логоFacebookTwitterYouTubeeMail

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Несомнено е дека силниот дожд не е пополезен од слабиот. Силниот дожд е пороен, носи сѐ пред себе и во секој поглед е штетен за земјата, а слабиот пак, врне тивко, проникнува длабоко, ја натопува нивата, принесува полза на ораницата, навреме го храни класјето кога во него зрее плодот. Така е и со многусловната реч, и таа не е пополезна од мудрото слово. Иако понекогаш дава некакво задоволство, што потоа одлетува и исчезнува заедно со трепетот на воздухот, сепак таа не предизвикува ништо друго, освен воодушевеност од красноречие кај оние кои и така се пленети само од слухот.

Мудрото слово, пак, проникнува во умот, заседнува во срцето, ги исполнува слушателите со дух, го преживува своето раѓање, и со малку зборови извршува многу нешта.

Првата мудрост што ја поттикнува е добродетелен и за пофалба живот, живот очистен за пречистиот и пресветол Бог, Кој од нас сака само една жртва: да бидеме чисти и со дух и со тело. Оваа жртва Светото Писмо ја нарекува „смирен дух“ (Псал. 50, 17); „жртва благородна“ (Псал. 49, 23); „нова твар“ (Гал. 6, 15); „новиот човек“(Ефес. 4, 24). Основна мудрост е: да ја презираш онаа мудрост која се состои од зборови и превртувања на словата, но и од излишни и лажни говорни противречности. За мене е подобро во црква да бидат кажани само пет разбирливи збора, отколку илјада со јазик кој прилега на непознат звук од труба и кој за духовна одбрана не го разбудува воинот во мене.

Јас ја фалам и целивам таа мудрост со која се прославиле малите, за која се повикани понижените, со која рибарите ја уловиле целата вселена во мрежата на Евангелието, откако ја победиле шупливата мудрост со своето кратко и совршено слово. За мене не е мудар оној кој е умен на зборови, кој има превртлив јазик, кој има недобродетелна душа, кој приличи на гроб што однадвор е благообразен и убав, а внатре е полн со мртви коски и крие во себе страшна смрдеа. Мудар е оној, кој иако малку говори за добродетелта, сепак многу покажува на дело и преку личниот живот го потврдува своето слово.

За мене е подобра видливата убавина од убавината изразена во зборови. Претпочитам богатство што го имам во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост која не сјае на зборови, туку се сведочи на дела, зашто е речено: „Почеток на мудроста е стравот од Господа; здрав разум имаат сите кои според неа постапуваат“ (Псал. 110, 10), а не кои само ја проповедаат. Најверното испитување на таа мудрост е времето, а „староста е вистинскиот венец на славата, таа води по патот на правдата“ (Изрек. 16, 31).

Св. Григориј Богослов

 

https://www.tiveriopol.mk/mudroto-slovo-zasednuva-vo-srceto/

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3156
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2485
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…