17 час
Дево Владетелке, Богородице, раѓајќи го Творецот и Владетелот на сé видливо и невидливо, едниот од Троица, Богот и човекот, Ти стана живеалиште на Божеството, сместиште на светињата и благодатта, во кое со благоволението на Бога Отецот и содејството на Светиот Дух телесно живееше полнотата на Божеството; Ти имаш предност пред секое создание; Ти си слава и утеха и веселба на ангелите, царски венец на апостолите и пророците, надприродно јунаштво на мачениците, чест слава на преподобните, поборничка во подвизите и подателка на победите, непогрешлива патеводителка, наставничка на молитвеното тихување, двери на откровенијата и духовните тајни, извор на светлината, врата на вечниот живот, непресушна река на милосрдието, неисцрпно море на дарови и чудеса.
Тебе Те преколнуваме, сомилосна Мајко на човекољубивиот Владетел, биди нí милоства нам смирените и недостојните слуги Твои, погледни на смирението наше, развеј ги видливите и невидливите непријатели. Пред лицето на нашите непријатели за нас недостојните биди убиствено оружје, јака одбрана и непобедлива поборничка, за да познаат безакониците дека Тебе и е можно сé што ќе посакаш, Владетелке, да сториш на небото или на земјата, затоа што Ти си навистина Богородица, која си го родила по тело вистинскиот Бог, единствениот Цар и Владетел на сите, Кому Му доликува секоја чест и поклонување, низ сите векови. Амин.
Повеќе:
9ти јуни 2020 лето Госодово