логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

ih3387

СВЕТИ СВЕШТЕНОМАЧЕНИК ХАРАЛАМПИЈ

„Господи, Ти знаеш дека луѓето се месо и крв, затоа, прости им ги гревовите и излиј ја Својата благодат врз сите!“

(Предсмртната молитва на свети Харалампиј)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина и свое длабоко значење. Православниот христијанин треба да го знае значењето на своето име и да се соживува со него, зашто нашето име го крие и нашиот карактер, нашите способности и дарби. Не случајно и Господ Исус Христос во една прилика на свети апостол Петар му рекол: „Ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам црквата Своја…“ (Матеј 16: 18). Христос ги кажал овие зборови, зашто ја знаел цврстата вера на свети апостол Петар, а името Петар значи „камен“. И навистина, свети апостол Петар бил цврст во верата како камен, па до ден денес светата Црква почива на такви сигурни темели.

Името на светителот честопати кажува многу повеќе, отколку целото негово житие. Имињата никому не му се случајно дадени. Тие претставуваат симбол и карактеристика на личноста, а во исто време соопштуваат и една вистина за правиот христијански живот. И името на денешниот светител Харалампиј не е никаков исклучок. Неговото име во превод значи: „човек кој зрачи со радост“. А каква е таа радост со која Харалампиј зрачел?

Овој голем светител бил епископ во Магнезија и пострадал за Христа на 113-годишна старост. Кога настапило страшното гонење против христијаните во времето на царот Септимиј Север, старецот Харалампиј не се криел од гонителите, туку слободно и јавно ја проповедал Христовата вера. Сите маки ги претрпел како да се наоѓал во туѓо тело. А кога од него ја одрале кожата, незлобивиот светител им рекол на царските војници: „Ви благодарам, браќа, за тоа што го иструживте моето старо тело, зашто на таков начин вие го обновивте мојот дух за нов, вечен живот“. Свети Харалампиј направил безброј чуда и многумина ги покрстил во верата. Дури и царската ќерка Галина го напуштила незнабоштвото на својот татко и постанала христијанка. Откако бил осуден на смрт и донесен на местото за погубување, свети Харалампиј ги подигнал рацете кон небото и се помолил на Бога за сите луѓе, Бог да им даде телесно здравје и душевно спасение и да им ги умножи земните плодови: „Господи, Ти знаеш дека луѓето се месо и крв, затоа, прости им ги гревовите и излиј ја Својата благодат врз сите!“. По завршувањето на молитвата, овој свет старец ја предал својата душа на Бога пред џелатот да го спушти својот меч врз неговиот врат. Пострадал во 202 година, а неговото свето тело го зела царската ќерка Галина и чесно го погребала.

Свети Харалампиј бил старец, кога омразата против небесните тежнеења на христијаните поттикнала уште едно гонење. Римскиот цар Септимиј Север, кој бил претставник на војничката каста чија целокупна моќ лежи во насилството, одлучил да го уништи сето она, кое неговите злобни претходници не го уништиле. Христијаните не ги гонел само умоболниот Нерон, ниту Марко Аврелиј бил нивни пријател, ниту, пак, Трајан успеал со пролевањето на христијанската крв да го уништи нивниот дух. Христијанството, сепак, живеело и напредувало. Насилникот и убиецот Септимиј Север, откако по пат на цареубиство ја освоил власта во 193 година, исто така се обидел духовните вредности на христијанската вера да ги потопи во море од крв. Насекаде започнала потера против христијаните, и младите и старите биле фрлани во затвори, биле мачени и убивани. Исто така и Харалампиј, епископот на градот Магнезија, бил фатен и изложен на маки, со цел да ја поколебаат верата во неговата душа.

Харалампиј тогаш имал 113 години. Тој бил современик на свети Јован Богослов, сведок на сите гонења против Црквата кои, почнувајќи уште од времето на Нерон, удирале по Христовото тело со многу мали прекини. И ете, во својата библиска длабока старост дочекал да им погледне во очи на своите сопствени маки. Но, зарем еден таков сигурен сведок на стогодишното исповедање на Христовата вера можел да се исплаши од оваа средба? Зарем тој, кој со десетици години слушал и гледал како вистинските христијани се радуваат во маките за што поскора средба со Спасителот, сега, во длабока старост можел да се откаже од својот Спасител?

Житието на овој светител нè принудува да си го поставиме прашањето: Што е мачеништвото? Мачеништвото не е само мака. За христијанинот, мачењето во него е споредна работа. Мачеништвото е можност и прилика да се посведочи вредноста која ја содржи евангелската вера. Тоа е посведочување и на оној главен плод од Христовата благовест – радоста од сознанието дека сме синови Божји, дека му припаѓаме на Божјото царство и дека повеќе не сме робови на смртта. Преку верата се влива во душата божествената радост на победата. Затоа, историјата на мачеништвото, пред сè е историја на победничката радост на мачениците, отколку нивните маки.

Гонењето на Септимиј, Харалампиј го сфатил како можност да ја посведочи и својата вера во бесмртниот Христос. Затоа не се плашел, и покрај строгите забрани на властите, да проповеда за верата која на луѓето им ветува вечен живот и вечна радост. Во тоа дело бил потполно мирен и кроток и никаков бес кон гонителите во неговото срце немало. Имено, тој бил спокоен не само во својата вера дека вечно ќе живее, туку и во својата љубов кон секој човек, кон сите без разлика. На мачилиштето стапнал со цел да прими дар од Бога: ослободување од телесната старост и стекнување вечна младост за својот дух. Тогаш, зошто би ги мразел своите мачители? Тој немал ни лични причини за такво нешто. Затоа им заблагодарил на мачителите. Жив го дереле, а тој ги нарекувал браќа.

На лицето на свети Харалампиј биле оцртани староста, која не може да се победи со злоба, зашто не жали за младоста на телото, и љубовта која не знае за граници, ниту за години. Оваа негова карактеристика многумина ги привлекла кон верата, која твори големи чуда. Светиот човек ги прогонувал и демоните, секако, со силата на својата кротка љубов. Демоните не ја поднесуваат љубовта и бегаат од оние кои се способни да љубат, зашто тие единствено нешто што умеат е да мразат. Ниту радоста од духовната љубов можат да ја поднесуваат. Харалампиј тогаш светел од радост. 113 негови години му припаѓале на вечниот и бесмртен Христос. Па како тогаш да не се радувал? Денот на погубувањето бил ден за неговата средба со Христос. Зарем вредело и зарем имало време да мисли на мечот и на тркалото на човечката мизерна злоба? Тој Го носел Христос во себе, пораснал во Него и се возвеличил до мерката на Христовиот раст. Од таа висина тој можел само да љуби и да простува во името на Бога, кој сè простува само за еден мал гест на искрено покајание.

Најпотресни и најдлабоки се молитвите за простување искажани од устите на светите маченици. Молитвата на свети Харалампиј била куса и јасна: „Господи, Ти знаеш дека луѓето се месо и крв, затоа, прости им ги гревовите и излиј ја Својата благодат врз сите!“. И Бог го зел при себе уште пред службениот џелат на една насилничка империја да го спушти мечот на неговиот покорен врат. На таков начин, целиот обземен од небесна радост, светиот старец Харалампиј стекнал вечна младост за навек. Амин!

Протоереј Златко Ангелески

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5110
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 5761
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 5487
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 4923
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

ереј Игор Острески: СВЕТИОТ АПОСТОЛ И ЕВАНГЕЛИСТ МАТЕЈ

ереј Игор Острески: СВЕТИОТ АПОСТОЛ И ЕВАНГЕЛИСТ МАТЕЈ

По Христовото воскресение и по слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, апостол Матеј, заедно со апостолите, го проповедал Евангелието во Ерусалим, потоа заминал во Абисинија, па преку Арабија и Персија...

„Ги помолив учениците Твои да го истераат, но тие не можеа”

„Ги помолив учениците Твои да го истераат, но тие не можеа”

Демони не можат да изгонуваат во секој поглед раслабени луѓе. Демони може да изгонува од другите само оној што претходно го очистил своето срце од страстите и со нив поврзаните...

„Благословен е Оној што иде во името Господово!“

„Благословен е Оној што иде во името Господово!“

"Гледате, за разлика од нас кои и да сме просветлени, а не сме, можеме само да претпоставуваме и да нагаѓаме што, кога и каде ќе се случи, Богочовекот Христос точно...

 Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

  Ангелите ги славиме,се присетуваме на нив, ги повикуваме на помош, но тоа што човекот го добил како достоинство и неговиот удел кај Бога е многу поголем од оној на...

 ’Не бој се! Само верувај и ќе биде спасена!‘“

’Не бој се! Само верувај и ќе биде спасена!‘“

На првиот степен од нашиот духовен развој, чистење на срцето од развратните страсти, ние сме во постојана борба да го сопреме истекувањето и губење на благодатта од нас. Додека ги...

„...Темнината на поистоветувањето...“

„...Темнината на поистоветувањето...“

 Има и општо восогласување. На пример: „христијаните“ кои сѐ уште не ја отфрлиле темнината на поистоветувањето со државата, народот и партијата, наместо пастирскиот пристап кон истите, треба да знаат дека...

Игумен Фотиј Беровски: Каде и кога?

Игумен Фотиј Беровски: Каде и кога?

   И покрај тоа што ние, го бркаме како и Гадаринците и го молиме да си отиде од нашиот крај ( зашто нема да можеме да си ги вршиме нашите...

Наша христијанска цел е да стекнеме просветлување, т.е. духовен разум...

Наша христијанска цел е да стекнеме просветлување, т.е. духовен разум...

Старозаветен менталитет е строгото пазење на сјајот на надворешната форма, додека нашата внатрешност е темнина – без просветленост на умот, која произлегува од умно-срдечната молитва и исполнувањето на заповедите Божји;...

Примерот со луѓето од земјата Гергесинска...

Примерот со луѓето од земјата Гергесинска...

Суетата (славољубието, гордоста) е последната страст што треба да се преобрази пред да се премине од првиот степен на духовниот раст – очистување на срцето од страстите, на вториот –...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

30/11/2023 - четврток

Божикен пост (на масло)

Свети Григориј Чудотворец, епископ Неокесариски; Преподобен Никон Радоњежски; Преподобен Генадиј Ватопедски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов маченик Платон 18 ноември / 1 декември 2023

Тропар на св.Христов маченик Платон 18 ноември / 1 декември 2023

Маченикот Твој Платон, Христе Боже наш, избирајќи го Животот веченТебе Те исповеда и времениот живот маченички го заврши,

Тропар на свети Григориј Неокесариски чудотворец 17 ноември / 30 ноември 2023

Тропар на свети Григориј Неокесариски чудотворец 17 ноември / 30 ноември 2023

Ревнувајќи во молитвата,искуси чудесни дејствијатака стана истоименик на исправувањето,затоа моли се на Христа Бога,

Тропар на светиот апостол Матеј 16 ноември / 29 ноември 2023

Тропар на светиот апостол Матеј 16 ноември / 29 ноември 2023

Ревносно од царина си тргналкон повикот на Владиката Христос,Кој поради својата добрина се појавина земјата помеѓу луѓето,Него следејќи го се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная