Свети Јован Кронштадски: Како секојдневно да го распоредиме времето (2)
Животот е голема искуствена наука. Ништо не е потешко од поминувањето низ таа наука, низ тесниот пат и низ тесната врата. Кој во мајчиното или во основното училиште не се навикнал на вера, на страв Божји или на благочестив живот, нему ќе му биде особено тешко да учи во училиштето на животот. Дури и ако во училиштето во кое се изучуваат науки биде умен и учен, и ако би уживал големо почитување поради своите способности, во училиштето на животот ќе се покаже како незнајко, и не само тоа,