ТВРДЕЊЕТО ДЕКА ПОБОЖНОСТА Е САМО ЗА ОНИЕ ПОПРОСТИТЕ – ПАЃА ВО ВОДА
Најголемите научници, оние кои ги откриле најбитните работи за човештвото, како Исак Њутн, Никола Тесла, Бенџамин Френклин, Блез Паскал, Луј Пастер, Михајло Пупин, Никола Коперник и многу други, биле побожни луѓе, големи верници, и работејќи на своите откритија тие ја почувствувале благодатта и помошта Божја. Самите тие Му благодареле на Бога и своите откритија ги препишувале Нему, на Создателот, кој гледајќи ја нивната верба, ги просветлил и им ги открил тајните на Универзумот.
Михајло Пупин(+1935) Србин , бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк,голем пронаоѓач на полето на електротехниката,претседател на Американското друштво за унапредување на науката изјавил:
,, Каде и да ја изучувала вселената, науката секаде наоѓала пројавување на еден принцип,кој ги доведува во согласност сите појави во вселената и тој принцип го нарекуваме Божествена Интелегенција. И, науката не открила ништо повозвишено од човечката душа. Како што се развива човечката душа, така оваа интуиција за Божествената Интелегенција станува се` посилна”.
На надгробната плоча на Никола Коперник, астрономот кој го открил хелиоцентричниот систем и открил дека Земјата се врти околу Сонцето, стои овој натпис:
Благодатта која си му ја дал на Павле
Не ја барам јас,туку Тебе Те сакам.
Ни клучевите што си му ги дал на Петра
Заради исповеданието:,,Те љубам” – не ги сакам.
Само една, Милостиви,
Од Тебе барам милост:
Онаа што на разбојникот Му ја даде,
Издигнат на крстот:
,,Денес ќе бидеш со мене во рајот! “
А на гробот на Исак Њутн,славниот англиски математичар,физичар астроном и филозоф, којшто го открил законот на гравитацијата и составот на светлината,стои следниот натпис:
,,Тој со својата животна филозофија ја прославуваше Божјата семоќ,а со својот живот ја олицетворуваше евангелската простота”.
извадок од книгата: ,,Најдобриот Воспитувач"
во издание на Повардарска Епархија.
фб Православие.Мк †
Има три вида на луѓе:
-Едни кои му служат на Бога, Кого што Го пронашле;
-други кои Го бараат, бидејќи уште не Го нашле;
-трети, кои живеат и ниту Го бараат, ниту Го наоѓаат.
Првите се разумни и среќни, вторите се разумни и несреќни, а третите се неразумни и несреќни...
Блез Паскал