логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Суверен и неотуѓив дел на македонскиот национален интерес

АКАДЕМИК КАТИЦА ЌУЛАВКОВА ЗА ДЕЛОТО НА КОНЕСКИ

Научното дело на Блаже Конески во областа на јазикот вклучува сознанија за потеклото и историјата на македонскиот јазик, за македонската жива народна реч, за дијалектологијата, фонологијата и граматиката на македонскиот јазик, како и сознанија за консолидацијата на македонската наука за јазикот во 19 век и почетокот на 20 век. Тоа негово дело го афирмира македонскиот јазик во меѓународните лингвистички кругови од највисоко рамниште и доведе до современата книжевна стандардизација или кодификација, која секогаш и секаде се прави во соодветни институционални државни рамки. Што е усвоено и непобитно сознание за развојот на македонскиот јазик наследено од Конески?
Прво, старословенскиот јазик е споделена матрица на сите словенски јазици, а старословенската норма била приопштена од сите словенски народи во 9 век, врз основа на богатиот жив народен говор на големата старословенска популација во Европа, со посебен акцент на народниот говор на Македонските Словени во околината на Солун. Во таа смисла, старословенскиот и староцрковнословенскиот е наддијалектен јазичен систем од којшто со текот на времето се изделувале особените и автономни словенски и јужнословенски национални јазици.
Дијалектните разлики меѓу словенските говори во 9 век биле незначителни, а со текот на времето, станува збор за векови, се зголемувале и ја сочинувале основата на новите стандардизирани природојазични системи.
Македонскиот современ јазик, во основа старословенски, ги поминал сите развојни фази: од тоа да биде посебно јужномакедонско наречје до тоа да биде поопшт склоп на сите македонски народни говори и дијалекти, на крајот да се стандардизира врз предлошката на југозападните и централните македонски говори и да продолжи да се развива. Тој развој се следи како на дијалектна основа, така и на стандардна литературна и книжевно-естетска основа. Минорни се разликите во причините и времето на првите обиди за стандардизација меѓу јужнословенските јазици, а поголеми се општествените околности. Српскиот јазик се стандардизира кон средината на 19 век, со подвигот на Виктор Караџиќ, бугарскиот јазик до самиот крај на 19 век не е официјално кодифициран, а македонскиот јазик се стандардизира граматички во 1903 година, во делото на Крсте Мисирков, за да доживее завршна институционална кодификација на стандардот во рамките на државните институции на Народна Република Македонија во 1945-та, но врз основа на научните лингвистички сознанија со коишто е тесно поврзано името на Конески.

Уште во средината на 19 век, Партениј Зографски научно и граматички прецизно и споредбено ги опишал разликите помеѓу тогашното бугарско наречје во Бугарија и Тракија и македонското наречје во Македонија, земајќи ја парадигмата на југозападните и централните народни говори. Тоа е историски период кога била силна свеста за единството на јужнословенските јазици и силно влијанието на црковнословенскиот јазичен образец. Партениј Зографски е иницијатор на процесот на стандардизација на македонскиот народен говор и ја поттикнува неговата еволуција во современ литературен јазик со свој автономен граматички и лексички систем. Широко наобразен, тој го опишува македонскиот јазик не само како жива македонска народна реч туку како препознатлива граматичка структура, рамноправна со тогашниот бугарски и српски јазик.
И самиот Конески го смета архимандрит Партениј за „прв наш човек со извесна научна концепција за јазикот“ (2020: 378). Токму во тоа време колективната јазична и историска свест позитивно се одразила врз просветните и културните народни движења, што е основа за формирање на свеста за македонската национална посебност.
Крсте Мисирков ја конципира македонската јазична преродба врз две начела: историскиот континуитет на македонскиот јазик и современите комуникациски, културни и општествени околности. Тој, во согласност со премисите на структуралната лингвистика од почетокот на 20 век, прави дистинкција меѓу живата народна реч и литературниот стандард заснован врз наддијалектни, граматички конвенции и функции. Пристапот на Мисирков кон кодификацијата на македонскиот јазик е прагматичен и функционален.

На почетокот на 20 век, Македонското научно-литературно друштво од Петроград ги споделува македонистичките ставови на Мисирков и ги промовира надвор од матичните и соседните интелектуални кругови и се спротивставува на обидите македонскиот јазик да не се стандардизира како посебен природојазичен систем.
Блаже Конески го заокружува процесот на стандардизацијата на македонскиот словенски јазик зачнат во 9 век, во рамките на старословенскиот, подоцна и црковнословенскиот јазик, од светите Кирил и Методија. Тој, следејќи ја еднакво и историјата на јазикот, но и неговата современа употреба и структура, ги поставува на врвно научно ниво нормите на македонскиот современ јазичен код.
Блаже Конески со своето дело ја пренесува пораката дека јазикот има стратегиски интерес за опстанокот на еден народ, за востановување една нација и една држава. Тој смета дека македонскиот јазик е македонски национален интерес, а не национален интерес на соседите. Затоа, должност на македонскиот народ, но и на македонските државни институции е да им се спротивстават на пропагандите што ги негираат постоењето и идентитетот на македонскиот јазик и му ја одземаат стекнатата функција на главен и единствен државен јазик.
Денес не е доволно само свечено да го чествуваме делото на Блаже Конески. Неопходно е да ги почитуваме неговите научни придобивки за континуитетот на македонскиот јазик, културна и национална историја. Тие треба да бидат суверен и неотуѓив составен дел на македонскиот национален интерес. А националниот интерес е државен интерес. Ако се отстапи од јазичното, културното и историското наследство на македонскиот народ, тогаш ќе се отстапи од сувереноста на македонската држава, ќе се поткопаат нејзините темели, а последиците можат да бидат трагични и неповратни. Затоа, да чествуваме, но и да го одбраниме нашето цивилизациско и национално право на историско јазично, културно, црковно уметничко и научно наследство. Кој го цени Конески, треба да ги цени придобивките од неговото огромно дело, кое заокружува една самосвесна вековна културна, јазична и национална нишка. Нема друг избор.

 

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/politika/%d1%81%d1%83%d0%b2%d0%b5%d1%80%d0%b5%d0%bd-%d0%b8-%d0%bd%d0%b5%d0%be%d1%82%d1%83%d1%93%d0%b8%d0%b2-%d0%b4%d0%b5%d0%bb-%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b8%d0%be/?fbclid=IwAR0QRF69d3zxgl62Ke4a7rt0RY59dc_rM4oOg2qHOnWp6fPawUG9RCtmCDg

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2025
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2545
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная