логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

По повод 30 години воспоставена дипломатска соработка, Австриската амбасада во соработка со Националната галерија има особена чест да ве покани на отворањето на изложбата

“Австриската уметност после 1945”

на 30 октомври 2024, во Даут пашиниот амам со почеток во 18:00 ч.

 

Австриската современа уметност по 1945 година е производ на едно сложено и динамично испрепелтување на историските, политичките и културни сили. Последиците од Втората светска војна условија Австрија, како и поголемиот дел од Европа, да се бори со потребата од повторно издигнување, не само инфраструктурно или политички како резултат на воените разорувања, туку и во поглед на културната и интелектуалната сфера. Од денешен аспект можеме слободно да кажеме дека токму австриските уметници на овој предизвик одговорија со иновативни, понекогаш радикални, пристапи кои ја позиционираа Австрија како центар на современата уметност. Уметноста стана клучен сегмент во надминувањето на колективната траума и дефинирањето на националниот идентитет, преку настојувањето да се изнајдат нови форми на уметничко изразување кои истовремено би го одразиле разочарувањето од уништувањето на војната, но и надежта за нов почеток.

Современа уметност по 1945 година во Австрија се карактеризира со богата разновидност на стилови, движења и пристапи. Од егзистенцијалната апстракција на повоениот период до радикалните изведби на виенскиот акционизам и концептуалните истражувања на постмодернизмот, австриските уметници постојано ги поместувале границите на она што уметноста може да биде и што може да претставува. Денес, австриската современа уметност и понатаму е енергично и динамично поле, кое ги одразува не само локалните специфичности на австриската историја и култура, туку и пошироките глобални струи на современата уметничка практика. Преку своето творештво, австриските уметници длабоко се вклучија во политичките, социјалните и технолошките промени во 20-от и 21-от век, давајќи значаен придонес на меѓународната уметничка сцена.

Оттука изложбата “Австриската уметност после 1945”, на македонската публика и открива еден важен аспект од австрискиот културен идентитет. Таа отвара можност да видиме дел од творештвото на некои од авторите кои низ децениите наназад учествувале во оформувањето на австриската уметничка сцена и афирмацијата на новите ликовни тенденции. Станува збор за избор од 50ина слики и неколку склуптури - современи уметнички дела од повеќе автори кои со својот творечки и интелектуален потенцијал одиграле значајна улога во развојот на австриската ликовна уметност после 1945 година и денес се дел и од повеќе приватни колекции. Земајќи го во предвид погоре кажаното се чини доволно провокативна и интересна можноста за една ваква средба со репрезентативни примери од современата австриска ликовна сцена, кои што се врзуваат за некои од клучните периоди во историјата на модерната уметност, кога суштествено се менува начинот на размислување и гледање на уметничкото дело.

Токму едно од примарните настојувања и определби на Националната галерија, тргнувајќи од нејзиното основање во далечната 1948 година па се до денес, оди во насока на презентација на разнообразни ликовни изразувања и автори кои одиграле значајна улога и оставиле силен белег во афирмацијата на развојните тенденции како во македонската, така и пошироко, во светската современа ликовна уметност. Преку избор на актуелни изложби и автори коишто со своите естетски вредности и творечки квалитети предизвикуваат соодветно внимание настојуваме да поттикнеме или отвориме комплексни прашања условени од одредени актуелни социоекономски, општествено-политички или филозофско-естетски прашања. Амбиентот на ликовните простори каде изложбите наоѓаат место за свое вообликување и заживување, од своја страна, пак, овозможува дополнителна сензација и инспирација во оформувањето одредена ликовна визија и во дефинирањето дадена ликовна естетика.

Токму затоа веруваме дека и овој пат амбиентот на средновековната турска бања „Даут пашин амам“ од втората половина на 15 век, со својата специфична и карактеристична архитектура, композициски и идејно ќе придонесе во надградувањето и збогатувањето на концепциската поставеност и структурата на изложбата “Австриската уметност после 1945”, која е дел од низата културни настани организирани по повод одбележувањето на јубилејот 30 години од воспоставувањето на дипломатска соработка помеѓу нашите две земји.

Конечно, оваа изложба и овој настан во рамките на одбележувањето на 30 години од воспоставување на дипломатските односи претставува една од можностите за доближување на народите на двете земји. Јазикот на уметноста и културата е универзален јазик кој во себе ги создава, гради и негува општочовечките вредности. Токму преку афирмацијата на уметничкото творештво во најголема мера можеме да ги зацврстиме културните врски меѓу народите и земјите, притоа секогаш истакнувајќи ги заемните и универзални вредности и поттикнивајќи исклучиво одредена хуманистичка димензија.

Маја Неделкоска-Брзанова

в.д. директор

Национална галерија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная