом со петмина души се појавува некаков проблем - едниот ќе го чуе и почнува да полудува, другиот ќе го чуе и се моли, а третиот ќе го чуе и се секира и не знае што да прави.
    Проблемот е еден, иритацијата е една, но реакциите се различни согласно човекот. Секој реагира на сопствен начин. Не можеш да кажеш: " Другите се виновни за тоа, што ми се случува!". Иритацијата е надворешна, а тоа како јас ќе ја примам зависи од мојата духовна состојба, од светоста, која ја имам или ја немам, од душевната рамнотежа, која ја имам или ја немам, од врската, која ја имам или ја немам со Бог. Никогаш не упатувајте обвиненија кон надворешните нешта. Никогаш не е виновна жена ти, оти си изнервиран, притеснет итн. Ниту мажот ти е виновен за тоа, што го чувствуваш. Мажот ти е иритацијата, поводот, но проблемот е тргнува одвнатре, од тебе - ако ти имаше поинаков карактер и беше поинаков човек, мажот ти што и да ти кажуваше и правеше, немаше да реагираш на истиот начин. Доказ? Постојат други жени кои имаат полош маж од твојот но, и покрај тоа, не го правот истото - не викаат и не ги фаќа хистерија. Зошто? Затоа што се во друга духовна состојба.
    Сето ова го дознав од свети Антониј Велики, кога еден човек му кажал: „Оче, моли се за мене да се спасам, да отидам во рајот, да се поправам, да станам добар, те молам, ако испратиш молитва, животот ќе ми се промени!”. Светиот Антониј одгворил: „И да се помолам и сите да се помолат, ако ти самиот не сакаш, никој нема да те спаси!”. Треба и ти тоа да го посакаш! Среќата зависи од тебе. Во твоите раце е да избереш како ќе живееш. Дури и да имаш искушенија, ти можеш или да ја отвориш или да ја затвориш вратата за искушението. Најчесто имаме склоност да ја префрламе топката на друго место. Сметаме дека некои други се виновни. Општеството е виновно, оти сум таков, оти сум полудел. Ама живот ли е ова што го живееме? Другите се виновни, што се збудалев! Жена ми е виновна, оти на работа имам  стрес, напрегнување, нервирање. Не е жена ти виновна, туку значење има тоа во каква духовна состојба се наоѓаш.
    Се сеќавате ли што рекол Христос, кога отишол да го воскресне Лазар? Тој им рекол на луѓето:„Подигнете го каменот од гробот на Лазар!”.  Свети Јован Златоуст исто така вели: „Добро, Христе мој, уште малку и ќе го воскреснеш оној, кој е мртов. Зар не можеш каменот да го помрднеш? Самиот помести го каменот! Со едно чудо!”. Светителот продолжува: „Не. Знаеш ли зошто? Оти она кое ти можеш да го направиш, треба да го направиш, а она, кое не можеш да го направиш, Бог ќе го направи. Можеш ли да го поместиш каменот? Можам. Помести го. Можеш ли да го воскреснеш мртовецот? Не. Јас ќе го воскреснам.” Треба да ја прифатиш твојата одговорност и  да го земеш животот во свои раце. Тоа е многу важно, тоа прво нé поттикнува да престанеме да негодуваме. Сите, кога се исповедаме и разговараме, имаме склоност да им говориме на другите. „Оче, што да ви кажам, не сум добро!”„ Зошто си лошо?”„ Ете, децата, мажот, работата!”
    Малкумина велат: „Лошо сум, оти сакам  и затоа лошо сум! Бидејќи сум се научил да сум лошо, оти ми се допаѓа да сум лошо, оти кога сум лошо, сите ми даваат значење, ми обрнуваат малку внимание и јас можам да кажам нешто. Кога ми е добро и кога ќе отидам во некое друштво, сите мои пријателки се жалат од своите мажи и ако јас не кажам нешто, што барам таму? Треба да кажам некаков проблем, за да најдам нешто за просудување, да коментирам. ” Малкумина признаваат: ”За она што ми се случува во животот, лично јас носам одговорност. Јас оче, решив и се нервирав. Маж ми ме налути.”
    Ава Доротеј го кажува тоа на убав начин. Некој отишол кај него и вака му рекол:
- Оче се скарав со оној монах.
-Зошто чедо мое?
-Многу ме лути! Ми ги скина нервите! Неговото однесување е неподносливо!
 Ава Доротеј одговорил:
- Тој човек ти е благодетел, бидејќи ти помага да разбереш колку слаб каракатер имаш.
Проблемот не е во него. Во тебе има пиано - тој доаѓа, притиска на клавишите и дига врева. Ако во тебе немаше пиано, како тој ќе ги пронајдеше клавишите за да дигне врева? Ти си расположен кон нервирање, маловерие и другиот дошол и те нервирал. Но, ќе видиш и луѓе со таков карактер,  на кои не им влијае ништо од она што ќе им го направите. Зошто не им влијае? Затоа што нивниот карактер е таков. Она кое што некои го имаат според својата природа, не сме повикани да го придобиеме преку нашата лична борба. Детето доцни вечерта и не се враќа. Добро, тоа твоја одговорност ли е? Која е твојата одговорност?„ Ама детето е мое!” Добро, што значи тоа? Ако детето е мое, тоа не значи дека треба да се разболам заради детето. Не му помагаш на детето, ако се разболиш. Не помагаш на детето ако те опфати хистерија и започнеш со јавувањата, тревогата и хистеријата. Ова е помош за детето - остави ги другите на мир  и погрижи се за твојата духовна тишина, подготвеност и спокојство. Кога твоето дете отсуствува, што сака Бог? Да се помолиш, да втихнеш, да придобиеш мир и да повериш се на Бог. Потпри се на Бог и кажи: „Боже мој, Ти погрижи се!”. „Тогаш каква мајка сум, ако не се јавам на телефон, да видам што прави? Ако не го натерам татко му да се јави и да се испокараме сите заедно, не е ли подобро, да почувствуваме дека сме семејство, дека се грижиме едни за други?„ Не! Го кажувам тоа, бидејќи денес едно дете ми сподели: На моите родители нешто им стана и пак започнаа кавгите в куќи, и кога останав да спијам кај еден пријател, тие ми се обраќаа по телефон. Батеријата ми се беше потрошила, а тие мислеа дека не им одговарам и си правеа сценарија во својот ум. Кога отидов дома, мајка ми почна да вика, а и татко ми, наводно за мое добро. Ме тргна настрана и ми рече: "Јас немаше да ти се јавам, но таа ме натера и ми рече:" Ти јави му се! Оти кога ти ќе му се јавиш, малку му е страв од тебе, ти го има стравот!" А мајката вели:" Но, ако тоа не го направам, каква мајка сум?" Таа чувствува дека нејзина одговорност е да трча по детето. Но, не е тоа нашата одговорност. Најважното кое што треба да го правиме, е  да се занимаваме со својата внатрешна обработка, со молитвата, со допирањето до Бог. Дали има некој кој се допрел до Бог и да има проблем. Кој? Кога откога ќе се допре до Бог, ќе почувствува тревога, за своето дете, за својот човек, за твојата болест. Нема ништо од тоа. Ако го почувствуваш Бог, ништо на светот нема да те притиска, дури светот и да потонува. Дали е тоа презир? Она што го правеле отците и оделе во пустина, дали е тоа презир? Не. А што велеле? "Јас ќе ја примам сопствената одговорност да станам светлина, да станам свет. Да станам моќна молитва и таа да му биде на помош на целиот свет. Мојата одговорност не е да трчам по другиот, да го стресирам и сите заедно да полудуваме." Ние црковните луѓе, кои се нарекуваме црковни луѓе, како да сме свикнале секогаш да ја префрламе топката на некој друг. Ѓаволот е виновен, другите се виновни, магиите што ни ги прават се виновни, на само едно нешто не е виновно - самиот јас! Не велиме: "Јас сум виновен!". Се некој друг треба да е виновен.
Тоа напомнува на оној монах кој велел:
-Вечерта јадев тајно оче, станав и јадев, иако беше забрането да јадам.
Оти сите постеле, а тој станал, изел едно парче сирење, а потоа изел и едно јајце, но не знаел како да го подготви и кажал на духовникот:
-Оче го изедов јајцето, простете ми!
-Е како го изеде јајцето во келијата, без да го свариш?
-Видете оче, во оној час ми дојде на ум, да земам еден клуч од оние големите, го ставив јајцето озгора, и со свеќата онаму кај што имаше дупка, го стоплив, го вртев, го вртев и по 15 минути го зготвив.
-Аман бре дете....
-Оче што и да речете ќе имате право! Но, не сум јас виновен, ѓаволот ме поттикна!
Одеднаш се јавил ѓаволот и рекол на духовникот:
- Извинете оче, но она што тој го направи, јас ниту сум го помислил! Ниту го знаев тоа!
Гледате, дека е лесно одговорноста да биде префрлена некаде на друго место  и да не сакаме да признаеме, дека ние имаме проблем. Зошто сепак, не ја префрламе одговорноста врз самите себе? Зошто? Од мали сме научени - од нас, свештениците, сте се научиле погрешно и ние понекогаш погрешно кажуваме, оти кога ќе ја кажеш грешката и кога ќе си ја признаеш одговорноста, Бог те прекорува и те казнува.

Monah.vo.chamec
Но, за да кажеш: "Згрешив и ја прифаќам  одговорноста за својот живот", треба пред себе да имаш една прегратка. Ако постои ладнотија, казна, грмотевица, ад, не го велиш тоа, туку кажуваш: "Оче другите се виновни!". Кога сепак ќе разбереш, дека Бог е љубов, дека не казнува и дека ние си го вообразувaмe Господ, како Некој, Кој ни се спротиставува во животот. Длабоко во нас се вгнездило ова разбирање - дека кога ќе тргнам да правам нешто добро, Бог ќе ми создаде проблеми, ќе ми создаде препреки; т.е не мислиме дека Бог е наша страна. Зошто? Затоа што кога имаме проблеми велиме: "Кој ми ги создава? Бог! Значи каков е Бог? Тој е против мене".
Тоа разбирање е погрешно, а само едно нешто е правилно, а тоа е дека имаме многу проблеми во животот, кои на што се должат? Не се за казна, туку за поучување. Бог сака да се поучиме од она, низ кое минуваме. Не затоа што не казнува за нешто, што сме го направиле, туку затоа што сака да не направи зрели. "Што направив, за да ми се случи ова?" "Ништо, бре дете! Треба ли нешто да си направил?" Понекогаш е така, не повторно тоа не е казна (наказание). Тоа е поучување, исправање, т.е еве јас како мал се подсмевав на една баба во населбата заедно со другите деца, је гледавме како оди, каква ú беше косата, облеката. Се потсмевав ли? Така и јас ќе пораснам и со мене ќе се потсмева некој. Зошто да се лутам? Треба само да си припомнам на тоа и Бог ќе ми каже: "Дете мое, она, што го направи, гледај како боли! Сега и на тебе ти се потсмеваа." Вчера имено, одев по една улица, еден автомобил помина наблизу, не ме гледаа, им бев свртен со грб, и некој извика силно:" Попови! Измамници!" Си реков: "Пресвета Богородице, ме похулија без ништо да сторам." Toгаш се сетив дека во животот и јас сум повредувал луѓе, без да ми направат нешто. Тоа е не е казна (наказание). Имено Бог ти вели: "Гледај, во животот постои справедливост не за да те натерам да осетиш болка како казна, туку за поучување, лекција, како духовно култивирање." Бог не сака да нé казнува и затоа не е лошо да ја признаваме нашата одговорност: Јас сум виновен, оче! Јас сум виновен, Боже мој!
"Ако јас бев поспокоен, ништо немаше да ме вознемирува!" Доказ? Има жени кои кога се чувствувааат добро и немаат нервози, немаат лични, хормонални, гинеколошки проблеми итн. што и да станува дома, имаат насмевка. Ништо не ги вознемирува, оти се добри со себеси. Но, има други денови и детето вели: "Мамо, во колку часот вечерва ќе одиме на забар?" "Застани сега, дете! Престани со тие прашања!" - вели мајката. Што и да каже детето таа се дразни; нервирањето може да дојде и со нешто незначително. Кога? Кога немаш добра врска со Бог, со молитвата и со душата. Другите се виновни. Никој не ни е виновен, што не сме духовни луѓе. Еден човек ми кажуваше за неговото семејство, дека го загубиле сиот свој имот.
- Во минатото имавме многу пари, куќи, имоти, но сé загубивме.

Јас го прашав:

- На што се должи тоа?

Тој со леснотија ми одговори:

-Ни направија магии. Оттогаш во животот  сé  почна да ни врви накриво и наопаку итн.

Жена му беше во близина и таа го кажа најразумнто нешто:

-Ајде кажи ја целата вистина на отецот! Не е тоа, туку ако го беше малку оставил коцкањето, тогаш ќе можевме барем онаа едната куќа да ја спасиме. Не ги обвинувај за се магиите. Ние исто така сме одговорни за тоа што се случи.

    Да не ја префрламе секогаш топката на другите, да ја прифатиме својата лична одговорност за нашиот сопствен избор во однос на своите дела. Како се формира нашата реалност? Она што е околу нас, кој го прави? Дали Бог го создава? Околностите кои доаѓаат и нé растројуваат? Бог допушта да стане нешто, но како ќе го почувствуаш зависи не од Бог, туку од тебе. Ти решаваш за него и го избираш. Затоа на Света Гора, каде што живеат отците, кои ни се пример за живот, гледаш - ги навредуваат, доаѓа некаква болест, некаков проблем, но тие не потклекнуваат. Или ќе потклекнат, но за кусо време ја прифаќаат одговорноста во своите раце и размислуваат: "Зошто Бог го допушти ова, на што сака да ме научи, на која Божја вистина треба да се сетам"  и пак застануваат на нозе и наоѓаат рамновесие. Тоа повторно го кажува Ава Доротеј: "Кога ќе дојде големо искушение во твојот живот, за да можеш да застанеш на нозе, ти потопи се на дното. На дното секогаш постои тишина и спокој." Што означува да се потопам на дното? Тоа значи - во часот на искушението, спомни си за некоја Божја вистина, која може да те направи среќен. Еден светител кажува, дека кога си притеснет во животот, во тој час сигурно си заборавил некоја Христова вистина.

На пример доаѓа некој, те нервира и ти паѓаш во стапица, ја почнуваш кавгата, се скаруваш и влегуваш во прекословие. Еден збор кажвуа мажот. Жената одвраќа, децата и тие се вклучуваат во вревата.Така човекот се прашува: Што заборавив во тој час? Заборавив дека сме браќа, не го  живеам тоа нешто, исклучена е можноста да го живеам, заборавив дека не е случајно, тој маж да е мој маж и таа жена да е моја жена. Заборавив и Бог ти кажува, дека во животот ништо не е случајно. Таа жена е до тебе, за да те научи на определени нешта, не е до тебе, за да ти го направи животот неподнослив. Ти се согласуваш и таа го прави неподнослив. Ти би  можел да станеш свет со таа жена, да и и целиваш рака, кога ќе дојде часот на твојата смрт, како еден монах што ја целивал раката на некој во манастирот, кој му го направил животот неподнослив. Знаете ли што му кажал?" Дојди тука оче, дај ја раката!" и ја бакнал. Оној пак се зарамил и рекол: "Зошто ми ја бакнуваш раката? Па јас ти го направив животот неподнослив." Монахот кој пак бил на умирање, што му одговорил? "Оче никој не ми е виновен во животот. Без оглед на тоа што маки истрпев, сакав да ги истрпам. Особено на тебе ти должам голема благодарност." "Зошто?" " Затоа што, поради тебе се научив на трпение, се научив да љубам, да простувам, ти должам исклучително многу." Тој не ја префрлил одговорноста врз човекот, како што многумина прават.


    Мнозина мажи кажуваат: "Ти си виновна, што ми се скинати нервите!". Но, би можел да кажеш: "Ти си виновна што ми помагаш да се справам со својата нервоза!" Ние ги восприемаме нештата наопаку и постојано се разочаруваме. Колку повеќе пак, ако во моментот на искушението помислиме, дека оној кој се обраќа кон  нас, има проблем. Во тој момент тој е оној кој се мачи и е растргнат, сме го заборавиле тоа. На пример мажот, кој се враќа уморен од работа, избувнува пред жена си за различни нешта, за пари, за долгови итн. Што чувствува жената во тој момент?" Гледај го пак! Пак сака караница. Пак ме провоцира!" Старецот Порфириј вели:" Треба да почувствуваш дека во однесувањето на тие луѓе се крие следната порака - страдам, исплашен сум, чувствувам несигурност, треперам за иднината. Без разлика што човекот изгледа подивен, тој во душата стравува: кога ќе го видиш да креска, да дивее, да се нервира, да крши, како што прават младите." Така што и специјалистите и светите луѓе ги разликуваат чувствителните души, кои стравуваат и од паника дигаат врева. Не дека се зли луѓе, кои ќе не изедат, туку се многу чувствителни и страдални, но што прави и едниот и другиот (т.е. мажот и и жената)? Двајцата запаѓаат во стапицата на егоизмот и судирот.. Мислиш, зло ќе ти стори. Но, какво зло да ти направи?  Во тој миг тој е уплашен, а ти се плашиш за твојата духовна состојба, не чувствуваш сигурност и стануваш агресивен. Гледаме дека во домовите има напрегнатост, караници, соперништво, збрканост. Тогаш велиш:" Што се случува овде? Да не се води битка? Кој ќе го победи другиот?". Жените прават чудни физиономии, веднат глава и по три дена не зборуваат на својот маж. Ги прашувам:
- Зошто не му зборуваш?
-Така ќе се научи!
-Што ќе се научи? Зошто не му се насмевнуваш?
-Му простив веќе, но го правам тоа нарочно!
-Зошто го правиш нарочно?
-За да не се прави важен! Оти пак ќе ги имаме истите проблеми!
    Начинот на кој дејствуваме, нé исфрла од духовната орбита на светоста и нé  поставува во една чисто светска и земна игра. Не сме возвишени луѓе, не сме онакви, какви што Бог не сака - т.е. со духовност и светост. Доколку бевме такви, што и да ни правеа, ќе се бевме почувствувале така, како комарец да нé каснал, како комарец да каснал слон. Дали слонот чувствува нешто од комарецот? Ништо. Ако нашата душа е така исполнета, ако молитвата ме исполнува со такво чувство на среќа, ќе одев во канцеларија, кај што некој ќе ме навреди или пренебрегне, но ништо немаше да ми смета. Зошто? Не ме вознемирува што ќе ми кажеш и нема да кажам: "Зошто ме потценуваш така?" "Дали знаеш кој сум?". Мене не ме интересира што ќе кажеш. Зошто? Затоа што Го слушам Бог во себеси, Кој ми вели: Дете мое, те љубам, ти си исклучително вреден за Мене,  како и сите, не затоа што си најдобриот, но ти си сепак исклучително вреден за Мене и затоа не ме грижи што ќе ми кажат другите. Кога пак, не сум се помирил со себеси, постјано барам од другиот потврда, признание, да ми обрнат внимание, да покажат интерес кон мене, тогаш се создаваат проблеми.

Така и ти, прифати ја одговорноста за својот сопствен живот! Еднаш говорев на истата тема за децата и родителите и ја насловив вака: Остави го детето на мир! Остави го на мир. Занимавај се со себе. Ми велат :"Како впрочем да го оставам детето?" Тоа е помошта за твоето дете - да го оставиш да порасне на мир, без да го задушуваш. Без да го притискаш. Ние сме ја побркале одговорноста со дразнењето на другиот. Не е тоа нашата одговорност. Дали можеш да имаш такво сјаење? Дали можеш ти да станеш среќен? Тоа е најголемиот принос и грижа за твоето семејство. Ти стани среќен човек, не ги гледај другите, гледај се себеси и твојата врска со Бог и така ќе помогнеш на другите преку твојот спокој и светост. Една мајка  велеше:" Јас цел ден метам, чистам, готвам, се потам заради децата! А пак кога тие ќе се вратат, многу сум изнервирана од уморот и цел ден избувнувам пред нив, а сето тоа за нив го правам! " Нејзиниот духовник и кажал: "Гледај, попладне од три до четири поспиј си, за да ти се смири нервниот систем, оти се будиш од шест наутро, цел ден си во напрегнатост," на трње" сиреч, па потоа си како труп и избувнуваш." Таа одговорила: "Но, ако не сум будна, како ќе се погрижам за нив?"Aма тоа е грижата - прво за себе да се погрижиш, за потоа да можеш да се погрижиш за твојот брат. Треба да бидеш здрава личност, за да помогнеш на другите на здрав начин. Што инаку станува? Правиме спазматични движења, имаме болна психа и тргнуваме да помагаме на луѓето со нашите болести. Како ќе помогнеш? Помогни си на себеси, за да помогнеш на брата си. Не е лошо да се сакате себеси во таа смисла. Да си дадете време, да се успокоите, да земете една книга и да кажете:" Сега веќе не се занимавам со други работи, доста е!" А домот? Остави го домот малку поизвалкан, но срцата да се сакаат повеќе. Не пречи воопшто да погледнам прво на мојот спокој. Пречисти домови со постојани кавги, внатре сé блеска, а се караат,  сé надворешно е префектно, а љубов нема. Во краен случај, наместо да метеш дома, позанимавај се со тоа да погледенеш во себеси и да поработиш со себеси.
Кога ќе ја прифатиш одговорноста за својот живот и ќе се позанимаваш со себеси неегоистично, туку човекољубиво за другите, ќе бидеш вистински слободен човек. Ќе го изразуваш своето мислење, без да се плашиш да не ти кажат нешто, што ќе те навреди и и ти ќе се расрдиш. Ќе ја говориш вистината. Старецот Паисиј вели: Во минатото на Света Гора, луѓето беа толку искрени и директни, затоа што ги интересираше мислењето на другите, туку на Бог. Ако некој доаѓаше во мојата келија, а јас бев уморен и немав сили да се сретнам со него, можев да му кажам:" Оче, се се изморив, дали може да си одиш, за да можам малку да се одморам?  Сакам да го прочитам правилото. Би требало да си одиш. Не ме грижеше што ќе каже за мене. Зошто? Ме интересираше, што Бог ќе каже за мене. " Тоа е големо нешто. Некои мајки и татковци не можат да кажат "Не!" на другиот, затоа што велат: Ако кажам не, како ќе го прифати? А што те интересира како ќе го прифати? Научи се да кажуваш "Не!" со љубов и "Да" со љубов. За да кажат "Не!" на своите мажи, некои жени мораат да направат кавга. Тоа е грешка. Те сакам значи ти давам, но сега не можам, се изморив. И ти речи: "Денес не можам љубов моја, да одиме таму, кај што сакаш!" " Ама..."Зошто ама? Пак те сакам!"
Тоа значи да ја превземеш одговорноста во својот живот. А не да се претвораме во лажлива жртва, и потоа да избувнуваме и да станува голема караница. Треба да ја кажуваме вистината во животот, но да не се губи љубовта од нашите души. На многу луѓе им велам" Не!". На пример доаѓаат неколку луѓе и сакаат да се исповедаат. Нема да им кажам "Да!",  затоа што не можам. Сум беседел и после тоа да имам пеесет исповеди - како да поднесам? Зарем тоа нема да значи, дека не те љубам? Не. Која е мојата одговорност во животот? За да принесам нешто, треба да можам да го соберам и како пчелата треба да има место, каде што можам да бидам во спокојство и тишина, за да можам после тоа да ја изнесам беседата. Не можеш да се поделиш на илјада парчиња и сите да ги задоволиш. А тоа значи: "Прифати ја својата одговорност!" - на прави го она што можеш и она што Бог ти го дал како дарба да го правиш. Зачувај се како личност, запази го своето рамновесие, научи се молитвата да ти дава мир и да те пренесува на друго место. Ако ве запрашам колку време се молите? Ако ве запрашам што чувствувате во молитвата? Не знам што ќе ми одговорите. Кој може да ми каже, дека во моментот, во кој се моли, на пример не се сеќава каде се наоѓа, колку е часот, кој ден е, дали некој може да го каже тоа?
    Тоа е твојата одговорност - да се научиш да стигнеш до тој миг, да се потслониш на Бог и да го чувствуваш своето срце како рај. Потоа ќе се молиш за своето дете и Божјата благодат, ќе го покрива од сите страни. Овие денови ми кажа една мајка: Имам три сина и тричките студираат во туѓина. Едниот во Америка, а другите во Англија. Така, јас не правам ништо, освен што се молам. Тоа е мојот принос, тоа е  мојата одговорност - да се научам да влезам во близина на Бог и да Му го принесам најдоброто, што можам. Едно време им се обраќав по телефон, а на крај ги изнервирав. "Полека мајко, тоа не е љубов! Занимавај се со себе и тоа ќе го почувствуваме како љубов. " Тоа не означува дека го запоставувте другиот, туку дека го љубите.
    Нашата реалност се формира од Бог, Кој допушта собитијата да станат онака какви што се, како и заради нашата реакција кон таа реалност. Сакаш и се гневиш, не сакаш  - не се гневиш. Кога излегуваш од дома, вели си: "Денес ќе бидам во атмосферата на Бог. Ќе имам многу искушенија - на работното место некој ќе ме нервира, оној пак ќе си ги каже зборчињата, онаа ќе ме праша: Зошто уште не си се оженил?". Друга ќе каже: "Зошто ќерка ти уште нема дете, а веќе две години е мажена? Што се случува? Ќе изедеме ли едно бонбонче?" Такви работи. Тие не не интересираат. Твојата работа е тоа како се чувствуваш. Старецот Паисиј силно го поцртува тоа. Кога му кажувале: "Оче притеснет сум!", тој одговарал: "Притеснет си, бидејќи не си научил умот да ти ги восприема нештата на друг начин." Погледни го истото нешто од друг агол. Има начин да ја гледаш и најлошата ситуација во животот со добро раположение и да не те опфаќа очајание.
    Старецот Паисиј патувал во автобус од Уранополис до Солун и по патот пуштале народни песни. Каква е мојата одговорност, си рекол тој. Дали да ги судам сите луѓе? Да слезам и да кажам: "Тргнете ги тие касети и сменете ја музиката? " Мoјата одговорност е како јас се чувствувам пред Бог во тој миг - луѓето се радуваат, се забавувааат, ги слушаат народните песни, светски нешта. Некој што исто ги слушал рекол:" Абе деца, тука е човекот, отец Паисиј! Сопрете го тоа! Не оди така!" Но, старецот Паисиј рекол: "Не се обеспокојувајте! Јас живеам во мојот свет, оставете ја нивната музика." Некој му кажал: "Зарем не ви пречи тоа оче?" "Не, деца, затоа што во тој момент гледам што Бог сака од мене. Бог не сака мрморење." Ние христијаните, мрмориме исклучително многу. Се уморив од примање на луѓе, кои постојано се незадоволни за сé и сите други им се виновни. На прашањето "Што чувствуваше во тој час, оче?" старецот одговорил: "Си мислев, што ако се беше случила катастрофа, да се бевме судриле, да имаше полиција, пожарна, дали ќе беше подобро? Слава Богу! Луѓето се радуваат како што знаат, го пеат она, што го пуштаат. Јас си кажував "Господе Исусе Христе", помилуј ме! и ги почувствував народните песни како исон на мојата молитва!" Така вели  - тоа е негов израз  - го читав одамна и многу ми е допадна. "Ги слушнав народните песни - Љубов моја, сакана моја, што ќе правам без тебе - и не ме интересира, јас си ја гледам мојата одговорност во својата душа. Јас живеам на друго место." Можеш ова да го употребуваш, инаку секогаш ќе има нешто, за кое си незадоволен.
    Најголемиот мој проблем сум јас самиот. Никој не ми е виновен. Ниту мајка ми, ниту татко ми. Токму од оној ден кога ќе го почувствувате ова - дека за сé сум јас одговорен, повторувам, не како вина, како казна, туку како среќа. За да си среќен, треба да сопреш да ги бараш на друго место  одговорностите за твојот проблем. Тоа го имам предвид. Ти можеш да ги го направиш животот, среќен.
Важно е како ќе погледнеш на нештата - на жена ти, на децата, на сé. На пример се молиш маж ти да биде добар и велиш: "Боже мој, Те молам, на направи го да стане ангелче, добар човек, како што сум јас добра!" Добро, се молиш и тој си доаѓа дома и вели:" Што зготви, тоа не ми се допаѓа, зготви ми компири!" И почнува врева и ти велиш на  Бог:" Боже мој, помогни ми да се успокојам!" Маж ти те нервира, а Бог ти одговара: "Но, за да ти помогнам да станеш спокојна, тој малку треба да те изнервира, за да ја научиш лекцијата за спокојство". Како ќе ја научиме лекцијата  по трпение, ако некој не дојде да не изнервира? Како ќе ја научиме лекцијата по простување, ако никој не нé онеправдува? На когo ќе простиме? Така на карпите? Некој треба да ми направи нешто. Ова означува, дека не го разбираме Бог и дека Тој нé зема многу сериозно. "Ти ме помоли да станеш свет!" Така Бог допушта да дојде болка во твојот живот. Велиш: Зошто ми го направи тоа? Бог одговара: "Добро, нели посака да се осветиш? Како ќе се научиш на светост?" Преку премрежијата, преку твоето детенце, преку твојата болест, преку твојот неуспех, така ќе станеш свет.
    Ако ја прифатиш одговорноста во твојот живот, треба да ги очекуваш одговорите на Бог и да ги преведуваш правилно во своите мисли, а не изопачено, имено дека не те љуби. Тој нé љуби исклучително многу. Тоа е единственото нешто, кое што не сме го разрбрале. И јас и вие и сите. Ако сфатиме колку многу Бог не љуби, воопшто нема да ме интересира што ќе кажат другите за мене, дали ме сакаат или не. Би ми се допаѓало да ме сакаат, но нема да ме вознемирува, ако не ме сакаат. До ова нешто треба да стигнеме. Да ја бараме љубовта на другиот, но ако не ни ја дадaт, тоа нема да ни пречи. Затоа што јас се допирам до изворот т.е Бог и срцето ми се исполнува со среќа. Тоа е највисоката точка на среќа за еден човек. Не ми се допаѓа да го кажам зборот " треба" но, тука ќе го исползувам, затоа што треба да го кажам, дека треба да бидеме среќни. Не може цел живот да сме во депресија, во мизерија, незадовололство, во неуспех.
    Прифати ја одговорноста во својот живот и сé ќе се промени. Понекогаш навечер слушам една емисија во која луѓето се јавуваат и секој кажува што сака - некои пеат, други зборуваат, трети си ги кажуваат проблемите. Емисијата се вика "Буден". Приметувам, дека кога некој ќе се јави, и почнува да покажува незадоволство, водителот на емисијата го затвора телефонот. И добро прави. Го разбрав и се поучив од тоа. Решив, дека ќе го правам и на исповед. Крај, не примам веќе незадоволство. Една жена се јави  и водителот ја запраша:
-Како сте?
- Како да бидам? Добро. Денес, многу врне, нé удави!
- Е не смета, време беше да заврне!
- Ама ште велите...
- Не смета. Нека врне.
-Имам и висок притисок!
-Ќе оздравите! Бог си знае!
То ест, сакаше да и каже: "Не ја префрлајте топката на друго место." Ти прифати ја одговорноста за својот живот.
- Добро, ајде, добра ви вечер! - и рече и го затвори телефонот.
Тоа е многу полезно. Престанете да бидете незадоволни во животот. Не расудувајте и земајте учество во расудувања, кои ја префрлуваат одговорноста одвнатре нанадвор. За никого не коментирајте, затоа што тоа не помага. За сé си виновен ти. За сé сум виновен јас. Ниту мажот ти, ниту детето, ниту никој. Бог допуштил тие луѓе да се до нас. И тоа не е случајно. Она што станало денес, вчера или кога било во животот, не е случајно.
    Значи не сносиш одговорност, ако некои ти кажат, дека поради тебе нешто им се случило. Тоа е лага. Одговорност носиме за тоа дали ние добро одиме. Тоа како другите ќе реагираат до нас, е нивна одговорност. Едно момче ú беше кажало на мајка си: "Ќе станам свештеник! " А таа беше одговорила: "Ако станеш свештеник, татко ти ќе умре од мака!" Во случајот одговорноста на е твоја и тоа не важи. Како и една девојка што велела: "Ќе се омажам за едикојси!" А татко и одвраќал: "Ако го направиш тоа, ќе нé убиеш!" Немаш одговорност за тоа како другите се чувствуваат. Тоа е нивна одговорност.
Ние играме игра со другите и ги обвинуваме, за да чувствуваат после тоа грижа на совест, дека се измачуваме заради нив. Тоа не е вистина. Секој е одговорен за своите дела и постапки. Да не паѓаме во таа стапица. Да не создаваме во другите вина, главно родителите кон своите деца.
- Ако го направиш тоа, да знаеш дека твојата мајчица многу лошо ќе се почувствува!
- Зошто да се почувствуваш зло мајчице?
Ако сака да се почувствува така, нека се почувствува! Но, детето не е виновно, оти таа така се почувствувала. Затоа што ќе ти каже: "Мојот пријател отиде на екскурзија и мајка му не направи баук од тоа, како што ти направи. Ти зошто викаш!? Мојот пријател дојде на екскурзијата и неговите родители беа согласни, а ти ме заплашуваш, дека ќе умреш?" Често постапуваме на тој начин - за време на студиите, дома, во однос на тоа каде ќе живеат децата, при изборот на сопруг/а и на професија. Не може така. Сé започнува од она што го кажав - дека не ја гледаме нашата врска со Бог, туку постојано ги гледаме другите, таму наоѓаме смисла на животот и не го правиме тешкото, ни се допаѓа да го правиме лесното. Кое е тоа? Да се занимавам со тебе, а ти со мене. А  кое е тешкото? Да ја побарам вината во себеси.
    Еден монах загубил една игла, излегол пред својата келија и почнал да ја бара. Сонцето изгреало и било светло. Друг монах поминал и го прашал:
- Што бараш?
- Својата игла! Ќе ми помогнеш?
Барале, барале но не ја пронашле. Пребарале насекаде. Другиот монах го прашал:
- Ту бре оче, многу добро гледав но, не ја најдов! Каде е иглата? Каде точно ја загуби? Се сеќаваш ли на местото?
- Ја загубив во келијата.
- Зошто тогаш бараме надвор?
- Ами оти тука е светло!
- Ама што се случува со тебе?
Тука е светло, тука е лесно. Прашањето е да отидеш во мракот да побараш. Ние тоа го правиме. Место да признаам дека сум изнервиран, велам, дека нешто друго ми е виновно. "Детето е виновно! Оти го направи такво какво што го направи!" И наеднаш викотници, врескања, тепачки. Зошто? Зошто тоа е лесно. Лесно е да удриш шлаканица на детето. Тешко е да разговараш со него...
    Едно дете ми кажа: Кога ќе отидам да разговарам со татко ми, по пет минути му се зева, не сака долг разговор, тешко му е. Не сака разговори, затоа што е изморен од работата. Или ми вели: "Тргни се оттука, остави ме на мир!" Така ја завршуваме темата. Монолог бам - бам! Завршивме! Тоа е лесно. Прашањето е дали можеш да водиш разговор со детето?
    Една мајка ми се јави - пет пати ме бараше, видов на телефонската секретарка и шестиот пат, подигнав. Си реков:  "Ај да ја чујам што сака и да и помогнам" ,  а таа велеше:
- Оче мој, Ве молам помогнете му на моето дете, имам многу добро дете, го водев на црква, го исполнував тоа што го сакаше, му помагав, а сега се тргна и сакам да  го доведам на исповед, кажете ми каде да ве најдам, да ви го доведам!
Е, кога десет пати ќе го чуеш ова, дури и да си индиферентен, ќе се трогнеш! Се потресов и во четврток отидов да се видам со мајката. Ја прашав:
- Кој клас е вашето дете?
- Тој има четириесет и две години.
-Значи, јас си одам, друг пат ќе зборуваме! Довидување! Да му кажете да дојде и да ме најде!
Но, сериозно ли е ова? На четириесет и две години и да ми вели: "Ќе ти го доведам детето!" Какво дете!? Тоа го имам предвид. Taa не ја прифатила одговорноста во својот живот, веќе го повредила сите тие години, за време на кои го извадила од нерви, сега "детето" дигнало сé во воздух, напуштило сé, а ти продолжуваш со тоа. Сега да го земе за рака и да доведе на исповед. Четириесетгодишен. Зошто? Затоа што ниту ја прифатила одговорноста во својот живот, ниту го оставила детето да ја прифати својата. И вели: 'Ако го оставам, ќе ми избега!" Oстави го да ти избега! Сметаш дека ќе дојде блиску до Бог на тој начин? Како прво на мене ќе гледа како на некој, кај го довела мајка му: "Еве, ти го доведов моето дете за да го сториш човек!" Каков е тој? Оти бидејќи на истата возраст како и јас и мене ли да ми го доведеш? Само ќе дојде "детето".
    Колку убаво нешто е да се занимаваш со себеси, да не го обеспокојуваш другиот и да го љубиш. Помоли се сега, не оди да ги гледаш турските серии, туку помоли се. Да, се смеете! Но, ако ти кажам да се молиш онолку време, колку што трае филмот, нема да го сториш тоа. Го гледаш лесното решение: "Да ти го доведам детето!" А да се молиш толку време, колку што трае филмот, можеш ли? Буквално? Еден ден во седмицата да кажеш: "Колку време е филмот? Четириесет минути. Ќе прочитам од псалтирот, Новиот Завет, ќе се помолам за моето дете." Тоа значи дека ќе ја прифатам својата одговорност на животот заради сите луѓе.
    Сакаш ли да помогнеш на другите? Помогни си на себеси. Тоа не е егоизам, туку грижа. Зошто? Најдобриот крводарител, вели старецот Паисиј, е оној, кој прво ја очистува својата крв од токсините, така што ако стане крводарител не ги предаде заедно со крвта и токсините на другите. Ние одиме да даруваме крв, а исполнети сме со проблеми. Каква крв ќе дадам, ако самиот сум валкан? Затоа прво погрижи се за себеси. Исчисти си ја душата, возљуби го својот Бог и децата ќе дојдат да те најдат, да ти зборуваат и да кажат: "Мамо, кажи ни нешто, помогни ни, поткрепи не! Твојата молитва нé прегрнува." Така можете да покажете голема помош за своето дете. Вие имате многу скапоцени души, но реално не сме го разбрале тоа.
Што прави сега старецот Паисиј? Каде е? Во Суроти. Што прави таму, кај што е? Ништо. Лежи. Каде? Во земјата. Луѓето одат и коленичат. Дали тој трча некаде? Не. Сите трчаат кон него. Каде е старецот Порфириј? Не е познато. Каде се неговите мошти? Некои знаат, други пак - не. Дали некој ги видел некогаш? Никој. Кои го сакаат? Сите. Зошто? Зошто се занимавал со сопствената светост.
    Бог го љуби твоето дете многу повеќе од тебе и од мене. Бог би ја создал земјата само заради еден од нас. Дури само ако еден човек постоеше на планетата, Тој пак ќе ја создадеше целата земја. Среќата на другиот не зависи од мене, ниту од тебе. Занимавај се со самиот себеси и така ќе помогнеш на другите.
    За да се отвори душата на другиот, тој треба да те гледа како застануваш до него како топло сонце, благо, учтиво, без напрасност. Никого не обеспокојувајте. Одите во Црква? Одете. Оставете ги другите на мир! Јадете леќа без масло? Јадете и тоа јадете колку што сакате. Другиот јаде плескавица? Нека ја јаде. Не ме интересира што ќе јаде другиот. Нема да го презирам, туку ќе го почитувам и љубам. Ниту пак застрашувања од тимот: Јади плескавици, јади! Но, после тоа не ми кажувај: "Никаде не можам да најдам работа! " "Чекај сега Бог да испрати работа, откако јадеш плесакваица во среда и петок."
    Правиме многу нешта но, всушност друго сакаме. Не сме многу искрени. Една монахиња имала главоболка и не знаела која е причината за тоа. После тоа и се појавиле мозолчиња по лицето и таа пак не разбирала во што е причината. Дошол еден добар духовник, кој и рекол:
- Кажи ми отворено што се случи, но говори ја вистината!
- Оче, јас понекогаш во животот не го вршам тоа, што реално го сакам, затоа не издржувам. Кога бев во светот, се заљубив во еден човек, но бидејќи по неке време се случи нешто и врска пропадна, јас загубив надеж, се разочарав и си реков, дека нема да се мажам, ќе станам монахиња. Добро сум, го љубам Бог, но понекогаш се сеќавам на онаа стара љубов и тоа ме тера да има главоболка, притеснетост, стрес итн. Избувнувам среде другите монахњи, тие ме сметаат за најчудната овде, но јас знам, дека сум ја поминувала својата болка, својот проблем.
Видовте ли во краен случај? Секој говори разни нешта, на зад нив крие други. Велиме на другиот: "Треба да бидеш добар! Да одиш во црква! Внимавај тие врски што ги имаш, не се правилни!". Но, што носиме во душата? Зошто го кажуваме тоа што го кажуваме? Зошто сме многу строги? Оној, кој е многу строг, не ја сфатил смислата на сопственото духовно патување и после тоа започнува да го поучува целиот свет. Кога ќе видите некој, кој сака сите да ги стави на своето место, ама сите, некаде во себе има свои сопствени трзавици. Вистински одговорниот христијанин не се занимава со другите. Возљубен мој, прави како што сакаш! Живеј како што сакаш!
    Никого не обеспокојувајте! Само Бог беспокојте го за целиот свет и главно за вашата сопствена душа. Ќе умреме по сто и пеесет години, колку што секој од нас живее - го кажувам ова, затоа што вчера запрашав еден возрастен монах од манастирот Асоматон Петраки, Атина:
- Колку години имаш?
- Деведесет и шест!
- Да живееш долги години!
Затоа што до сто му остануваат уште четири години и тој ќе се одржи! Бог да му дава долги години!

Превод од бугарски: М. Белева
Извор: https://www.bogonosci.bg/%D0%BF%D0%BE%D0%B5%D0%BC%D0%B8-%D1%81%D0%B2%D0%BE%D1%8F%D1%82%D0%B0-%D0%BE%D1%82%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82/



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7709
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная