(Обновено)
„Голема е ползата за секој човек ако Христос стане негово срце и негов живот. И не само што тоа е добро за него, туку истото е добро и за сите оние кои се во неговата близина, бидејќи, секоја сила секогаш се наоѓа во центарот и оттаму се шири, како бранови, насекаде и делува на сѐ она што ќе наиде на тој пат.И оној кој, најверојатно заради својата мрзливост, се лишил од овој голем Божји дар, тој многу си скратува и себеси и на другите заради тоа што Христос не е во него, во неговиот живот и во неговото срце.
Да Му се помолиме на Господ Тој да стане срце на секој човек и да биде Живот за оние кои умреле за желбите на овој свет, а да биде смрт за оние во кои сѐ уште живее стариот, грешен човек. И да се молиме за тие, огревовени луѓе, да не го шират околу себе лажниот живот, ако веќе не сакаат да живеат во Вистината.“
- Свети Серафим Саровски
Извор:ФБ профил на : Моника Николова
9-ти јуни 2018 лето Господово