Кога душата поседува љубов Божја, сѐ е добро и мило и радосно! Но и со љубовта Божја постои тага, затоа што колку е поголема Љубовта, толку е поголема и тагата.
Мајката Божја никогаш не погрешила, со ниту една своја мисла и никогаш не ја изгубила благодатта, но и Таа поднесувала големи маки тука на земјата. Нејзината болка додека стоела под крстот била безмерна како длабок океан, а нејзините душевни страдања биле неспоредливо поголеми од Адамовите по протерувањето од рајот, бидејќи љубовта на Мајката Божја била неспоредливо поголема од љубовта на Адам во рајот.
Таа можела да ги издржи овие големи маки само затоа што ја поткрепувала силата Господова. Господ сакал Таа да го види и Неговото Воскресение, та по Вознесението да остане на земјата, како утеха и радост на апостолите и на штотуку родените Христијани.
Ние не можеме да го достигнеме совршенството на љубовта на Мајката Божја и затоа не можеме да ја поднесеме ниту нејзината болка.
Љубовта на Мајката Божја била совршена. Таа бескрајно Го љубела својот Син и Бог, а исто така многу ги сакала и луѓето. Што сѐ не претрпувала Таа кога луѓето што толку ги сакала и на кои им посакувала спасение, Го распнале Нејзиниот мил Син?
Ние ова не можеме да го разбереме, бидејќи малку ги љубиме Бога и ближните.
Како што љубовта на Мајката Божја е безмерна и несфатлива, така и нејзината болка е безмерна и несфатлива.
Св Силуан Атонски
Извор:
Православие.Мк †