логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 (Обновено)

Man.Zurce.jpg

Во издание на  библиотеката „НЕБЕСНИ ЦВЕТОВИ“ при манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче излегоа од печат две нови книги, и тоа:   „ДУШТА ПОСЛЕ СМРТТА“ од јеромонах Серафим Роуз и „ПАТОТ НА ХРИСТИЈАНИНОТ“ од Арх. Рафаил Карелин.
Во моментов, книгите може да се купат  во манастирот  на  св. Јован Крстител, с. Слепче и во манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче ,

 


Православна икона - тоа е особен вид самоизразување и самооткривање на Црквата; тоа е духовно поле во физичкото пространство, каде што се среќаваат радиусите на догматиката, мистиката, сотериологијата и естетиката (имајќи ја во предвид убавината како аспект на Божеството). Од гледна точка на видување на христијанската догматика (умосозерцателните вистини на верата), иконата сведочи за тоа дека Синот Божји стана Син човечки, дека Божественото Слово зеде плот, а Божествената Ипостас стана Богочовечка Личност - конкретна и неповторлива.  Бог засекогаш прими природа на човек за со тоа да, му го открие на човекот патот за бесконечното искачување кон Бог, правејќи го Своето творение причесник на слободата и совршенството на апсолутното битие.
            Од аспект на сотериологијата (учење за спасението), иконата ни го открива идното преобразување на светот, новите својства на материјата и вештеството, одухотворени во огнот и светлината на несоздадената Божествена благодат. Во есхатолошки план (учење за завршната етапа на историјата) иконата - сведоштво за тоа дека светот не се уништува кон крајот на времето, туку се раскројува во својата идеална суштина; материјата, ослободувајќи се од згурата на гревот, од темнината на инертноста и зачмаеноста, ќе стане прекрасна и подобна на духот.
            Од аспектот на мистиката (доживување на религијата, како тајна и лична средба со Божеството) иконата е изразување и пројавување на силата и енергијата, поточно на љубовта на оној што е изобразен на неа.
            Иконата е подготвеност за личносно општење на оние што се наоѓаат во духовната зона (Грч.-зон, руск.-век; просторно временска категорија (прим.ред)  со оние, кои сеуште пребиваат на земјата.
            Иконата е мистична средба, обраќање на светителот кон човечкото срце и можност за обраќање на душата кон вишниот “горен” свет.
            Иконата е секогаш отворен дијалог, канал на божествената светлина.
            Иконата е сведоштво за возможноста на оној којшто се наоѓа во Светиот Дух, да ја слушне молбата, што ја упатиле кон него од сите краишта на земјата.
            Иконата е тајна, која се спознава во молитвата и духовните созерцанија. Имено, во времето на иконоборечките спорови, силни почитувачи на иконите биле самите мистици - аскети.
            Од позиција на христијанската естетика иконата јавува укажување на самата горно - небесна убавина, која што не може да биде адекватно предадена низ линии и бои, но присуствува и звучи во символи, како химна во нотни знаци, како во хиероглифи, слично на вез од тантела, се таи преданието за богатствата на непознатиот свет. Во иконата, што личи на полупортрет - полузагатка, кадешто символите и условните асиметрични линии истовремено ја скриваат и ја откриваат бескрајната длабочина на иконата слична на морската длабочина, свети невидена светлина и звучи безмолвната музика на небесниот корал. Икона - тоа е особен вид уметност, неповторлива идиома, која што се создавала врз основа на молитвено - мистичниот опит на цела Православна Црква. Во VIII - IX век во Византија возникнало иконоборечко движење, поддржано од власта и од дел од свештенството. Во основата на иконоборството лежел лажен спиритуализам, гледајќи само непреодна  провалија меѓу материјата и духот. Непосреден повод за иконоборството послужиле стремежите на византиските императори да ги обединат христијаните и муслиманите во една религиозна општина. Главна пречка за остварување на тој фантастичен план на царот Лав Исавр, Константин Копроним и Теофил кои го сметале иконопочитувањето, кое е категорично забрането во исламот. Во една од сурите на Коранот Мухамет зборува за тоа дека Алах го прашува уметникот, може ли тој да им даде живот на своите изобразби? Се разбира, муслиманските живописци не можат да го направат тоа. Но христијанската икона - не е мртва изобразба; низ неа поминуваат зраци на животоносната Божествена благодат. Таа е соединета низ благодатта со личноста на тој којшто е изобразен на иконата. Низ иконата се пројавува ипостасот на светителот, зашто иконата е жив символ на личноста на светителот не во смисла на органски живот, но во смисла на носител на живототворечката светлина. Иконоборците истакнувале трансцендентност на Божеството. Според нивното мнение Бог е неискажлив и недостижен. Тој не може да биде изразен во визуелен образ; светителите се наоѓаат во духовна сфера, и нивната состојба не може да биде предадена низ подражувачка уметност. На тоа православните возвраќаат дека Синот Божји, Логосот -  предвечен и безграничен - се воплоти; Тој и* се потчини Себе на историјата. Тој живееше помеѓу луѓето како човек, останувајќи Бог. Неговото лице го видоа. Неговиот глас го слушаа, до Неговите одежди се допираа. На иконата е изобразена не Божествената природа, туку човечката, поточно, изобразена е Личноста на Христос преку Неговата човечка природа. Бог е неискажлив, но за Него зборува Светото Писмо. Зборот Негов го создаде светот, тоа звучи на страниците од Библијата. А иконата - таа книга, напишана е не со букви, туку со бои. Идниот вечен живот се разликува од земното постоење, а идното преобразено небо - од космосот. Но исто така, меѓу небесното и земното постојат сличности. Земните реалии не се огледални изобразби, туку символи на идното, па затоа, иконата е символ на идната слава на светиите и преобразување на космосот. Грешката на иконоборците била во тоа што тие не ја поимале различноста меѓу икона и слика. Тие гледале на иконата како на портретно изобразување на духовниот свет.  Затоа острите стрели на критиката им биле надвор од целта. Иконата не е портрет, туку присуство на светителот во неговото условно - символичко и во исто време реално изобразување.
            Иконописот е - особен знаковен систем, што станал јазик на Црквата. Уште Св. Дионисије Ареопагит укажувал на тоа дека во свештените изобразувања е должно  присуството на сличност и несличност. Сличноста за тоа да биде распознаена, а несличноста - за да се истакне дека тоа е подобие, како да е алегорија, а не огледален одраз.
            Сликата, пред се, дејствува на емоционалната сфера. Иконата - на умот и интуицијата. Сликата одразува расположение, иконата - состојба на личноста. Сликата има граници, во рамки на сижето; иконата - се вклучува во безграничното. Некои сметаат дека древните иконописци не ги знаеле законите на правата перспектива и симетријата на човечкото тело, односно дека биле без знаење за анатомскиот атлас. Сепак, уметници од таа епоха ги запазувале точните пропорции на човечкото тело кога изработувале статуи или воопшто вајарски дела (тродимензионално изобразување не се употребувало во Источната Црква, а имало примено само во светската уметност). Отсуството на права перспектива сведочи за други просторни мерења, за возможноста човекот да владее над просторот. Просторот престанува да биде преграда.  Далечниот предмет не станува илузорно намален. Големините во иконите носат не просторен, туку аксиолошки карактер, изразувајќи степен на достоинство. На пример, демоните се изобразуваат во помал размер од ангелите; Христос помеѓу учениците се возвишува над нив итн.
            Сликата може да се разгледува аналитички. Може да се расудува за одделни фрагменти на сликата, кои укажуваат, што е добро и што не е добро во неа. А иконата е невозможно да се расчлени на клетки, на фрагменти, на детали, таа се восприема синтетично со едно внатрешно религиозно чувство. Иконата е прекрасна тогаш кога го повикува човекот на молитва, кога душата го чувствува динамичното поле на енергијата и силата, кои зрачат низ иконата од Царството на вечната светлина. Во иконата фигурите се неподвижни, тие како да се смрзнале. Но тоа не е студенилото на смртта; овде се изразува внатрешниот живот, внатрешната динамика. Светителите се наоѓаат во стремителен духовен полет, во вечно движење кон Божеството, каде нема место за изнакитени пози, суетност и надворешни експресии. Човекот, опфатен од длабоко чувство или потонат во размислување, се свртува кон внатре, и тоа исклучување од надворешното сведочи за интензивноста и напрегнатоста на неговиот дух.
            Напротив, надворешната динамика - печатот на емоциите како времени состојби - зборува за тоа дека оној што сакале да го изобразат на иконата, не се наоѓа во вечноста, туку во времето, во власта на чувственото и минливото. Дојдовме до границите што ја делат иконата од западно - европскиот живопис. За една од врвните остварувања во западната уметност се смета сликата на Страшниот Суд во Сикстинската капела, создадена од Микеланџело. Фигури исполнети со извонредни знаења за пропорциите на човечкото тело и законите на хармонијата. Од нив може да се изучува анатомија. Секое лице има своја неповторлива индивидуалност и психолошка карактеристика. Во исто време религиозното значење на таа слика е еднакво на нула. Дотолку повеќе заради тоа што, тоа е рецидив на многубоштво, возникнат во самото срце на католичкиот свет. Во тематиката на сликата “Страшниот Суд” се воплотени многубожечки и јудејски традиции. Харон ги превезува душите на умрените преку водата на Стикс - пример земен од античката митологија. Воскресението на мртвите се случува во долината Јоасафат, како што раскажува талмудското предание. Сликата е исполнета со истакнато натуралистички стил. Микеланџело ги изобразил телата разголени. Кога папата Павле ИИИ  го разгледувал живописот во Сикстинската капела, го прашал церемонијал - мајсторот на папскиот двор во Бјаџо да Чезена, како му се допаѓа тоа сликање, тој одговорил: “Ваша светост, тие фигури би биле умесни кога би се наоѓале во таверна, а не во вашата капела”. Микеланџело му се осветил на искрениот велможа со што на својата слика го насликал Минос (многубожечки лик - судија на мртвите души) да личат на него. Подоцна разголените фигури ги покрил уметникот Даниел де Велтер. Почитувачите на уметноста на Микеланџело биле толку многу возмутени поради тоа што го нарекле уметникот - “изработувач на поддолното белило”.
            Се допревме до западно - европскиот живопис, за да ја истакнеме неговата принципиелна различност од православната уметност. Еве силен пример за тоа дека формата не се совпаѓа со содржината, колку и да е таа сама по себе сјајна. Во таканаречениот религиозен живопис на епохата на преродбата се содржи методолошка грешка. Живописците се обидуваат низ подражувачка уметност, т.е. со слика презаситена од емоции и страсти, да го пренесат небесното на земен план, но го постигнуваат обратното - непреродената материјалност ја пренесуваат во сферата на небото; земното и чувственото го истиснува духовното и вечното (точно е, таму нема место за небото, таму с# зема и проголтува земјата).

            Источната икона се откажала од стремежот кон адекватност. Таа е основана врз принципот на сличност. Условноста на иконата не поттикнува чувственост, како натурализмот на западните живописци. Иконата не е убаво - раскошна, таа е повеќе прозрачна. Во неа под кристалниот покрив на надворешното се открива царството на духот. Јазикот на иконата е лаконски. Непотребните детали во иконата не треба да постојат. Пејзаж и кога присуствува, тој само условно е шематски. Овде секој детал на лицето, гест или положба на телото имаат символичен карактер: високото чело означува мудрост и длабокомислие; големите очи - проникнување во божествените тајни; тенките усни - аскетизам; издолжените прсти - духовно благородство и чистота на делата; наклонот на главата - внимание кон Божествениот прекор, гласот Божји, којшто светиите го слушаат во длабочината на своето срце; малку наведната фигура - покорност на волјата Божја итн.
            Католичката слика е еднопланска, православната икона е многупланска. Во иконата плановите се пресекуваат еден со друг, тие си сопостојат или взаемно си сопроникнуваат, не слевајќи се и не растворувајќи се еден во друг. Во сликата е зафиксирано времето, како момент запрен по волја на уметникот, како фотографски блесок (блиц). Во иконата времето е условно, затоа на полето на иконата може да бидат претставени собитија во хронолошко несовпаѓање. Иконата доживува внатрешен план и цртеж на собитие. Определено значење има символиката на боите во иконата, и овде може да стане збор не за одделни бои, туку повеќе за сложени композициски бои. Боите во иконата не може да се разгледуваат локално, затоа што ние зборуваме за карактерот на бојата многу условно, обидувајќи се да се откријат само општите тенденции.


            Белата боја ја изобразува Светињата, Божествените енергии, возведувајќи го созданието кон својот Создател;

златната - вечност;

зелената - живот;

модрата - тајна;

црвената - жртвеност;

сината - чистота.

Жолтата боја - боја на топлина и љубов;

лилавата означува тага или далечна перспектива;

пурпурната - победа;

темноцрвената боја величие;

виолетовата боја се користи за облеките, кога треба да се истакнат особеностите на служењето или индивидуалноста на светителот.

Тиркизната боја - младост;

розевата - детство,

црната боја означува понекогаш празнина, отсуство на благодат, а понекогаш грев и престапување.

Црната боја, соединета со сина - длабока тајна;

црната боја, соединета со зелена - старост.

Сивата боја - мртвило (карпите се изобразуваат на иконата во сива боја, со условно одмерени линии).

Портокаловата боја - благодатта Божја, која ја надминува материјалноста.

Бојата на челик - човечката сила и енергија, во некои случаеви нешто студено.

Лилавата боја - завршување.

Килибарната боја - хармонија, согласие, заедница. Но ова не е целосна таблица на бои, како символички знаци, ова е повеќе определена тенденција во користењето на боите.

Во иконата говорат не боите, туку созвучјата на боите. Од едни и други звуци се создаваат неслични една на друга мелодии: па така во различни композиции на бои може да има различно символичко значење и емоционално влијание.


            Онтолошкиот (основен) план на иконата е духовната суштина, изразена во ликот (претставата).
            Сотериолошкиот план е - благодатта, која минува низ иконата, како светлина низ окно.
            Символичкиот план е - иконата, како символ, взаемнодејствувајќи со символизираното и она што го пројавува.
            Моралниот план е - победа на духот над гревот и грубата материјалност.
            Анаголошки (возвишителен) план - иконата е жива книга, напишана не со букви, туку со бои.
            Психолошкиот план - чувство на блискост и вклученост преку сличност и асоцијативни преживувања.
            Литургиски план - иконата, како сведоштво за присуството на небесната Црква во сакралниот простор на храмот.


            Иконата е секогаш конкретна. Таа е посветена на определен настан или лице. Црквата бара на секоја икона да биде означено изобразување на настан или лице. Во тоа време иконописците, за разлика од уметниците, не биле должни да се потпишуваат на иконите, иконите се восприемале не како творба или сопственост на човекот, туку како дејствие на благодатта. Иконата не ја создавал иконописецот, иако иконата се воплотувала преку него. Тој се подготвувал за својата работа, како за свештенодејствие - со молитва и пост. Иконописецот е должен да биде вклучен во литургискиот и мистичниот живот на Црквата, за да ја почувствува со целото свое суштество реалноста на иконата и да ја воплоти неа со особениот знаковен јазик. Иконописните изобразувања понекогаш значително се разликуваат едно од друго, но секој христијанин може да го препознае на иконата пророкот Илија, светителот Никола или Ѓеорѓи Победоносец. Се разликуваат во главниот образ по тоа што целта на иконата - е да ја покаже не надворешната сличност, туку духовната суштина. Иконата е особен символ, којшто не укажува само на символизираното, не дава само душевно - емоционални сопреживувања со посредство на асоцијации, туку и го одразува во себе символизираното и ни го открива нам.
            Црквата - тоа е единство (идентичност), која преминува во духовно единство. Иконата, како и Богослужењето, помагаат да се оствари тоа единство. Апстракционизмот, како реакција на натурализмот, се јавува во толку неприфатлива форма за иконата, како и неговиот антипод - натурализмот. Апстрактниот знак, од една страна, престанува да означува конкретна реалија, од друга страна, го дешифрира и восприема секој човек субјективно. Затоа, живописот на апстракционизмот со претензија на религиозност, како може да предизвика некакви збунувачки неопределени мистични преживувања, никогаш нема да биде способен да ги обедини луѓето во едното тело на Црквата, да ги соедини нивните души во еден молитвен полет. Натурализмот го придушува духот и ја заземјува душата. Апстракционизмот го разрушува единството и ги оттуѓува луѓето еден од друг.
            Православната икона, бидејќи е реален и објективен символ, како духовен стожер ги обединува членовите на земната Црква меѓу себе во едно догматско сознание и во општо мистично доживување.

Во иконата се чувствува посебна тишина, тишината на вечноста. Тоа не е отсуство на звуци, не е вакуум на живот, не е тишината на гробиштата, туку тишина како совршенство на хармонијата, како полнота на битието, слично на тоа, кога белата боја не е отсуство на боја, туку синтеза и полнота на сите бои од виножитото.
            Тишината на иконата - е динамична тишина, нарастувачка тишина, која што го пренесува оној што се моли пред иконата од царството на земјата во небесното царство. Човечката душа, физички чувствувајќи, восприема дека иконата е опкружена од поле на духовни сили и енергии. Во сликата боите пеат, зборуваат и крикнуваат. Во сликата вечноста е заменета со случајноста, епизодичноста. Таа го затвора човекот во кругот на изобразените во неа предмети. Сликата секогаш останува агол на светот. Иконата го отвора тој круг. Иконата го воведува човекот во светот на вечноста. Боите во иконата не се просто бои, туку се ритми на химна, коишто од душа Му пеат на Бога.
            Боите на иконата имаат поинакво значење, за разлика од боите на сликата, кои се символични. Во сликата бојата му припаѓа на предметот или собитието. Таа се јавува како средство за изразување на духовната состојба или волуменската видливост на предметот. Во сликата бојата е атрибутика на објектот. Во иконата - символ. Иконата е ритмична, сликата кај подобрите уметници - пластична. Во сликата нема инженерски план, како видливост на нејзината суштина и ритмички врски. Во сликата - конструкциите понекогаш се хармонично поврзани меѓу себе. Кога во сликата има ритам и “инженерски цртеж”, тогаш тој е донесен и вештачки. Во сликата фонот и деталите создаваат емоционална атмосфера, душевно расположение.

Во иконата главен е - ликот на светителот, осветлен од сјаењето на вечноста, останатите детали се второстепени. Тие се насликани крајно лаконски како намерно упростени, за да покажат со тоа дека се земно е неспоредливо со небесното, дека единствено нешто вредно во светот е - човекот преобразен од благодатта. Сликата се гледа во права перспектива. Во таа перспектива има и дистанца, но само физичка, наоѓајќи се во однос на нејзиниот гледач. Размерот на изобразбите на фигурите и предметите од сликата даваат илузорна претстава, за тоа на кое растојание се наоѓа изобразеното на сликата.

Иконата е лишена од линиска перспектива и просторни дистанци. Таму наместо волуменозност - има ритам, прецизен редослед на споени една со друга површини, кои проникнуваат една во друга, и се граничат една со друга, па тоа ја разделува иконата на категориски сфери, каде земното, временото и вечното се гледаат во нивното неслиено соединение. Иконата е бесконечно далечна и бесконечно блиска. Таа ја совладува просторната оддалеченост, а исто така и антиномичноста на самото растојание (блиску - далеку). Тука има друга дистанца - духовната состојба на оној што ја созерцува иконата. Сликата не може да се спореди со иконата. Сликата - не е видение на духовниот свет, туку имитација на духовниот свет. Мнозина уметници, обидувајќи се да направат од слика икона, прибегнуваат кон примена на стилизација, драматизација, гротеска или особен примитивизам, применувајќи различни световни и оптички ефекти, ја исполнуваат сликата со егзотични содржини, фрлајќи се од натурализам кон апстракционизам, со цел посилно да биде изобразен духовниот свет, понекогаш ги тераат ликовите во своите слики да изведуваат некакви циркуски акробатски точки. Обично сликите што се фалсификуваат како икони, се истакнуваат со надворешна експресија и емоционалност. Во иконата ликовите се неподвижни и статични. Но таа неподвижност тајно чува во себе огромен внатрешен динамизам. Говорат дека апсолутната брзина се восприема како неподвижност, односно нема точно мерило што ќе ја измери таа брзина. Статичноста на иконата - тоа е внатрешно движење, тоа е вечниот полет на душата кон Бога, тоа е надминување на самото време, како отсуство на движење во времето и просторот, како живот во други димензии. Надворешното движење не може да го изрази “битието на вечноста”; сликарското изобразување не се наоѓа во вечноста, не гледа на нас од друга зона. Движечкиот предмет се наоѓа во областа на просторот и времето; тој е под власта и притисокот на тие земни владетели. Затоа, колку повеќе во иконата има надворешна динамика, експресија, движење и драматична изразеност на лицето, толку со помал интензитет се пројавува во неа и низ неа присуството на духовната енергија, толку таа е бессилна и мртва. Низ телесните форми на иконските изобразби, се пробива, како низ прозрачен кристал, сјаењето на духот. Портретно - сликарските изобразби - се непрониклива преграда за јавувањето на духот. Сликата секогаш останува во областа на душевно - емоционалната перцепција. Може да не прашаат: а извајаните(статуи), тие-  нели се статични? Во статуите има друго движење - тоа е тежнеење кон земјата. Во извајаните дела секогаш се чувствува напрегнатост, камениот блок тежнее кон силата на полот на земјата, како честичката железо - кон полето на магнетот. Статуата, како дрвото и коренот, навлегува во земјата и го пие нејзиниот сок. Вајарството е хтонична уметност. Просторното движење во сликата создава впечаток на проодно, несовршено јавување, а тежината, “соборениот лет” на статуите кон земјата - господство на телата и чувствените енергии, тоа е постојан стремеж на оформеното вештество кон првосвештенството. Статуата - тоа е овековечување на непреобразеното и неодухотворено вештество, тешко и задушувачко (во таа форма може да се најде земна убавина, емоционално заситување дури да ни се чини “дека е жива”). Тертулијан, којшто, воопшто, одречно се однесувал кон изобразувањето, особено често своите разобличувања ги насочувал против уметноста на вајарите. За Тертулијан статуата е -  идол, атрибут на многубоштвото. Во иконата не се дава маса на телото. Таму телото е проникливо и прозрачно. Во статуата  забележуваме две движења што се среќаваат: статуата кон земјата, и земјата кон статуата. Тоа е борба на две тела. Сакам да забележам дека овде има исклучоци, но прашањето не е за исклучоците, туку во општите тенденции и можности на вајарството, како вид уметност. Во иконата телото нема тежнеење кон земјата. Тоа е бестежинско, но во исто време не и бесплотно. Тоа е во плот, но плот преобразена, вклучена во други сили и енергии, во плот, којашто добила нови својства и ја совладала зачмаеноста на вештеството. Надворешната неподвижност на иконографските фигури е форма на нивната внатрешна динамика. Кога во нас задлабочено дејствуваат мислите, тогаш ние како телесно да се скочануваме, да се запираме, да застануваме. Човек, потонат во своите размислувања, би бил скочанет, а напротив, бурните остри движења зборуваат не за длабочината на мислата, туку повеќе за емоционалната и чувствено - афектна состојба. Во иконата расчленувањето и соединувањето на обоените површини изразуваат многупланвост и многудимензионалност на просторот и времето, а доминантниот тон на иконата е ритмичен лајтмотив - соединение и взаемнозавршеност на временото и вечното, земното и натсветското, минатото и идното, почетокот и крајот. Композициските акорди на иконата вклучуваат во себе взаемнопроникнувачки символи: символи - површини, символи - бои, символи - светлосни озрачувања. Иконата поучува да се гледа на космосот како на сенка, како на образи на духовниот свет, но образи, скриени и шифрирани под завесата на вештественото. Тоа се алудирања, предзнаци, загадочни знаци, шифри и тајнописи на вечноста; не прецизни подобија, туку повеќе како сенки врз површина на разбранувана вода. Во иконата тие одразувања на вечноста добиваат свој хармоничен знаковен систем. Тие се дадени не во сегашниот, туку во идниот - во процесот на своето преобразување.
            Сликата не поучува да гледаме на космосот како на автономна самодоволна вредност, како на извор на битието и непресушни вдахновенија. Сликата колку потесно го врзува човекот со реалниот или фантастичниот свет, толку подлабоко ја зафаќа неговата душевно - емоционална сфера. Иконата сведочи за онтолошката врска на човекот со царството на светлината - натсветска сфера, за можноста во совладувањето на ограниченото, создаденото, паднатото, земниот свет и приопштувањето кон слободата на апсолутното битие. Сликата носи во себе земно тежнеење како душевна атмосфера на светот (говорејќи на современиот јазик - вклученост “во неосферата”). Иконата ја носи во себе привлечната сила на небото, на вечниот живот, на вечноста, и победа над привлечната сила на земјата, излез од владеењето на земјата и нејзината “ноосфера”. Лицето на човекот во иконата станува лик. Иконата открива процес на духовна преродба, преминување на личноста во ипостасност. Пределот на сликата - премин од индивидуум во личност.
            Статуата - тоа е воплотување на хтоничниот род, бесформално - хаотичното во индивидуално. Статуата -– е раѓање на тело, иконата - творение на духот, сликата - паѓање на духот од созерцание на Божеството во областа на материјалното, во созерцание на космосот. Статуата има волумен, но е лишена од перспектива и фон. Таа е конкретна, индивидуална и самозатворена.
            Тродимензионалната волуменозност повеќе ја издвојува статуата отколку рамката сликата. Ако преку статуата се сака да ни се покаже обопшен тип или идеја, тогаш, освен во ретки исклучоци, ни се предлага алегорија или амблем. Да напомнам, алегоријата само укажува, а символот вклучува. Алегоријата е ограничена на една само информативна површина. Символот - колку што е информативен, толку е и комуникативен. Иконата има своја животна средина: тоа е храмот или “светиот агол” во домот.
            Иконата во сликарска галерија или музеј е слична на дете, насилно одземено од прегратката на мајката и однесено во дом за деца.
     Сликата за слична животна средина нема потреба. Менувајќи и го местото на престојување на сликата во светот, невозможно е да ја изнесете од светот, таа самата е дел од светот, секаде и е местото, секаде таа е своја. Статуата е туѓа на секоја средина и перспектива, таа е бесконтактна со средината. Статуата има потреба во просторот од празен простор, таа припаѓа таму. Затоа статуите најчесто се поставуваат на отворен простор или се ставаат во големи полупразни сали.
          Иконата е откровение на духовната љубов, излеана во светот, кајшто царуваат злобата и непријателството. Таа е извор на живототворна вода во духовно - моралната пустина.
            Сликата - тоа е воплотување на душевни чувства низ материјални образи и способност за индуктирање на слични чувства кај гледачот, од истанчен естетизам до афективни емоции, од самозатворена гордост до изострено сладострастие.
          Иконата - тоа е богословие во бои, богословие, кое што душата го прима не вербално, туку непосредно.
Подобрите слики - се поезија во бои. Ако духовноста на иконата се перцепира како движење нагоре, не во просторноста, туку во други димензии, тогаш статуата се перцепира како движење надолу, како обездуховеност на вештеството, продолжение на паднатоста човечка, процес на отпаѓање и отуѓување од Бога, груба материјализација и стремеж кон “центарот на земјата”. Во иконата - збиеност на енергии, во статуата - збиеност на материја. Во иконата второстепените детали се сведени на минимум, во сликата деталите, пејзажот и фонот се јавуваат како нејзин емоционален поттекст. Иконата може само да се созерцува, а сликата да се разгледува.
          Иконата бара молитвено безмолвие за да може таа да се открие на човечкото срце.
            Додека се разгледува слика, за неа може да се зборува, да се разменуваат мислења, да се оценуваат нејзините детали и фрагменти. Иконата може да се восприема само синтетички во нејзината целосност или да се одрекува. Фонот на иконата ја означува вечноста, но боите на фонот не се еднобојни, тие како да се колебаат. Тоа е знак за тоа дека вечноста не е статична, таа е во движење, во неа има движење, но не просторно, туку поинакво. Колебањето на боите го означува восприемањето на светлината во душата и движењето на душата кон Бога.
            Сликата - тоа е имитација на стварноста со елементи на фантазија, значи материјалите за сопствените расположенија се насобрани од земните реалии. Иконата е - воплотување на духовно созерцание, кое што се дава во мистичен опит, во состојба на богоопштење, но созерцание предадено и објективизирано преку знаковниот јазик на линии и бои. Иконата - тоа е богословска книга, напишана со четкички и бои. Во иконата се изобразени две сфери - небесната и земната - кои се даваат не по принципот на паралелизам, туку по принципот на симетрија. Во сликата на религиозна тема, којашто неправилно се нарекува икона, меѓу небесното и земното или воопшто нема разлика, разграничувања, или се тие соединети во “паралелните линии” на историјата, како единствено битие во времето и просторот. Во сликата е принципот на правата, линеарната перспектива, која дава илузија на волумен, тродимензионалност во изобразбите, како на вештествените, така и на духовните суштини. Духовното не се пројавува во сликата, туку се забележува во нејзините материјалности, волуменизирани форми и тела, и исчезнува во тие туѓи за неа форми. Духовното во сликата престанува да биде натчувствено, па станува “природно”, и тука се случува профанација на Светињата. На тоа праведно укажувале иконоборците, отфрлајќи ги портретните слики на религиозна тематика, но неправедно обопштувајќи ги поради лошиот метод, сите возможности на изобразителната уметност - во дадениов случај иконописот, - којшто го открива духовниот свет, не изедначувајќи го него со бесконечноста како бесконечно растојание, со реалиите на вештествениот свет, кој се наоѓа под власта на смртта и распадливоста. Иконоборците ја изедначувале иконата со мимичкиот (подражувачкиот) портрет, со фантазијата или алегоријата, но иконата, како свештен символ, од нив била игнорирана или неспознаена. Во иконата не се противпоставени само двете сфери на времето и вечноста, но во нејзините ритми има воцрковување на времето, негово тежнеење кон вечноста.
            Во последните векови иконата огрубела. Во просторот на иконописот продре живописот (сликарството). Предавството на иконата - тоа не е само предавство на образецот и традицијата, тоа е предавство на созерцанието на самиот иконописец и отпаѓање на духовното ниво на епохата. Надворешниот живот повлекол кон надворешни вредности и надворешни форми на изразување. Се набљудува “тежината”, “квалитетот”, поматеријализираноста на иконата. За нерелигиозните живописци иконата се претворила во архаизам. Тие ја замениле со слики, сликани по сликарски модели - машки и женски, или по светот на фантазијата (некои од тие псевдомистични и псевдорелигиозни слики се слични со илустрациите на “Илјада и една ноќ” или сказните од браќата Грим). Во последно време се појавија исто така икони кадешто ликовите напомнуваат на магливи аморфни изобразби, слични на ноќните призраци. Овде има влијание од древниот гностички пантеизам (на пример, докетизмот) и современата антропософија, која го одрекува вочовечувањето на Христос и преобразувањето на телата на светиите преку благодатта. Во своите изобразувања тие како да го ампутираат телото и го заменуваат со “етерно” тело, со призрак - двојник. За гностиците и антропософите, Христос не воскресна во тело, и тие го одрекуваат општото воскресение, па така во своите мистични слики, се ослободуваат од телото како од непотребна лушпа.

Издавач : манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче

Друго:

Man.Zurce2.jpg
Ви препорачуваме: Од издавштвото на манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче

Од издавачката дејност на манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче

sv.Serafim.Sarovski1d.jpgСв.Серафим Саровски - Сеќавањата на Богданович 

 

 

 

 Друго:

 

 

  • ЗА ПРАВОСЛАВНАТА ИКОНА

    Секој детал на лицето, гест или положба на телото имаат символичен карактер:

    -високото чело означува: ( мудрост и длабокомислие)

    -големите очи означуваат: ( проникнување во божествените тајни)

    - тенките усни означуваат: (аскетизам)

    - издолжените прсти означуваат: ( духовно благородство и чистота на делата)

    - наклонот на главата означува: ( внимание кон Божествениот прекор, гласот Божји, којшто Светиите го слушаат во длабочината на своето срце)

    -малку наведнатата фигура означува:
    (покорност на волјата Божја)

    Архимандрит Рафаил Карелин

 

 

 

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3119
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7588
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Света девојко Анастасио,ние кои те прославуваме,срцата кон Небесата  ги подигнуваме,со солзи духовни радосно твоето име го повикуваме,моли се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная