логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Hristos.adot.jpgПросвети ме добри Исусе, со сјајот на внатрешното светло и истерај ја од собата на моето срце секоја темнина. Скроти ги многуте престапи и отклони ги силните напасти. Бори се одлично за мене и истерај ги дивите ѕверови, т.е. замамните пожуди; за да бидам мирен во Твојата добродетел и да одекне изобилна благодарност кон Тебе во светиот двор, т.е. во чистата совест. Заповедај им на ветриштата и бурите, речи му на морето: Смири се! И на северниот ветар: Не дувај! и ќе настане голема тишина. Испрати го Твоето светло и вистина (Пс. 42,3) да светат на земјата, зашто јас сум земја пуста и празна додека Ти не ме просветлиш. Излиј ја одгоре Твојата милост, накваси го моето срце со роса, пушти ја водата на побожноста да го накваси лицето на земјата и да даде обилен и најдобар плод. Подигни го духот, притиснат од тежината на гревот, и насочи ги сите мои желби кон небеските работи. Та откако ќе вкуси од милината на небеската среќа, да замрзи да мисли на земното. Зграби ме и оттргни ме од секоја минлива утеха и било кое создание, зашто ништо создадено не е во состојба потполно да го задоволи мојот копнеж и да ме утеши. Приврзи   ме   за   себе   со   неразврзливата шивата врска на љубовта, зашто Ти единствено си доволен на оној којшто љуби, а без Тебе се е безвредно.
2
Господи, Боже, дај ми Ти што сакаш, колку сакаш и кога сакаш. Прави со мене како што Ти се допаѓа, но така да можеме да Те препознаеме во Твоето дело. Постави ме кајшто сакаш и постапувај со мене според Својата драга волја. Во Твојата рака сум. Прави со мене што сакаш. Твој сум слуга, на се сум спремен. Не сакам да живеам за себе, туку за Тебе и тоа потполно и достојно на Тебе.

 

МОЛИТВА ЗА НАШИТЕ ПОКОЈНИ

Hristos.adot.3.jpgБоже на духовите и на секоја плот, Којшто си ја урнал власта на смртта и владееш над живите и мртвите, извор на привремениот и на вечниот живот, Којшто не ги лишуваш од милоста ни живите ниту мртвите, Христе Спасителу, слушни го молитвениот плач на моето срце и помилуј ја според своето безгранично милосрдие, душата на преселениот од овај свет во невидливиот Твој слуга (или: слугинка) (името), за кого (за која) да се молам ме поттикнува љубовта и, благодарноста за она што ми направиле во во нивниот живот.
Помилуј го (ја), зашто заспа во смртниот сон со спасителна вера во Тебе и на-деж во вечниот живот, помилуј го поради раните и страданијата што Си ги претрпел за сиот човечки род, поради крвта пролеана и поради Твоето понижување... Ти си вечна љубов и благост, Ти си Спасител на човечкиот род и си ветил дека ќе исполниш се што ќе побараме со вера. Со оваа надеж и јас, грешник недостоен за Твое помилување, се осудувам да Те молам, се осмелувам од длабочината на својата душа да викам кон Тебе. Сожали се, Господи, и помилуј го починатиот во смртен сон Твој слуга (слугинка). Можеби и поради моја вина сеуште не стигнал до вечното пристаниште на блажените. Можеби поради моите гревови го отфрлаш од Твоето лице и учеството во нив овде на земјава. Поради Твојата благост и крстните страданија, не земај му ги во предвид тие гревови. Помилуј го, ако по немоќта на грешната природа се отклонил од Твоите патишта и блудел по стрмината на порокот, вовлечен од соблазните на светот. Искупи ги со Твојата крв неговите заблуди и слабости, не споменувај ги гревовите, заборави му ги беззаконијата, награди му ги добродетелите, не оставај ја без возврат ни најмалата усилба да Ти благоугоди. Врачунај му ги, место дела, неговите добри намери през животот, згасни му ја жедта за соединување со Тебе, засити му ја гладта за Твојата правда од плодовите на Твојот дом. Збогати му ја неговата беда од сокровиштата на твоите заслуги. Покриј му ја голотијата со облеката на Твоето оправдание. Овенчај ја неговата желба да се насладува со гледањето на Твоето лице и воведи го во Твоето вечно царство.
Оче на Господа наш Исуса Христа, Оче на шчедростите и на секое милосрдие! Прими ја за задоволување на Твоето правосудие на починатиот од времениов живот со надежта на Твоето милосрдие, жртвата на Твојот единороден Син, човечкиот Спасител. Послушај ги молитвите и прозбите на светата Црква стекната со неговата крв. Прими ја за негово очистување бескрвната умилостителна жртва, принесувана од Црквата врз олтарите подигнати во слава на Твоето име.
Единосуштен на Отецот и Синот, Сесвети Душе, изгори ја со Твојата љубов греовната мртвост на починатиот, отстрани од него секој квасец на земните склоности и навики, разреши го од греовните врвки, очисти го од секоја нечистотија на беззаконието, оживотвори ја наговата смртност со надежта на вечното милосрдие, освежи го со росата на Твојата милост жешкиот пламен на застарените навики, растерај го стравот и ужасите што го збунуваат, смири ги лутите грижи на совеста, утеши го со Твојата благост, и избави го од власта на адот, за да не го проголта преисподната бездна, да не го потопи и не го проголта геената во неизгасливиот оган.
Најмилосрден троичен Боже, упокој ја душата на починатиот во смртниот сон со вера и надеж на Твоето безгранично милосрдие. Направи го учесник на вечното блаженство, упокој го во небеското семејство, кајшто нема тага, солзи, воздишки, за да го опфати радост и вечна веселост. Отвори му ја рајската врата, присоедини го во соборот на Твоите избрани, вдвори го во Твоите светии, да ја види Твојата вечна светлина, да се насладува од гледањето на Твоето лице. Исполни ја врз него Својата милост, јави му го Твојот благослов, та помилван да ја измолува твојата благост и за мое помилување, за и јас да бидам придружен со него во Твоето царство каде што нема тага, ни болест, ни солзи, за и јас да го прославам Твоето безгранично милосрдие, Оче, Сине и Свети Душе. Амин.

 


МОЛИТВА ЗА ХРИСТИЈАНСКО СМИРЕНИЕ hristos.zivottvorec.jpg

Господи, Ти ги гледаш слабостите на моето срце, Ти знаеш колку често се предавам на ѓаволски искушенија и се исполнувам со гордост и надуеност. Мислам за себе повеќе отколку што е потребно, се гордеам пред моите блиски и чекам да ме почитуваат повеќе отколку што заслужувам, а тоа го правам од самољубие. Со мисли, зборови и дела не ја барам Твојата слава, туку своето прославување пред луѓето, затоа, Господи на моето смирение, мојата душа е пуста и моето срце не наоѓа утеха. Ме гризе гордоста на себељубието, не ми дава спокој, ме унижува пред мене самиот, ми ги расипува односите со блиските, ме води кон кавги, неразбирање и ми го расипува животот. Како можам да зстанам пред Тебе или да направам нешто достојно за Твоето величие кога сум оптоварен со мисли и чувства спротивни на Тебе, Господи Велики, Ти ни даде пример на смирение и не поучи да бидеме смирени по срце. Ти се понижи, при-ми образ на човек, за да го спасиш човекот. Твојот земен живот беше подвиг на смирение. Ти им ги изми нозете на Твоите ученици; Ти им послужи на сите и го даде својот живот за спасение на човекот. Со смирение ги претрпе страданијата и крстот. Ни даде пример и поука за смирение: Поучете се од Мене, зашто сум кроток и смирен и ќе најдете спокој на вашите души. Не сум достоен да Ти се обрнувам, Господи, не сум достоен да го носам Твоето свето име, ниту да ги подигам моите очи кон Тебе и да го споменувам Твојот свет знак. Мојата гордост и моето самољубие го оддалечуваат мојот дух од Тебе. Владико Човекољупче, смилувај се над мојата нераскајана душа, ослободи ме од смрдливата гордост, од огнот на надменоста, од црвецот на 'рѓата, од самољубието. Да најде мир мојата душа во согласност со Твојот совршен и божествен дух. Дај ми сила да го победам овој спротивен дух што ме напаѓа и ме измачува, кој ме гони да се гордеам, за да заслужам осуда со него. Поведи ме кон смирение, смирението ќе ме утврди во љубовта кон Тебе, а љубовта ќе ја оправда мојата вера и верата ќе ме спаси. Во Твоето вечно царство направи ме учес-ник преку смирение. Издигни ме од слабости на сегашната духовна состојба, та се што имам и се што ќе имам - добра, чест, знаење, име, положба и се друго во овој свет - да има вредност пред Тебе, Оценувачот на вистинското добро, и да ми послужи за изградување на Твоето царство во човечките души. Ако ми ја дадеш оваа голема милост, Учителу благ, чувај ме од погубно влијание за духовно предимство пред другите, надари ме со смирението на митникот. Боже, биди милостив кон мене грешниот. Амин.


МОЛИТВА ЗА ОТФРЛАЊЕ НА ПОГУБНОТО ВЛИЈАНИЕ НА ЛУКАВИОТ

ГHristos.besedivoadot.jpgосподи Исусе Христе, Боже Спасителу мој! Дај ми мене недостојниот Твој слуга, скрушение и освестување на срцето, за да Ти се молам умилно со чиста молитва, да го истријам списокот на моите гревови. Изгасни го, Господи, огнот на моите страсти и избави ме од неизгасливиот оган! Знам, дека секојдневно и во секој час Те огорчувам и разгневувам, но Твоето долготрпение ќе го надвладее моето лукавство. Господи, Боже на добротата и милосрдието, спаси ме од лукавите мисли, со коишто ме запрашува и навева непријателот, за да ја угнетува мојата душа. Закани му се, Христе, со Твојата сила, којашто им заповеда на морските бранови! Нека се обесили и протера далеку од мене, Твојот слуга. Зашто тој секој ден приложува кон мене нови замисли на своето лукавство, за да завладее со мојот слаб ум, да ме оддалечи од Тебе и од Твоите спасителни заповеди. Многумилостив Владико, Господи, истерај го од мене тој лукав дух со сите лоши мисли и намери, за да Те воспевам и прославувам со Твојот беспочетен Отец и со благиот и живототворен Твој Дух, сега, секогаш и во вечни векови! Амин.


 
  Посети:{moshits}

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3226
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7718
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная