АКАДЕМИК КАТИЦА ЌУЛАВКОВА ЗА ДЕЛОТО НА КОНЕСКИ
Научното дело на Блаже Конески во областа на јазикот вклучува сознанија за потеклото и историјата на македонскиот јазик, за македонската жива народна реч, за дијалектологијата, фонологијата и граматиката на македонскиот јазик, како и сознанија за консолидацијата на македонската наука за јазикот во 19 век и почетокот на 20 век. Тоа негово дело го афирмира македонскиот јазик во меѓународните лингвистички кругови од највисоко рамниште