Преподобен Паисиј Величковски: Трезвената молитва e соединета со постот!
Без постот е невозможно да се зачува светоста, невозможно е телото да му се потчини на духот, па ни самата молитва нема да се вознесе и нема да има дејство, бидејќи падната природа ќе го надвладее телото и тоа ќе биде принудено да се распали. Од тоа распалување на телото доаѓаат мислите кои го валкаат умот; тие, пак, го возбудуваат и валкаат срцето,


Покајте се, браќа! Побрзајте, да не останете зад затворени врати.
Монахињата Параскева ни поради елеј од кандилото на гробот на старец Гаврил и ни објасни како можеме да се помазуваме со него. Имав чувство како да сум добил некоја огромна сила. Така и беше!
И така, опфаќајќи нѐ од сите страни, ги спречува стрелите што доаѓаат однадвор да се допрат до нас, бидејќи Тој е нашиот дом; а сѐ што внатре е нечисто, Тој го исфрла надвор, затоа што како негов жител го исполнува целиот дом. Навистина, не заедничариме во нешто што е Негово, туку во Него Самиот; и не примаме во своите души некакви зраци и светлина, туку го примаме самото Сонце;
Кога не ги крадеш, а тие тебе те крадат? Кога ги благословуваш, а тие тебе те проколнуваат?
И јас ги благословувам и не ги колнам. Непријателите повеќе ме истуркаа во Твојата прегратка, отколку пријателите. Пријателите ме врзуваа за земјата, непријателите ме одврзуваа од земјата, и ги рушеа сите мои надежи во земјата.
Божјите свети луѓе бегале од градовите, бидејќи знаеле дека општењето со грешните развратни луѓе се одразува врз нив пострашно и од најстрашната заразна болест. Пророкот Илија, напуштајќи ја Јудеја, живеел во Кармилската планина, која била ненаселена и полна со диви ѕверови. И Елисеј, неговиот ученик, се угледал на својот учител, и го возљубил пустинскиот живот.
Оној што е научен на љубовта од Светиот Дух, цел живот тагува заради луѓето што не се спасуваат.
Оној што е заразен од гордоста, сите оние кои се повисоко од него, било да станува збор за власт, за возраст или способности, ги смета за рамни на себе и не поднесува да биде подолу од нив. Ако горделивиот човек е потчинет, тој не го почитува својот претпоставен, не сака да му се потчинува и не ги исполнува наредбите; се поставува на исто ниво со сите кои се образовани и,
Да се грижиме за себеси. Кој ќе ни го даде пак ова време, што го имаме сега? Кој ќе ни го даде, ако попусто го загубиме? Навистина, ќе дојде време кога ќе ги бараме овие денови, кои ги имаме сега и нема да ги најдеме. Авва Арсениј секогаш си велел на себеси: „Арсениј, зошто излезе од светот и дојде во оваа пустина?“.
Отец Пајсиј рече дека човекот има две радости. Кои?
Јас сум видел луѓе немоќни душевно и телесно, кои, поради мноштвото свои гревови, преземале подвизи, кои биле над нивните сили и што не можеле да ги носат. Јас им реков, дека Бог суди и за покајанието не според големината на трудовите, туку
Зар не знаеш дека страдањата и искушенијата се умножуваат тогаш кога Господ му ја приготвува на некого својата милост? И воопшто не го посакувај спокојот, ако не ти го испраќа Господ, зашто телесниот спокој е одвратен пред Господа. Самиот Господ реколː „Во светот ќе имате маки“ (Јован 16, 33)
Апoстoлoт нe вeли дeка Христoс пoставил нeкoја oснoва, туку дeка e Oн таа пoставeна oснoва. Oн e сeта правда, па затoа Oн e oснoва на сeкoја правда. Oн e сeта вистина, па затoа Oн e oснoва на сeкoја вистина. Oн e сeта мудрoст, па затoа Oн e oснoва нe сeкoја мудрoст. Oн e сeта сила, па затoа Oн e oснoва на сeкoја сила. Oн e сeтo дoбрo, па затoа Oн e oснoва на сeкoe дoбрo.
Обидете се, колку што е можно, да бидете невидливи за другите.
Доколку не умееш, научи! Тоа е многу важно. Мораме да знаеме поради што треба највеќе да чувствуваме скрушеност и што да поправиме. Еве, на пример, ако сме расеани на молитва, доколку во црквата не напаѓа дремеж и ако сме невнимателни, ако не нè интересира дури ни читањето на Светото Писмо, тоа се случува или поради маловерие и недостаток на љубов кон Бога, или заради мрзливост и безгрижност.
... Бидејќи духовните книги ги читате без нечие раководство, се плашите да не ви се случи да западнете во некакви неправилни мисли и да прифатите неточни мислења. Вашето стравување е многу оправдано. Затоа, ако не сакате да пострадате од ваква душевна неволја, не голтајте ги секаквите нови книги, макар тие да се и со духовна содржина, но чии автори не го потврдиле своето учење со светоста на својот живот; читајте ги делата на оние Отци кошто Православната црква ги прогласила за апсолутно и несомнено поучни и спасоносни.
Душа, која еднаш Му се предала на Бога и која многупати ја познала Неговата помош, не се грижи веќе за себеси, туку се врзува со вчудоневиденост и молчење, и нема можност да се враќа одново кон некогашните начини на своето сознавање и да се служи со нив, да ги употребува на дело, за да не биде лишена од Божјата промисла, која таинствено и непрестајно ја надгледува душата,























