логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

3.angeli.so.truba

 СТРАВОТ ГО РАЃА НАЈГОЛЕМИОТ НЕУСПЕХ

Ниту еден грев не може да ја надмине Божјата љубов. Дури и најголемиот грев е мала искра во океанот на Неговото човекољубие. Затоа и се каеме, затоа и клекнуваме на исповед и бараме прошка. Затоа што се надеваме. Се надеваме на Неговата милост, која го постави прво разбојникот во Рајот, кој ја направи блудницата преподобна подвижничка, која го направи гонителот на христијаните првоврховен апостол, кој го направи митарот-евангелист, кој го прави секој човек богочовек по благодат.


Барањето прошка не значи дека не сте во право и дека во секоја постапка сте погрешиле. Пред сè, тоа значи да го ставите другиот над вашиот егоизам, да сакате да се помирите со другиот, наместо да бидете оправдани пред него, да сакате да останете во контакт со другиот, отколку да сакате да го победите другиот, кој веројатно некогаш е и виновен. Барањето прошка кога сте виновни ни е очигледно дадена можност и не е ниту доблест ниту нешто посебно. Да не бараш прошка кога си виновен е демонско. Да се побара прошка, особено кога не си виновен, кога не си згрешил, е задоволство и блаженство; затоа што тоа ја покажува вашата победа над егоизмот. Целта не е да се оправдуваме по секоја цена, туку да се помириме со другиот по секоја цена. Дури и ако цената е да изгледаме слаби и глупави. Ако не сте подготвени за такво нешто, барем не зборувајте со мене за љубов. . . зборувајте ми подобро за правдата и законите, за казните и наградите.


Да имаш ближен и придружник во духовната борба, а не ближен во вашите страсти е вистинскиот благослов. . . Покажете сочувство кон сите. Особено за оние кои живеат без Христа. Бидете снисходливи кон нив и сочувствителни. Не е ваша должност да ги прекорувате и да ги осудувате. Ваша должност е да се молите за нив, да им помагате, да им проштевате во вашето срце и да ги прифаќате. Така функционира Божјата благодат, ги просветлува луѓето и им помага да се покаат. Онаму каде што има безрасудувачка ревност и строгост, не постои благодатта Божја. Вистината мора да се пројави со кроткост и смирение, мир и љубов. За да ги придобиете другите, понекогаш мора да изгубите. Особено за да ги придобиеме во Христа, мора да им покажеме дека сме подготвени не само да изгубиме, туку и да бидеме распнати за нив.


Да бидеме како љубовен рефрен, како азурно небо на пролетното утро, како насмевка на мало дете, како пријателска тишина, како убавината на цветот, како Божја љубов, како мајчина топлина, како сигурна животна прегратка...
Зошто љубовта да приличи на осаменост? Зошто да се поучуваме преку болка? Зошто предавството да биде моја сенка? Зошто насмевките треба да ги учиме како лекции по глума? Зошто облаците да носат дожд? Зошто да ја трошиме убавината во заборавот? Зошто да ги креваме крилјата среде суетата? Зошто љубовта треба да стане страст и катастрофа? Зошто е потребно тоа во животот?
И тогаш мојот глас кимна со шепот, исполнет со сигурност: НЕ...не е така во животот.


Животот е најубавото бавно и ритмичко движење на бесмртното, мелодично ехо на небото, занесеност во која не знаеме да играме а играме, тоа е песна во која нема измерен говор или рима, тоа е тага и радост, болка и мир, плач и песна, немир и смиреност, тага при збогувањата, радосна тага од една соната, издишување на погледот што видел темнина, но и светлина.
Но ние секогаш размислуваме за тебе,со тебе,за мене,со мене... Зошто е така во животот? Не знам...
Така е во животот - кажи...и не дозволувај да ти избега надежта, верата, но најмногу од се не дозволувај љубовта да ти избега од очите. Така е во животот. . . Еден изгрев кој игра криенка со зајдисонцето.
Бидете верни со сите. Уште повеќе треба да бидете вистински и искрени со ближните. Ниту една врска не може да започне со лага. Нема невини лаги, нема добри лаги. Лагата е секогаш лага. Бидете вистинити со другите луѓе. Носењето маски само за да се задржи другата личност - а притоа мамејќи го - е цинично. Не е богоугодно она на што не учат дека целта ги оправдува средствата. Оваа мисла е лицемерна за нашите односи со ближните. Откривањето на нашите чувства, мисли, дела пред другиот ги поставува темелите за значајна и жива врска со него. Според мое скромно мислење, подобро е другиот да ве отфрли но да ве познава, отколку да остане со вас, но да не ве познава заради вашето лицемерие и лага.

Ние не се вклопуваме со сите. Но, барем да бидеме вистински со луѓето со кои сме заедно. И другиот да сака да има личен однос со нас, затоа што нè познава, не затоа што не нè познава; затоа што прифаќа кои сме, не затоа што лажно се претставуваме. Голема доблест е да бидеме вистински знаејќи го моментот дека може да бидеме отфрлени. И кога ќе ја кажаме вистината, нема да размислуваме на непопустливоста на туѓите каприци, страсти и тврдоглавост.
Вистински значи дека ги откриваш тајните на твоето срце на другиот без страв, затоа што се потпираш на разбирањето, прифаќањето на другиот, на снисходењето,на неговата љубов кон тебе. Вие му верувате на другиот и се отварате кон него без страв, без да се обидувате да ги скриете вашите грешки и недостатоци. Но и разбирање дека може да бидете отфрлени. Ова се случува ако тој во крајна линија навистина не ве сакал, ниту покажал разбирање и снисходење. Само затоа што некој те отфрла, не значи дека секогаш е твоја вина. Може да биде виновна и другата личност - на крајот другиот испаѓа дека постапува кукавички пред твојата искреност, пред твојата искреност кон него.
Ќе напишам повторно: подобро е некој да ме отфрли но да ме познава, отколку да го мамам за тоа кој сум јас, само за тој да остане во контакт со мене. Затоа што, на крајот, односот што се темели на лицемерие и лаги кои доаѓаат со страв од отфрлање и разделување, никогаш не може да оди напред и да нè направи навистина среќни. Запомнете: вистинските односи ги ослободуваат личностите, не користат маски кои им служат на нивната врска. Стравот раѓа најголем неуспех во врската.Светиот апостол Јован ни кажува: „Совршената љубов го отфрла стравот“. Онаму каде постои страв, нема љубов, туку мизерија и негодување, лаги и лицемерие, права и сметки за тоа колку дадовме и колку сме зеле. И таму каде што има љубов, нема страв, туку прегратка на прифаќање и прошка без сметки; постои взаемна љубов и меѓусебно разбирање.

архим. Павел Пападопулос
Превод: Константин Констнантинов
Обработка на македонски: Симеон Стефковски

 

Избор од фб профил на

Simeon Stefkovski

 25ти мај 2020 лето Господово

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3139
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7619
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная