Исповедта има две цели
Секоја исповед ја понизува душата. Едната ја учи дека е оправдана со Божјата благодат, а другата дека е виновна пред Бога за своите гревови по своја слободна волја.
Исповедта има две цели.
Едната е да му се заблагодариме на Бога за доброто што ни го дал. Втората е да се проверат и испитаат оние кои згрешиле.
Затоа што набројувањето на Божествените милости со благодарноста на оние кои имаат корист, но и откривањето на нивните грешки од страна на виновниците, се нарекува исповед. И двата начини носат понизување.
Затоа што се понизува и оној кој се заблагодарува за доброто и оној што се испитува себеси за злото што го направил. Првиот се смета себеси за недостоен за добрите работи што му ги дал Бог; другиот моли да му се простат гревовите.
Свети Максим Исповедник
Извор:
Православни Духовни поуки од Светите Старци
Окромври 2022 лето Господово