логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Hristos.so.Apostolite


ЗА ЧАШАТА НА СПАСЕНИЕТО

Тајната на Светата Причест ја воспостави Самиот наш Господ Исус Христос. Тој Своето Тело го нарекува Леб на животот. „Моето Тело е вистинска храна и Мојата Крв е вистински пијалак“. И Господ нѐ предупредува: „Ако не го јадете Телото на Синот Човечки и не ја пиете Неговата Крв, нема да имате живот во себе“.
 
Оној кој се подготвува за причестувањето со Светите Христови Тајни мора да има чиста совест, да нема непријатели, да биде ослободен од гнев, расеаност, смут, мрзливост, па со длабоко покајание на духот и во потполно сознание за својата недостојност, со страв и вера да пристапи кон Светата Чаша.


Свети Теофан Затворник за Пресветата Тајна Евхаристија зборува како за најсилна победничка на непријателите: „Чуј го ова и причестувај се со Светите Христови Тајни колку што е можно почесто, секогаш кога ќе имаш дозвола од својот духовен отец“.
Свети Василиј Велики: „Добро е и многу корисно да се причестуваме со Светите Тело и Крв Христови... Всушност, да се причестуваме четири пати секоја недела: во денот на Воскресението (Господовата недела), во среда, петок и сабота, како и во другите денови кога има поголеми празници...“
Кога го прашале преподобниот Серафим Саровски: „Колку често треба да се пристапува кон Пренебесната Тајна Причест?“, тој одговорил: „Што почесто, тоа подобро. Кој се причестува со Светите Тајни, ќе се спаси, а кој не се причестува – не. Благодатта која се дарува на Причеста е толку голема, така што, колку човекот и да е недостоен и грешен, ако со смирение и свест за својата грешност Му пристапи на Господ, Кој нѐ искупува сите нас, дури и да е од глава до пети покрен со рани и гревови – ќе биде исчистен со Христовата благодат, ќе биде сѐ посветол и посветол, и на крајот ќе се просветли и спаси“.
Светиот праведен Јован Кронштатски: „Чудесно, секој ден се обновувам со Божествените Тајни на Телото и Крвта Христови, дури до денес, до 70 години од мојот живот, и како да не стареам, со делувањето на благодатта останувам свеж и силен во душата и телото! Секојдневно со стравопочит служам Литургија и се причестувам со Светите Тајни; еве ги плодовите од причестувањето: очистување, осветување, обновување, победа над страстите, душевен мир...
Немој да се лутиш на оние кои сакаат почесто да се причестуваат со Светите Тело и Крв Христови, туку сакај ги и радувај се заради нив пред Бога, бидејќи Тој ги привлекува нивните срца, кои ја почувствуваа благоста од општењето со Него во овие Тајни.
...Ѓаволот со сите свои адски напади се труди да ги одврати христијаните од Путирот на животот, наведувајќи ги да бидат маловерни, ладни и невнимателни кон оваа најголема Тајна на христијанската вера за да ги држи луѓето во оковите на гревот и смртта“.

TViTer328
 
Причестувањето со Светите животворни Христови Тајни донесува плод во подготовките и чувањето на добиеното: треба да се сочува мирот со ближните, да се живее во молитва, во воздржување од прејадување, чување на јазикот од празнословие, непрестајно тежнеење кон чист живот преку постојано покајание; да не се надеваме на себе, туку да имаме цврста надеж во Бога и Неговата милост.
Во спротовно причестувањето е за суд или за осуда.
Свети Јован Кронштатски за Светата Причест кажува:
„Па Исус им рекол: ’Јас сум Лебот на животот: кој доаѓа кај Мене нема да огладне, и кој верува во Мене никогаш нема да ожедне. Туку, ви реков: И Ме видовте, и не верувате. Сѐ што Ми пратил Отецот ќе дојде кај Мене; и оној кој доаѓа кај Мене нема да го избркам надвор’. Од посочените зборови на Спасителот е очигледно дека Тој им заповедал на верните и оние кои се ревносни во христијанскиот живот често да се причестуваат со Неговите Тело и Крв – секојдневно, доколку можат, поради условите на својот живот, да бидат подготвени да ѝ пристапат на Чашата на животот. Ако секојневно тежнееме кон пропадливата земна храна, би требало уште повеќе да бидеме гладни и жедни за вечните Тело и Крв на Началникот на животот – Господ наш Исус Христос. Меѓутоа, има многу лаици и меѓу образованите и меѓу неучените, па дури и меѓу учените монаси и свештеници, кои го сметаат за неумесно и грешно причестувањето на благочестивите мирјани секоја недела и секој ден. Тоа е против заповедта и изобилството на Господовата љубов, Кој сака верните што почесто да се причестуваат со Неговите Пречисти Тело и Крв. Амин“.

TViTer329
 
Душата која ја вкусила благоста на Божјата Љубов целата се препораѓа и станува поинаква, и Го љуби својот Господ, и со целата своја сила тежнее кон Него, деноноќно.


„Тело Христово примете, бесмртниот Источник вкусете Го!“

 

Sava.Pskovsko.PecherskiСтарец Сава Псковско-Печерски

За Преминпортал: Дејан Блажески

5ти август 2022 лето Господово

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2080
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2098
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 541
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

14/05/2026 - четврток

+Светиот пророк Еремија; Преподобниот маченик Акакиј Влечкар; Свети Пафнутиј Боровски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная