"Кога љубовта ќе застане, должноста ја заменува.
Кога должноста ќе застане, законот ја заменува.
Додека гори мајчината љубов спрема детето, љубовта прави повеќе него што должноста и законот наложуваат.
Кога мајчината љубов спрема детето олади, мајката ја врши само својата должност, односно прави помалку отколку што љубовта може,а повеќе отколку што законот наложува.
Кога мајката ќе го омрзне своето дете,таа прави само колку по законот мора да прави, односно, помалку колку што љубовта може и должноста наложува.
Љубовта доаѓа од Бога преку душата.
Должноста доаѓа од душата преку разумот.
Законот доаѓа од разумот преку зборови.
Кој го признава законот како збир од сите морали, тој ја познава само корицата на книгата за моралот.
Кој ја признава љубовта како збир од моралот,тој го гледа и чита и го познава духот и животот на моралот.
Кој ја признава душата како причинител (праузрок) на светот,тој ги гледа и ги чита само буквите во книгата за светот.
А кој го признава живиот Бог како причинител (праузрок) на светот,тој гледа, чита и го познава духот и животот на светот.
Љубовта е слободна од сите закони, човечки и природни и повозвишена од сите должности.
Не знаејќи ги прописите на законите нити имињата на должностите, љубовта ги исполнува и преминува (превазилази) како што сончевиот сјај го преминува ( превазилази) рефлектниот сјај на камењата и ѕвездите".
Св.Николај Охридски и Жички.