БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА
„ Зашто ова е Мојата крв на Новиот завет, која се пролива за мнозина, за простување на гревовите “ [Мт. 26, 28]
„На Твојата Тајна вечера, Сине Божји, прими ме денес за учесник “
„Правете го ова за спомен мој “ [1 Кор. 11, 24]
Божествената Литургија е вистинска, небесна служба на земјата, за време на која Самиот Бог е најблизу до луѓето и на посебен, најнепосреден начин присуствува и престојува во нив, бидејќи Самиот Он е Оној Кој свештенодејствува, Кој принесува, но и Кој е принесен. Не постои ништо посвето, поголемо, повеличествено, поживотворно и посвечено од Литургијата! За време на Литургијата, храмот претставува земно небо, а свештенослужителите се олицетворение на Самиот Христос, на ангелите, херувимите, серафимите и апостолите.
Литургијата претставува славење, прославување на Божјата љубов кон човечкиот род, како и моќна молба за спасение, како на целиот свет, така и на секој човек одделно, свадбата на Јагнето, Свадбата на царскиот син, во која невеста на Божјиот Син е секоја душа која верува, а венчаниот кум е Светиот Дух.
Со така подготвена, чиста и возвишена душа треба да Присуствуваме на Литургијата, за да не се најдеме во кошот со оние луѓе, на кои поради тоа што биле без свадбена облека, а осквернети од страстите, им ги врзале рацете и нозете и ги исфрлиле надвор од дворецот, во темнината. За жал, денес многумина сметаат дека не е неопходно да се оди на Литургија, други пак, одат чисто од навика, а какви влегле, такви и излегуваат без возвишени мисли, без потиштено срце и покајание во душата.... без одлучност да се поправат! Други пак, стојат без стравопочит, без каква било сосредоченост, без да се подготват преку размислување и воздржување, а многумина пред Литургијата пијат, а некои и јадат.“
Свети Јован Кронштадски
Избор од фб профил на Православен Мирјанин
10ти октомври 2022 лето Господово