логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

TViTer445

Служев молитва за умножување на Грузискиот народ. Ноќе имав видение: двајца мажи дојдоа кај мене. Тие беа облечени како стари воини. Ме фатија за раце од двете страни и ме одведоа некаде. Влеговме во бела зграда без Крст. Собата беше обвиена во темнина, дури ни ѕидовите не се гледаа. Додека моите очи се приспособуваа на темнината, видов крвави, мртви деца расфрлани низ камениот под!  Лежеа на подот. Од таванот, низ постојната празнина, убиените деца повторно се излеваа надолу, така што беше невозможно да се гази. Застанав на прсти.

Набргу се слушна громогласен глас: Доаѓа, се приближува. Мислев, можеби, се приближува главниот командант на оние што ме донесоа овде. Го кренав погледот и ја видов Пресвета Богородица опкружена со Ангели и Светители.
Таа беше облечена во бела наметка. Веднаш знаев. Еве го,тој  кој побара умножување, и овие двајца ме покажаа.

Богородица ме погледна строго, покажа кон раскрвавените деца на подот и рече: Заради тоа Ме молиш? Вака ќе се намножи Грузија?! Јас ќе  намножам, а тие ќе убијат?! Таа се сврте и замина.  Двајцата ме земаа и ме вратија во ќелијата.


Свети Гаврил следниот ден им го кажал ова видение на присутните на молитвата. После тоа, сите жени, големи и мали, молеа и бараа:
- Мајки! Немојте да абортирате, спасете ја Грузија од смрт!
- Многу се исплашив кога ја видов лута Пресветата Богородица,
незнаев каде да бегам, не посакувам никој да Ја види таква Кралицатa на небото и земјата.


Свети Гаврил Грузијски

 

Од  Фб профил на Свето Православие



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…
Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 4031
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3416
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3248
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…