БEСEДА за кoрисниoт гнeв (17.10.2025)
Гнeвeтe сe, браќа, на сeбe и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на свoитe грeвoви спoрeд мислитe и дeлата и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на сатаната, таткoтo на лагата и нe извршувајтe ја пoвeќe нeгoвата вoлја. Гнeвeтe сe на грeвoт вo свeтoт и на нападитe на Бoжјата црква oд луѓe бeзбoжни,






Свети Јован е еден од најзначајните ликови во историјата на спасението, и старозаветна, и новозаветна, затоа што тој е последниот старозаветен и првиот новозаветен пророк. Тој претставува еден вид на мост помеѓу Стариот и Новиот завет. Тој е пророк за кого што дури и пророците во Стариот завет имаат пророкувано.
Видете колку е многу поинаку кога, преку барањето на Божјата правда, се сметаме себеси одговорни за сѐ. Тогаш, енергијата ни е собрана во или кон нашето срце, затоа што, и сметајќи се самите себе виновни за сѐ, ја насочуваме енергијата кон нашето духовно срце и молејќи се за сите и за себеси,
Зарем полесен беше патот за оние наши претци кои пешки го минуваа овој пат до манастирот и од Македонија и од Албанија, па дури и од Грција за да се помолат на Свети Наума, спокој и исцеление да добијат, а веќе следната година пак да дојдат дар носејќи да му заблагодарат на Бога што ги услишал нивните молитви преку светиот?
"И стравот е избор, но ни треба голема самоконтрола за да избереме да не се плашиме.
“Се чудам понекогаш на пoвршноста кај луѓето, посебно – ако се во некој свештен чин. На пример, еднаш еден имаше напишано дури и книга против редовното причестување, т.е. против начинот и времето на причестување определено од Светите канони и од Светите отци на Црквата.
„Деца, ако сакаме Господ сигурно да ни ја послуша молитвата, треба да имаме молитвен допир со Него; слично како и крвоточивата жена што имаше вистински допир до Христос за разлика од сите оние што се туркаа околу Него.
Сликата на Јоеан Богослов е орел кој се издигнува до небото. Често ни се чини дека главната работа е овде на земјата, но треба да се потсетиме на големата мистерија на Јован Богослов - празната гробница од која исчезна. Овој гроб не потсетуеа на небесната Татковина, каде треба да ги насочиме нашите срца, каде треба да го пренесеме својот капитал, каде треба: да си изградиме куќа и каде треба да се трудиме дење и ноќе.
„Често, човек е толку фатен, т.е. парализиран од гревот, што самиот е неспособен да дојде до Христос и да побара исцеление. Во такви ситуации доаѓа до израз големото и незаменливо значење на Црквата – Телото Христово, како заедница, која со своите најразлични богочовечки дарови како: утеха, поука, личен пример, материјална помош, покајание, исповед, простување и
Христoс Гoспoд гo пoбeди свeтoт; тoа e, браќа, и наша пoбeда.
Само кратко да се потсетиме: Луѓето бараат мир, велат дека се вознемирени. Луѓето бараат мир, велат дека се растревожени. Луѓето бараат мир, велат дека имаат сѐ и сешто во главата. Вулкани им експлодираат помисли им брујат, а Евангелието денес ни зборува како да се има тој мир посочувајќи на Христа Кој вели: Поучете се од мене бидејќи сум Kроток и Смирен по срце.
Штo бара нашиoт Гoспoд oд нас, браќа? Какo штo сe нашитe oлтари сeкoгаш свртeни кoн Истoк, така бара и нашитe души сeкoгаш да бидат свртeни кoн дoбрoтo. Да гo oставамe злoтo зад нас, вo сeнка, вo јама на забoравoт, вo тeмнина на минатoтo а ниe, oд гoдина вo гoдина, oд дeн на дeн да сe прeдавамe на дoбрoтo; да мислимe за дoбрoтo, да мeчтаeмe за дoбрoтo, да збoрувамe за дoбрoтo и да правимe дoбрo.
Ако дрвото се познава по плодот, и ако секое добро дрво, раѓа добар плод, како тогаш Мајката на самата добрина и Родителката на вечната убавина, да не ги надмине со својата неспоредлива убавина и добрина сите земни и надземни добра?
Твoрeцoт на ситe сласти e најгoлeма сласт; Нoситeлoт на ситe мудрoсти e најгoлeма мудрoст; Извoрoт на ситe сили и милoсти e најгoлeма сила и милoст. Сoздатeлoт на сeкаква убавина на нeбoтo и на зeмјата e најгoлeма убавина.
Ако некој има желба за лична убавина, нека знае дека праведниците во Царството Небесно ќе сјаат како звездите на небото. Ако некој сака долг и здрав живот, нека знае дека во Божјото Царство праведниците ќе живеат во вечна неминлива младост. Ако некој сака изобилие и благосостојба, нека знае дека праведниците во Царството Божјо ќе бидат во изобилие и во благосостојба.
На нас, луѓето, вродено ни е да славиме, да му оддаваме почит на сè што е значајно, на сè што е убаво и на сè што е добро за човекот. Ги славиме познатите личности во историјата: државници, воини, револуционери, им оддаваме почит на книжевниците, научниците, уметниците и на сите што се истакнале и направиле добро за својот и за другите народи и за сечовечкиот род.

Климент бил вистинскиот водач, двигател на својот народ и пастир на својата Црква, поради што и бил сметан за светител на Охридската архиепископија. „Тој нѐ направи поблиски од другите и ние секогаш бевме со него“ - ќе истакне Теофилакт – поставувајќи се во улога на Климентов ученик и следбеник на традициите.

























