логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Педесетница- заедница на небото и земјата


Што е Богочовекот Христос: што е Бог во Него, а што човек? Како се познава Бог во Богочовекот, а како човекот? Што ни даруваше Бог, нам луѓето, во Богочовекот и со Богочовекот? Сето тоа ни го кажува Светиот Дух – „Духот на Вистината“: ни ја покажува целата Вистина во Него – за Бог во Него и за човекот, и што сѐ ни е подарено со Него? Е тоа бескрајно надминува сѐ што човечките очи некогаш виделе, ушите чуле, а срцето претчувствувало.
Со Својот живот во тело на земјата, Богочовекот го основаше Своето Богочовечко тело – Црквата, и со тоа го подготви светот на земјата за доаѓањето, престојувањето и дејствувањето на Светиот Дух во телото на Црквата, како душа на тоа тело. На денот на Светата Педесетница Светиот Дух слегол од небото во Црквата и засекогаш останал во него како негова сеживотворна душа. Тоа видливо Богочовечко тело го сочинуваат светите Апостоли со својата света вера во Богочовекот Господ Исус како Спасител на светот, како совршен Бог и совршен човек. И слегувањето, и целото дејствување на Светиот Дух во Црквата се случува заради Богочовекот. „Заради Него Светиот Дух влезе во светот“. Сѐ во Богочовечкиот домострој за спасението е условено од Богочовечката Личност на Господ Христос; и сѐ станува и се случува во категоријата Богочовечност. Така е и со Светиот Дух. Целото Негово дејствување во светот е неразделно од подвигот за спасение на богочовештвото преку Господ Христос. Педесетницата со сите бесмртни дарови на Троичното Божество, и Самиот Свет Дух, е ограничена на Црквата на светите Апостоли = светата апостолска вера = светото апостолско Предание = светата апостолска ерархија – на сѐ што е апостолско = Богочовечко.

Prep.Justin.Keliski1
 
Во Духовденското богослужење Светата Педесетница се нарекува „завршен празник“. Зошто? Затоа што со Светата Педесетница е завршено Откровението: завршен е Богочовечкиот домострој за спасението, завршена е вечната Вистина, вечната Правда, вечниот Живот. И покажана е Богочовечката себлаговест: Светата Троица е сѐ во сѐ; бидејќи преобразувањето, охристовувањето, обогочовечувањето, обожението, отроичувањето се извршува од Отецот преку Синот во Светиот Дух. А кога започна? Со Рождеството на Господ Исус Христос: јаслите, детенцето кое бега во Египет. Целиот изоден пат: од Витлеем до Вознесението, до Духовден. Малиот Исус ни Ја даде Света Трица; и сѐ со Неа. Со неискажливото Свое човекољубие ни Се даде Себе како Црква, како Свое Богочовечко тело, и со него и во него целата Света Троица. Оттаму, после осумте членови на Символот на верата, во кои е кажана Божјата вистина за Господ Христос и за Пресвета Троица, деветтиот член ни благовести за бесмртната Вистина на Црквата.
„Завршен празник“? Да, бидејќи ги објасни сите празници, сѐ од животот на Спасителот: Рождеството, Богојавлението, Благовеста, Преображението, Страдањето, Воскресението, Вознесението. Чуму сето тоа? Заради основање на Црквата, и заради спасение на светот во неа преку охристовување, обогочовечување, одуховување, обожување, отроичување.
Богочовекот Господ Христос со Себе како Црква ни отвори Пат преку вечната Вистина во вечен Живот: Живот во Света Троица. А животот во Света Троица не е ништо друго, туку благодатнодобродетелниот подвиг на отроичувањето: со помош на Светите Тајни и светите добродетели се живее со Богочовекот Христос, и со Него во Отецот и Светиот Дух, и преку тоа со сите членови на Богочовечкото тело – Црквата. Според зборовите на Спасителот: Јас во Мојот Отец, вие во Мене и Јас во вас. Притоа Богочовечката љубов е главната создателна сила на отроичувањето. Таа се вселува во членовите на Црквата, најпрво во Господ Христос; а заради Него и со Него во Бог Отецот и Бог Светиот Дух, и целиот живот е од Отецот преку Синот во Светиот Дух.
Со подвигот на отроичувањето, истовремено се одвива подвигот на охристовувањето и подвигот на одуховувањето. Со овој троеден подвиг човекот се одобродетелува и ги извршува заповедите на Спасителот. А Неговите заповеди се добродетелите: вера, надеж, молитва, пост, смирение, благост, добрина. Главен Учител во тоа е Светиот Дух; Тој, заради Господ Исус Христос нѐ учи на сѐ: што е Црквата и Бог во неа, и човекот во неа. Зашто во Црквата сѐ се сведува на Богочовекот; во неа сѐ е од Него, од Неговото единствено човекољубие. Во неа Тој е Алфа и Омега.

 

Prep.Justin.Keliski


Преподобен Јустин Ќелиски

 14ти јуни 2022 лето Господово

За Преминпортал:

Дејан Блажески

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3204
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3048
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…