Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО
Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот, страстите и себичната волја) на Крстот и Гробот Христов за да можат да воскреснат со Него и „да одат во обновеноста на животот“ (Рим. 6, 4).
Ова е дејството на покајанието и прифаќањето на Крстот Христов. Без покајание, односно без постојано распнување на своето поранешно „јас“, невозможно е за верните да веруваат на евангелски начин, односно целосно да Му се предадат на Бог и да Го