логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

19042009

СВЕТИ НИКОЛАЈ ЧУДОТВОРЕЦ - ВСЕЛЕНСКИ ЕПИСКОП НА ЦРКВАТА

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!


Денеска го почитуваме споменот на вселенскиот архиереј, Божјиот угодник Свети Николаj.

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Секој архиереј и секој епископ има свое стадо, кое е ограничено на еден или друг град и во рамките на  овоземниот живот.
Но,има и епископи кои продолжуваат да го водат своето стадо и откако ќе преминат во Небесниот  свет. Ние познаваме такви архиереи: го почитуваме споменот на Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст; ги почитуваме и нашите московски светци и руски чудотворци Петар, Алексеј, Јона, Филип и Ермоген, кои и по нивната смрт продолжуваат да општат со нас и да не водат.
Но, постои епископ чие стадо не е ограничено на одредено место, одредено време, одреден народ. Овој пастир, овој архиереј над архиереите - Мирликискиот пастир, кој живеел во мало, незабележително гратче и се чини дека ништо не придобил во овој живот, врвел по скромниот пат по кој врвеа многумина. Неговиот житие  меѓутоа, не се ограничува само до овоземниот живот, тоа продолжува и ќе трае се до крајот на времето, се додека има луѓе на земјата на кои им е потребна неговата помош.
Овој Вселенски пастир, иако ја немаше големината и славата на вселенските учители и светители што ги споменав, ги пројави  христијанските добродетели кои „Вистината на нештата” му ги јави, кои Господ му ги јави, а овие добродетели - правило на верата , образ на кротоста и  духовната сиромаштија - светат во него посилно отколку кај било кој друг човек.
Светата црква го поистоветува со апостолите и пророците, нарекувајќи го „рамен на апостолите и пророците“. Таа толку многу го почитува што му посветува еден ден во неделата, што не го направила за никој друг, дури ни за архиереите кои важат за вселенски учители.
Секој од архиереите што ги споменав има нешто во себе што ја изразува неговата душа, што го прави христијанин,кое ја претставува смислата на неговиот живот, а потоа и други помали работи.
Големите вселенски учители - Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст, во својот живот го пројавиле она што го пројавил и свети Никола, бидејќи биле Големи. Без духовна сиромаштија, кој и да е и каква и да му се укаже чест овде на земјата, тој нема да го поседува она што го разликува од светот и го прави христијанин.
Ние, кои доживуваме голем црковен смут и оние кои пливаат во матните бранови на ова море, носејќи ја калта што бурата  ја кренала од дното, мора прво да се запрашаме - со кого и како ќе врвиме, на кого ќе се потпреме и што е тоа што ни дава причина да одиме по еден или по друг пат. Светите отци и свети Николај велат дека секој збор, иако христијански, нема да биде делотворен доколку не премине на дело од тој што го изговара. Нашиот голем учител, авва Пимен, вели дека мораме да ги воспитуваме нашите срца да го ослободуваат она на што ги учи јазикот.


Така и во наши дни, кога гледаме како многумина се одрекуваат... токму оние кои не само што ги поучуваа другите, но и ги поучуваа своите срца да го набљудуваат она на што ги учи устата, кои не беа само столб што го покажува патот, туку и самите чекореа по него, водејќи ги и другите, пред нас се поставува прашањето - што е за нас Свети Никола и како го почитуваме неговиот свет спомен? Ако тој е небесниот епископ на кого му се обраќаме во секоја потреба, кој нè слуша кога му приоѓаме и бараме да нè води по патот, тогаш тој ќе биде и нашиот кормилар.
Многумина сега со гордост кажуваат убави зборови, додека други со својот живот покажуваат што значи да се биде христијанин и да се следи Христос. Ќе го следиме ли патот по кој не повикуваат светите отци? Патот е тежок. Патот не е лесен. Ние во најдобар случај ги научивме нашите усти да брборат и да проповедаат, но не ги научивме нашите срца да ги пазат Христовите заповеди.
И ете, кога сме во таков метеж и истовремено стоиме пред големиот вселенски епископ, нашата душа е привлечена од него, тој  сака да ја земе под свое водство и да нè поведе по патот кој единствено води кон Христа.
Времето е лукаво. Знаете дека треба да дојдат луѓе во овчи кожи, платеници, а не овчари, кои на Страшниот  суд ќе му речат на Господа: „Не пророкувавме ли во твое име? И не изгонувавме  ли  демони во твое име? Зар не направивме многу чуда во Твое име?“ А Тој ќе им одговори: „Не Те познавам“.
Ќе разбереме ли ние, кои сè уште не сме навикнале да ги запазуваме Божјите заповеди, ќе можеме ли да разбереме кон што нè повикуваат различните водачи? Мораме да го следиме светоотечкиот пат, патот на Христос.
Го знаеме патот на оние кои ги отфрлаат светите отци: таквиот  пат е пат на гордоста. Знаеме дека патот на гордоста, патот на отфрлањето на Бога, започнува со отфрлање на луѓето - со отфрлање на Црквата и светите отци.
И денешните водачи, кои мора да ги следат светите отци и светиот Николај, во својата гревовност  тргнале по овој пат. Следниот чекор е отфрлање на Божјата помош, како што вели големиот учител авва Доротеј, раскажувајќи за еден брат кој прво говорел: „Важен е овој и оној светител – тоа  се вистинските светци“, потоа почнал да ги понижува оние кои штотуку се исповедале и во крајна линија тој се возордеал на Бога и започнал да Го отфрла.
Знаеме каде одат луѓето кои започуваат вакви црковни пресврти.
Го славиме Свети Никола, се собравме да ја почитуваме неговата светост и мора да одлучиме што ни е најскапоцено во христијанството, зошто одиме во Црква и зошто Христос дојде на Земјата.
Ако сфатиме дека мора да ги учиме срцата да ги запазат Божјите заповеди, тогаш нашите души ќе бидат привлечени од таквите кормилари, кои не само што ги повикувале и ги воделе луѓето, туку и самите чекореле по тој пат.
Овде, вселенскиот учител Свети Никола нè кани во Небесната Црква, нè повикува да го следиме патот на смирението. Треба од се срце да просиме да не води низ денешните животни премрежја. „Како зајдисонце, кое свети со сјајни зраци, ја растера темнината на искушенијата и неволјите од уплаканите, во право си: спаси нè, како наш застаник, велики Николае“ – пее Црквата а сите се собираме во храмот да си спомнеме за светителот и да го помолиме да ни ја покаже вистинската насока.
Време е да престанеме да зборуваме, браќа и сестри, време е да се погрижиме за нашите души. Уморни сме од зборување и слушање, преземање дејствија а на крајот да се унижуваме. И ако тогаш се обратиме кон свети Никола, тој ќе не чуе и ќе ни помогне да одиме по светоотечкиот пат. И тогаш ќе бидеме среќни - не затоа што го проповедаме Христа, туку затоа што Го следиме.
Да го молиме Него да побара од Бога време на покајание за да можеме да ги почувствуваме нашите гревови и да плачеме за нив. Мора да чекориме сами, да го следиме Христос и да не бидеме каменувани на патот, според свети Тихон Задонски; тогаш ќе не следат.


Свети оче Николае, поучи нè недостојните, грешните и заблудените, кои го почитуваме твоето свето име и Те молиме, свет Небесен кормилару!


Автор: Св.свештеномаченик  Сергиј Мечев
Извор: azbyka.ru/ bogonosci.bg

Превод: Симеон Стефковски

 

19ти декември 2021 лето Господово

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7707
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная